Спорт
„Голема победа на голем празник“: Стефановски со прво место ја отвори сезоната во Европскиот шампионат

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.
„Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1“, напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.
Стефановски во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.
Во Генералниот поредок Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брих: Нејмар е легенда на симулирањето

Нејмар (33) исклучителено талентиран играч и голем глумец на теренот. Поранешниот германски судија Феликс Брих (49) даде интересен одговор на прашање во интервјуто за Фокус Онлајн.
Кога беше прашан кој е најдобар глумец светскиот фудбал, Брих рече: „Денес е потешко за кралевите на симулирањето поради ВАР. Но, во времето пред тоа, знаев кои се моите „стари пријатели“. Тој особено го издвои Нејмар:
„Нејмар беше речиси легендарен во тоа, и сосема со право. Колку повеќе болка му се гледаше на лицето, толку поспокоен бев и ја пуштав играта да продолжи. Играч кој навистина чувствува голема болка веднаш останува да лежи и не се тркала бесконечно по тревата“.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ретеги за 65 милиони евра замина во Ал Кадисија

Најдобриот стрелец во Серија А, Матео Ретеги и официјално е нов фудбалер на Ал Кадисија, потврди клубот од Саудиска Арабија.
Аталанта ќе заработи 65.000.000 евра од трансферот, додека Арапите ќе го покријат и фондот за солидарност на ФИФА, кој се исплаќа на поранешните клубови на играчите со дополнителни 3.250.000 евра.
Со овој трансфер Аталанта го сруши клупскиот и италијанскиот рекорд. Тој стана и најскапиот Италијанец во историјата, соборувајќи го рекордот на Сандро Тонали, кој го напушти Милан и се пресели во Њукасл за 59 милиони евра.
Ретеги беше цел на бројни европски клубови, но ниту еден од нив не можеше да и парира на понудата од Саудиска Арабија.
Аргентинецот со италијански пасош пристигна во Аталанта пред една година од Џенова за 21.000.000 евра.
26-годишниот напаѓач потпиша четиригодишен договор според кој ќе заработува 19.000.000 евра по сезона, седум пати повеќе од платата што ја имаше во Аталанта.
Фото/ Ал Кадисија
Спорт
Дарко Велковски на Грбавица?

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Велковски, кариерата ќе ја продолжи во Железничар, неофицијално дознава „sportsport.ba“.
Според овој извор, детали го делат од потпишување на договор со клубот од „Грбавица“.
Велковски минатата сезона играше за унгарскиот тим Њиреѓхаза, клубот на кој му се приклучи во јануари. Раководството на клубот не го продолжи договорот со него и тој треба да им се придружи на „сините“ од Сараево како слободен играч.
Претходно го носеше дресот на Динамо Букурешт, од каде замина во јули 2024 година. Во текот на кариерата, тој беше дел и од Ал-Етифак од Саудиска Арабија, хрватската Риека, Вардар и Работнички.
Фото/ Принтскрин