Спорт
Гатузо: Англија-Италија 10:0, кога се работи за бизнисот
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо вели дека италијанските клубови полека во враќаат угледот во европските натпреварувања, но дека англиските клубови победуваат со 10:0 кога се работи за организацијата и бизнисот.
„Росонерите“ ќе се судрат со Арсенал во …


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, вели дека италијанските клубови полека го враќаат угледот во европските натпреварувања, но дека англиските клубови победуваат со 10:0 кога се работи за организацијата и бизнисот.
„Росонерите“ ќе се судрат со Арсенал во Лига Европа утре и поранешниот играч од средниот ред беше запрашан за споредба меѓу Серија А и Премиер лигата.
„Италијанските тимови се враќаат во Европа. Но, денеска споредбата меѓу бизнисот во англискиот и италијанскиот фудбал е 10:0. Тоа што ние го правевме пред 10 години, тие го прават сега. Има многу поголеми имиња во Англија отколку во Италија, но на ваков начин ние дозволуваме младите играчи да растат во Лигата и тоа ми се допаѓа“, вели Гатузо.
На прес-конференцијата беше и Џакомо Бонавентура, кој доби прашање дали би сакал да игра во Премиер лигата. Гатузо не дозволи тој да одговори!
„Оставете го! Џек, не одговарај. Добро му е во Милан, постигнува голови. Зошто би одел во Премиер лигата да го клоцаат“, додаде Гатузо.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Шокираниот Медведев искрши сè по елиминацијата во Вашингтон

Дуелот помеѓу Данил Медведев и Корентан Муте ја донесе најлудата завршница и најлудиот поен на меч топка оваа сезона.
Муте, сензационално го победи Медведев во четвртфиналето на Вашингтон по пресврт и речиси два и пол часа борба со 1:6, 6:4, 6:4.
Апсолутно никој, а веројатно ни самиот Французин, не очекуваше таков исход, особено откако експресно го загуби првиот сет.
Погледнате како се одвиваше последниот поен на мечот.
😱 One of the most DRAMATIC match points you’ll see all year
🇫🇷 Moutet X Medvedev 🇷🇺 pic.twitter.com/FNnB4ACDmu
— Olly Tennis 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) July 25, 2025
Пред поздравот, Медведев лут го фрли рекетот на трибините, а што направи веднаш потоа… Па, погледнете го и тоа.
You can always recognize Russian psychopaths, even when they compete “without a flag.”
Given how fragile the Russian economy is, smashing rackets after humiliating losses has gotten too expensive. So Medvedev switched to bottles instead. pic.twitter.com/sHlx6M10tj
— Victoria (@victoriaslog) July 25, 2025
Спорт
Де Пол ја зголеми аргентинската колонија во Мајами

Родриго Де Пол кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами. Аргентинецот по четири сезони го напушти Атлетико Мадрид, чии дрес го носеше на 187 натпревари.
Де Пол, член на шампионскиот тим на Аргентина од Катар 2022 година, за сума од 15 милиони евра се пресели во Интер. Ја прифати понудата бидејќи соиграч ќе му биде Лионел Меси.
Во текот на кариерата играчот од редот за врска го доби прекарот „телохранителот на Меси“, бидејќи неретко влегува во конфликт со противничките фудбалери, кога неговиот капитен е жртва на брутални стартови.
Де Пол само ја зголеми аргентинската колонија. Покрај Меси дресот на Интер го носат голамнот Устарис, Аљенде, Редондо, а тренер е Хавиер Маскерано.
Фото/ Принскрин
Спорт
Реал го сака Вилијам Салиба

Реал Мадрид наводно не се откажува од Вилијам Салиба и подготвува делегација која ќе преговара со Арсенал во врска со трансферот на францускиот дефанзивец.
Тренерот Чаби Алонсо го промени фокусот откако во клубот се појавија сериозни сомнежи за моменталната ширина на одбраната, особено по лошиот настап против ПСЖ во Њу Џерси на Светското клупско првенство. Според „Кадена СЕР“, Салиба е високо на листата на желби на „кралскиот клуб“.
Играчот на Арсенал остави силен впечаток во април, кога „топџиите“ славеа против Реал на „Сантијаго Бернабеу“, а тој натпревар, според тврдењата на шпанските медиуми, го турна на самиот врв на листата на посакувани засилувања во одбраната.
Иако Салиба има договор со Арсенал до 2027 година, Реал Мадрид нема намера да се откаже. Клубот го гледа како клучна фигура во новата генерација дефанзивци и се подготвува да отвори формални преговори со Арсенал и со самиот играч.
Foto/ EPA