Спорт
Енрике го објави првиот список како селектор на Шпанија
Луис Енрике го објави списокот на фудбалери за натпреварите во Лигата на Нации. Шпанија во септември ќе игра против Англија и Хрватска. Новиот селектор на „црвената фурија“, за овие две средби не ги повика досега стандардните Жорди Алба (Алба) и Коке (…

Луис Енрике го објави списокот на фудбалери за натпреварите во Лигата на нации. Шпанија во септември ќе игра против Англија и Хрватска. Новиот селектор на „црвената фурија“ за овие две средби не ги повика досега стандардните Жорди Алба (Алба) и Коке (Атлетико Мадрид), а во репрезентацијата го врати Алваро Мората (Челси).
Луис Енрике, со оглед на тоа дека по Светското првенство од националниот тим се повлекоа Андрес Иниеста, Давид Силва и Џерард Пике, повика четворица дебитанти.
Првпат повик во шпанската репрезентацијата добија голманот на Бетис Пау Лопез, односно Диего Љоренте (Реал Сосиедад), Хосе Луис Гаја (Валенсија) и Дани Себалјос (Реал Мадрид).
Интересно, на списокот на Енрике има само двајца играчи од неговиот поранешен тим Барселона.
Шпанците на 8 септември ќе гостуваат во Англија, а три дена подоцна во Елче ќе ја пречекаат Хрватска.
Списокот на Луис Енрике:
Голмани: Давид де Хеа (Манчестер јунајтед), Кепа (Челси), Пау Лопез (Бетис)
Одбрана: Дани Карвахал (Реал), Сесар Аспиликуета (Челси), Раул Албиол (Наполи), Начо (Реал), Диего Љоренте (Реал Сосиедад), Ињиго Мартинез (Атлетик Билбао), Маркос, Алонсо (Челси), Хосе Луис Гаја (Валенсија), Серхио Рамос (Реал)
Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона), Серхи Роберто (Барселона), Родри (Атлетико Мадрид), Саул (Атлетико Мадрид), Тијаго Алкантара (Баерн Минхен), Дани Себалјос (Реал)
Напад: Иско (Реал), Марко Асенсио (Реал), Алваро Мората (Челси), Диего Коста (Атетико Мадрид), Сусо (Милан), Родриго (Валенсија)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мароко по пенал рулетот во финалето на Африканскиот куп на нации
Фудбалерите на Мароко изборија пласман во финалето на Купот на африканските нации, откако ја победија Нигерија (4:2) по изведувањето на пенали. Мароко на тиутла во Африканскиот куп чека 50 години, а последен пат во финалето играше пред 22 години.
Иако овие две селекции постигнаа многу голови во текот на целиот турнир, особено Нигерија, во Рабат, одиграа „тврд“ натпревар. Важноста на дуелот го направи своето, па не е чудно што о 120 минути немаше голови.
И двете селекции пропуштија добри можности на самиот почеток. Прво, Брахим Диас од едната, а потоа и Адемола Лукман од другата страна.
Мароко, поддржан од поддршката од трибините, беше малку поагилен и се закани уште два пати преку Ашраф Хакими и Нусер Мазрауи, но немаше промена во резултатот.
Второто полувреме беше здодевно, а се издвоија само два обида на Абде Езалзули, но Стенли Нвабали ги одбрани двата удари.
Во продолжение каде што немаше шанси, па вториот финалист беше решен во пенал рулетот.
Ролеркостер од емоции доживеаа сите марокански навивачи, бидејќи Хамза Игамане, играч кој играше само една минута на турнирот пред полуфиналето, промаши пенал во втората серија.
Нигеријците не успеаја да ја зачуваат таа предност. Веднаш возврати Чуквезе, во четвртата Бпну на чудесен начин го одбрани пеналот на Ониемеачи, а Ен Несири потоа погоди за голема радост на трибините.
Мароко за титулата ќе се бори против Сенегал. Инаку и двете овие селекции досега само еднаш биле шампиони на Африка.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Сензација, Албасете го елиминира Реал од Купот на Кралот
Второлигашот Албасете креираа сензација во осминафиналето во Купот на Кралот, со победата над Реал Мадрид 3:2.Апсолутен херој на домашниот тим е Хефте Бетанкор, кој постгна два гола, вториот во 94-та беше вистинска минијатура. Албасете во 15-от дуел успеа прв пат да го победи Реал.
Албасете, инаку 17-ти на табелата во Втората шпанска лига, два пати водеше, Реал експресно се враќаше во натпреварот. Се чинеше дека Реал на деботиот на новиот тренер, Алваро Арбелоа ќе избори продолженија, но тогаш на сцена стапи Бетакор кој го постави конениот резултат, 3:2.
Реал доживеа уште еден жесток удар во само три дена, откако беа поразени од Барселона во финалето на Суперкупот, останаа и без тренерот Чаби Алонсо, доживеаја и елиминација од Купот.
Не е изговор за гостите, но мора да се каже дека играа против Албасете без неколку стандардни фудбалери.
Од различни причини отсустваа: Мбапе, Александар-Арнолд, Белингам, Куртоа, Дијаз, Милитао, Карерас, Менди, Родриго, Ридигер и Чуамени.
Инаку, Хави Виљар го постигна првиот гол во 42-та минута, а три минути подцна изедначи Мастантуоно. Албасете предноста ја врати во 82-та минута кога првиот од двата гола го по постигна Бентакор, а изедначи во 91-та Гонзало Гарсија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Арсенал го победи Челзи на „Стенфорд Бриџ“
Фудбалерите на Арсенал се блиску до пласман во финалето, во Лига купот. Вечерва на „Стенфорд Бриџ“, Арсенал го победи Челзи со 3:2, во првиот полуфинален натпревар.
„Тобпџиите“ пев пат победија на теренот на Челзи, во кое било натпреварување од 2022 година.
Актуелниот лидер во Премиер лигата поведе во седмата минута преку Бен Вајт, кој ја искористи катастрофалната реакција на голманот Роберт Санчез.
На стартот од вториот дел, во 49-та минута, Виктор Ѓокереш зголеми резултатот на 2:0.
Помалку од десет минути подоцна, Гарначо им даде надеж на домашните, но тимот на Микел Артета повторно се врати на +2, кога Зубименди постигна гол во 71-та минута.
Се чинеше дека тоа ќе биде сè на овој меч, но незивесноста ја врати Гарначо со својот втор гол во 83-та минута.
На крајот, сепак Арсенал победи, пред реваншот на 3 февруари на „Емирејтс“.
Foto/ EPA

