Спорт
Донација на „Спорт лајф“ за деца од социјално ранливи категории и лица со попреченост

Обложувалниците „Спорт лајф“ (Sport Life) посветено го продолжуваат придонесот кон општествено одговорни иницијативи. Во очекување на новата 2025 година, компанијата додели новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост.
По тој повод, беа посетени повеќе институции и домови како: Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“- Куманово, ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, Здружение за ретки болести „Кокичиња“, Центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“ – Волково.
„Им благодариме за убавиот прием, за радоста и насмевките кои ни ги подарија, сите деца и лица од ранливите категории, за нас ова претставува благородна традиција и дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество. Истата со голема радост и задоволство ќе ја продолжиме и во иднина, воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите дечиња и на сите наши граѓани во името на ‘Спорт лајф’ обложувалници“, изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Спорт лајф“.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Доаѓањето на 40-годишниот Модриќ е доказ дека Серија А губи вредност“

Џузепе Марота, претседателот на Интер, во петокот учествуваше на конференцијата на Универзитетот во Милано, на која рече дека италијанската фудбалска лига (Серија А) ја изгубила својата вредност, а како пример го наведе доаѓањето на Лука Модриќ на 40-годишна возраст.
„Серија А ја изгубила својата вредност и станала транзициско натпреварување во кое играчите се само минливи“, рече 68-годишниот Марота. Како пример, тој го наведе летниот трансфер на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ од Реал Мадрид во Милан. „Тој е вистински шампион кој дојде во нашата лига, но на 40-годишна возраст“, забележа тој.
Во својата анализа, тој се осврна и на стадионите во Италија, тврдејќи дека тие се застарени и „не обезбедуваат спектакл кој секогаш треба да биде со висок квалитет“.
„Во Милано ни е потребен модерен стадион со сите услуги“, рече Марота. Тој го наведе новиот стадион на Јувентус во Торино како позитивен случај, додавајќи дека затоа тој ривал има сигурна иднина.
Марота работеше во бројни италијански клубови како што се Јувентус, Сампдорија, Аталанта и Монца. Од 2018 година, тој е претседател на Интер, кој минатата сезона загуби во финалето на Лигата на шампионите со 0:5 од Пари Сен Жермен.
По четири кола од италијанското првенство, Наполи води со максимални 12 бода пред Јувентус и Милан. Интер е десетти на табелата со две победи и два порази.
Спорт
Рафиња во аут три, голманот Гарсија шест недели

Бареселона во раната фаза од сезоната се соочува со бројни повреди. Откако Гави беше опериран, нов удар за тимот е повредата на Рафиња.
Бразиелцот заработи повреда на тетивата и клубот официјално објави дека ќе биде надвор од фудбалот околу три недели. Ова значи дека Рафиња ќе го пропушти дербиот во Лигата на шампионите против ПСЖ на 1 октомври.
По шест лигашки натпревари, Барселона има пет победи и едно реми, односно два бода помалку од лидерот Реал, а пред Барселона во првенството се домашните натпревари против Реал Сосиедад на 28 септември и Џирона на 18 октомври, ќе гостуваат кај Севиља на 5 октомври.
Освен Рафиња, вчера против Овиедо се повреди и голманот Џоан Гарсија. Тој ќе мора да се оперира откако го скина менискусот на левото колено и ќе биде надвор од терените до шест недели.
Добра за тренерот вест е веројатното враќање на Ламин Јамал овој викенд, како и на Алехандро Балде.
Спорт
Гвардиола: Кафу, Занети, Тирам… Вокер е иста класа

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му оддаде почит на својот поранешен играч, Кајл Вокер, пред неговото враќање на „Етихад“ во редовите на Барнли.
Шпанскиот стручњак истакна дека го рангира 35-годишниот англиски бек рамо до рамо со легенди како Кафу, Хавиер Занети и Лилијан Тирам.
„Апсолутно. Тој е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Кога требаше да го контролираме тимот со најдобрите крила, спиев како бебе знаејќи дека Вокер е таму. Со неговата брзина, можеше да ги запре дури и првокласните играчи“, рече Гвардиола.
Вокер помина осум сезони во дресот на Сити, беше и капитен – освои шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и шест домашни купови.
Дел од минатата сезона го помина на позајмица во Милан, а ова лето се пресели во Барнли.
„Неверојатна фигура во соблекувалната, секогаш беше тука и во добро и во лошо. Минатата сезона беше тешка за сите нас, но не сакам да судам за играч само по краток временски период. Тој беше неверојатен за мене“, заклучи Гвардиола.
Сити го пречекува Барнли во сабота во 16 часот.