Спорт
Десеткуваниот Загреб прегазен во Прешов (видео)
ППД Загреб доживеа тежок пораз од 31:21 (16:10) на гостувањето кај Татран Прешов, за да ја продолжат лошата традиција – немаат ниту една победа во Словачка во историјата на дуелите со Татран, сега под новиот тренер Давор Локавец.
Загреб патуваше на гос…
ППД Загреб доживеа тежок пораз од 31:21 (16:10) на гостувањето кај Татран Прешов, за да ја продолжат лошата традиција – немаат ниту една победа во Словачка во историјата на дуелите со Татран, сега под новиот тренер Давор Локавец.
Загреб патуваше на гостувањето од СЕХА лигата без Златко Хорват, Дамир Бичаниќ, Урх Кастелич и Иван Сршен, во обид на Голужа да ги одмори клучните ракометари пред одлучувачкиот меч од Лигата на шампионите против Мотор следниот викенд.
Ова го искористи Татран на поранешниот хрватски селектор Славко Голужа за да стигне до осмата победа во 11 меча во СЕХА-лигата и да се промовира во еден од најсериозните ривали на Загреб за место на Фајнал фор турнирот.
Бруно Буторац блесна со 9 гола за Татран, а Доминик Крок додаде шест, додека кај Загреб се истакна Јосип Ереш со 8 постигнати гола.
СЕХА ЛИГА, 9.КОЛО
Татран Прешов – ППД Загреб 31:21 (16:10)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Будимир и Осасуна го шокираа Атлетик Билбао
Актуелниот освојувач на шпанскиот кралски куп, Атлетик Билбао, оваа сезона е елиминиран во осминафиналето.
Атлетик на својот „Сан Мамес“ беше поразен од Осасуна со 3:2. Херој на тимот од Памплона е хрватскиот напаѓач Анте Будимир, кој вечерва со два гола ја замолкна популарната „Катедрала“ и го одведе својот тим меѓу осумте најдобри.
Осасуна им зададе тешки удари на домаќините на крајот од првото полувреме. Најпрво во 40. минута Аимар Ороз го постигна првиот гол, а четири минути подоцна Осасуна поведе со 2-0 со голот на Будимир од пенал.
Во судиското надополнување на првото полувреме, домашните успеаја да ја преполоват негативата. Ињаки Вилијамс нафрли, а неговиот брат Нико постигна голот кој ги врати во живот Баскијците.
Билбао успеа да израмни по 10 минути игра во вториот дел кога погоди ветеранот Оскар Де маркос. Сепак конечниот удар на Атлетик му го зададе Будимир во 70.минута.
Пласман во четвртфиналето избори Реал Сосиедад кој го победи Рајо Ваљекано со 3:1.
Сосиедад поведе во 23. минута со голот на Микел Ојарзабал, а во судиското надополнување на првото полувреме Јон Андер Оласагасти зголеми на 2:0.
Во седмата минута од судиското надополнување Рајо ја намали негативата со голот од пенал на Оскар Трехо, но третиот гол на Серхио Гомез за Сосиедад во 79. минута ги реши сите сомнежи за победникот.
Спорт
Спектакл во Мелбурн, 19-годишниот Тиен во пет сета и по пет часа игра го победи Медведев
Данил Медведев, во спектакуларен меч по четири часа и 48 минути загууби во второто коло на Австралија опен од Американецот Лернер Тиен. 19-годиникот победи со 6:3, 7.6, 6:7, 1:6, 7:6. Мечот заврши во три часот наутро по Аватралиско време.
Медведев налета на „тврд орев“ во младиот Американец. Не делуваше добро во првите два сета, но успеа да се извлече во третиот сет, во тај-брејкот спаси меч топка, а потоа со 10:8 ја доби 13.игра и остана во мечот.
Во четвртиот, Тиен под импресија од пропуштената шанса, не постоеше на теренот. Му дозволи на Медведев да се прошета низ сетот и да изедначи на 2:
Драмата колуминираше во сетото на одлука. Медведев на стартото пропушти три топки за брејк, пропушти брејк топка и во петтиот гем. Успеа да му го одземе сревисот на противникот во 11.гем, сервираше за победа, но рускиот тенисер тој гем го одигра ужасно лошо.
Во супер-тај брејкот, Тиен доигра неколу спектакуларни поени, а два пати му го одзеде сервисот на Медведев и дојде до предност 8:7 беше јасно дека е ја забележи најголемата победа во кариерата.
Спорт
Александер Исак во потера по рекордите на Ван Нистелрој и Варди
Њукасл во средата навечер ја забележа деветтата последователна победа во сите натпреварувања, а Александар Исак ја продолжи својата голгетерска серија.
Исак постигна два гола во победата на Њукасл од 3:0 над Вулверхемптон, со што се искачи на третото место на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата со 15 гола.
Пред него се само Ерлинг Халанд од Манчестер сити, кој има постигнато гол повеќе и Мохамед Салах, кој досега постигна 18 голови во Премиер лигата.
Ререзентативецот на Шведкса на последните осум натпревари постигна најмалку еден гол. Беше стрелец против Ливерпул, Брентфорд, Лестер, Ипсвич (три гола), Астон Вила, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Вулверхемптон (два гола)
Само двајца фудбалери имаат подолга голегетерска серија од Исак, Џејми Варди (октомври – декември 2019) и Руд ван Нистелрој (декември 2001 – јануари 2002) имаат по осум последователни натпревари со најмалку еден постигнат гол.
Руд ван Нистелрој постигна гол на десет последователни натпревари, додека рекордер е Џејми Варди, кој постигна гол на 11 последователни натпревари помеѓу август 2015 и ноември 2015 година.