Спорт
Градското дерби Работнички-МЗТ не го дочека крајот
Големото дерби на македонската кошарка меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром не го дочека крајот откако беше прекинато на 3 минути пред крајот на третата четвртина со водство од 62:50 за домаќините.
Третата четвртина беше одбележана со два прекини, а п…


Големото дерби на македонската кошарка меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром не го дочека крајот откако беше прекинато на 3 минути пред крајот на третата четвртина со водство од 62:50 за домаќините.
Третата четвртина беше одбележана со два прекини, а по вториот судиите побараа да се испразни делот од трибината каде што беа навивачите на МЗТ, нешто што не се бара првпат на овие „вжештени“ натпревари.
По паузата од 15-тина минути, навивачите на МЗТ уште беа во салата, по што судијата реши мечот да продолжи утре без публика, во уште еден пораз на македонската кошарка.
Фото: МЗТ Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Белингем буквално удри по ВАР-опремата
Реал Мадрид, во саботата доживеа сензационален пораз од Валенсија (1:2) на домашен терен. На осум рунди до крајот на сезоната Реал има четири бода помалку од Барселона.
Во понеделникот, јавноста во Шпанија не зборува за промашениот пенал на Винисиус во 13. минута, ниту пак голот на Уго Дуро од 95. минута со кој победи Валенсија.
Социјалните мрежи го истакнуваат потегот на Џуд Белингем по натпреварот. Фрустриран од поразот, на патот кон соблекувалната, Англичанецот бесот го истури врз ВАР опремата.
Според правилата на Ла Лига, неспортското однесување или „актите на агресија врз опремата“ се решаваат според дисциплинските правила. Доколку се утврди дека играчот намерно го оштетил имотот на лигата, тој може да биде санкциониран со суспензија од еден до три натпревари.
Спорт
Саутемптон, најлошиот тим во историјата на Премиер лигата

Саутемптон оваа сезона не припаѓа во Премиер лигата.
Тотенхем, вчера во 31.коло го победи Саутемптон со 2:1. За „светците“ ова беше 25. пораз во 31. коло од Премиер лигата.
Иако има уште седум натпревари до крајот, Саутемптон и официјално испадна од Премиер лигата. Ова е негативен рекорд, претходно, Дерби Каунти и Ипсвич беа отпишани на шест кола пред крајот на шампионатот во сезоните 2007/08 и 1994/95, соодветно.
До крајот на сезоната фудбалерите на Саутемптон ќе се обидат да избегнат уште еден негативен рекорд, треба да освојат најмалку два бода за да не бидат тимот со најмалку освоени бодови во историјата на англискиот шампионат.
Дерби Каунти од гореспоменатата сезона 2007/08 го држи негативениот рекорд со 11 бода.
Спорт
Хамилтон не е задоволен од болидот на Ферари

Луис Хамилтон скромно ја започна на соработката со Ферари. Со исклучок на победата во спринтот во Кина, седумкратниот светски шампион се соочува со многу проблеми.
Британецот ја заврши трката за Големата награда на Јапонија на само седмото место и со тоа го продолжи лошиот старт на сезоната на италијанскиот тим.
На отворањето на сезоната во Австралија, англискиот возач беше десетти, а во Кина беше дисквалификуван откако инспекцијата утврди дека неговиот болид не одговара на дадените пропорции.
Во Кина дисквалификација доживеа и Шарл Леклер, кој беше осми во Мелбурн и четврти во Јапонија.
Седумкратниот шампион не го крие незадоволството по слабите резултати.
„Првите три трки беа обележани со тимски грешки и лоши перформанси на болидот. Не сум на највисоко ниво, но давам се што можам со она што го имам. Одев најбрзо што можев, но болидот едноставно не е доволно брз. Се надевам дека ќе бидеме поконкурентни во остатокот од сезоната”, изјави Хамилтон.
Следната трка ќе се вози во Бахреин следниот викенд.