Спорт
ЕП: Британците „растурија“ во спринтот, Полјаците во фрлачките дисциплини (видео)
Дајна Ашер-Смит победи во трката на 100 метри, додека Жарнел Хјуз го победи својот сонардоник Рис Прескод во машката трка на истата далечина за совршен старт на Британија на ЕП во атлетика во Берлин.
22-годишната Ашер-Смит постави најдобро време оваа с…

Дајна Ашер-Смит победи во трката на 100 метри, додека Жарнел Хјуз го победи својот сонардоник Рис Прескод во машката трка на истата далечина за совршен старт на Британија на ЕП во атлетика во Берлин.
22-годишната Ашер-Смит постави најдобро време оваа сезона и нов британски рекорд од 10.85 за победата, по што 23-годишниот Хјуз постави рекорд на шампионатите од 9.95.
It’s two 100m golds for Great Britain!@zharnel_hughes leads home @rprescod1 for a @TeamGB one-two! pic.twitter.com/WMNNiTG5hz
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) August 7, 2018
„Да се истрча 10.8 на голема трка не е малку. Знаев дека патеката е брза, но нервозата беше голема. Сакав уште подобро време и се надевам дека ќе го остварам оваа сезона. Главната цел останува Токио во 2020“, изјави Ашер-Смит.
Хјуз, веднаш по победата доби честитки и од најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт, кој се јави преку социјалните мрежи.
A British record and a British gold!@dinaashersmith recorded the joint-fasted world time this year of 10:85s to become European champion! pic.twitter.com/YdWpXdmGCz
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) August 7, 2018
Ако Британците имаа свој ден на тартанот, во фрлачките дисциплини вечерта им припадна на Полјаците. Михал Харатик го освои златото во фрлање ѓуле (21.72 метри) пред сонародникот Конрад Буковјецки (21.66), додека Војчех Новицки победи во кладиво (80.12) пред уште еден Полјак, Павел Фајдек (78.69).
Неверојатен последен круг имаше во трката на 10.000 метри, во кој поранешниот јуниорски светски шампион, Французинот Морхад Амдуни го освои златото со 28:11.22, за само 0.54 секунди побрзо од Белгиецот Башир Абди.
A scintillating sprint finish…and then a hug from Berlino the Bear!
France’s Morhad Amdouni wins the first track title of the European Championships in Berlin with gold in the 10,000m in 28:11.22.#EC2018 #TheMoment pic.twitter.com/yWhhqtfXcY
— European Athletics (@EuroAthletics) August 7, 2018
ЕП ВО АТЛЕТИКА, БЕРЛИН
50 КМ БРЗО ОДЕЊЕ (М)
1.Маријан Закалницкиј (Укр) 3:46:32
2.Матеј Тот (Свк) 3:47:27
3.Дмитриј Ѕјубин (Блр) 3:47:59
50 КМ БРЗО ОДЕЊЕ (Ж)
1.Инес Енрикес (Пор) 4:09:21
2.Алина Цвилиј (Укр) 4:12:44
3.Јулија Такач (Шпа) 4:15:22
ФРЛАЊЕ КЛАДИВО (М)
1.Војчех Новицки (Пол) 80.12 м
2.Павел Фајдек (Пол) 78.69 м
3.Бенче Халаш (Унг) 77.36 м
10.000 МЕТРИ (М)
1.Морхад Амдуни (Фра) 28:11.22
2.Башир Абди (Бел) 22:11.76
3.Јеманеберхан Крипа (Ита) 28:12.15
ФРЛАЊЕ ЃУЛЕ (М)
1.Михал Харатик (Пол) 21.72 м
2.Конрад Буковјецки (Пол) 21.66 м
3.Давид Шторл (Гер) 21.41 м
100 МЕТРИ (Ж)
1.Дајна Ашер-Смит (Бри) 10.85
2.Гина Линкенкемпер (Гер) 10.98
3.Дафне Схиперс (Хол) 10.99
100 МЕТРИ (М)
1.Жарнел Хјуз (Бри) 9.95
2.Рис Прескот (Бри) 9.96
3.Јак Али Харви (Тур) 10.01
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ првпат присуствуваше на отворање на Зимски олимписки игри
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, приреди вистинско изненадување појавувајќи се на свечената церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, објавуваат српските медиуми.
🚨 🔉🔊 🇮🇹
– Buonasera, @DjokerNole . Come va?
«Bene, bene.»– Che gliene sembra della serata?
«Uno spettacolo bellissimo, come sempre!»– Lei a Parigi ha conquistato la medaglia d’oro olimpica, l’ha voluta, l’ha cercata…
«Sì, sì.» pic.twitter.com/P0UrKkDLab— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) February 7, 2026
По финалето на Австралијан опен, каде што беше поразен од Карлос Алкарас, Ѓоковиќ решил слободното време, според наводите, да го помине со сопругата Јелена и децата во Италија, уживајќи во олимпискиот спектакл.
Новак ја искористи можноста да ја коментира атмосферата во земјата што му била секогаш драга, истакнувајќи дека ова му е првпат да присуствува на отворањето на зимското издание на Игрите.
“Прекрасен спектакл, како и секогаш. Секогаш е убаво да се биде во Италија. Очигледно е дека Италија е земја на спортот. Очекувавме спектакл и тоа го видовме. За мене ова беше прв пат на церемонијата на отворање на Зимските Олимписки игри и тоа беше голема емоција. Многу сум среќен што го доживеав ова искуство со моето семејство”, рече Ноле за италијанските медиуми.
Иако многумина шпекулираа за крајот на неговата кариера по турнирот во Мелбурн, Ѓоковиќ со својата изјава за Летните олимписки игри во Лос Анџелес 2028 година јасно стави до знаење дека сè уште не планира да се повлече. На прашањето за далечната иднина и настапот во САД, тој одговори:
„Далеку е, да. Во овој период од мојот живот и кариера е далеку, но очигледно е дека имам желба да стигнам таму.“
Исто така, на констатацијата дека сè уште успешно се спротивставува на помладите генерации, Новак со насмевка додаде:
„Да, мора. Во секој случај, човек мора да размислува за себе како за млада личност.“

