Спорт
Залудни 58 поени на Харден, Кајри го реши дербито на Истокот (видео)
Бруклин Нетс во најинтересниот натпревар, одигран изминатата ноќ во НБА лигата, по едно продолжение, го совладаа Хјустон 145:142. На Хјуатон не му беа доволни ниту 58. поени на Џејмс Харден.
Харден погоди 21 од 23.слободни фрлања, пет од 19. обиди за т…

Бруклин Нетс во најинтересниот натпревар, одигран изминатата ноќ во НБА-лигата, по едно продолжение, го совладаа Хјустон 145:142. На Хјуатон не му беа доволни ниту 58. поени на Џејмс Харден.
Харден погоди 21 од 23 слободни фрлања, пет од 19 обиди за три поени завршија во кошот на противникот, а од поле шутира со речиси 50 отсто успешност. Сепак, тоа не беше доволно Хјустон да го избегне 19. пораз во сезоната. Интересно, кошаркарите на Хјустон на овој меч имаа 70 обиди за три поени, а погодиле 23.
Harden is the new King of 50-point games ? pic.twitter.com/6JJlD25qTZ
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 17, 2019
Динвиди и Керол на спротивната страна му парираа на Харден. Динвиди имаше учинок од 33 поени и 10 скока, тој ја погоди тројката за 131:131 на осум секунди до крајот на регуларниот дел, со кој избори продолжение за Брукли. Керол на крајот заврши со 22 поена.
Бостон Селтикс во дербито забележаа победа над Торонто Репторс 117:108. Блескаше плејмејкерот на Бостон Кајри Ирвинг со 27 поени и 18 асистенции. Повеќето од асистенциите одеа кон Ал Хорфорд, кој постигна 25 поени. Најистакнати кај Торонто беа Каваи Ленард со 33 поени, односно Серж Ибака со 22 поена и 10 скока.
Луд натпревар одиграа Голден стејт Вориорс и Њу Орлеанс Пеликанс. Вориорс славеа со 147:140. Стеф Кари постигна 41 поен, Кевин Дурент забележа 30 поени и 15 скока, Клеј Томпсин уфрли 19 поени, два повеќе од Дрејмонд Грин.
Кај Пеликанс, Ентони Дејвис забележа 30 поени и 18 скока, Никола Миротиќ постигна 29 поени, четири повеќе од Џру Холидеј.
Портланд лесно се справи со Кливленд Кавалирс. Портланд славеше со 129:112, а Босанецот Јусуф Нуркиќ го забележа првиот трипл-дабл во кариерата. Нуркиќ имаше по 10 поени, скокови и асистенции.
Лука Дончиќ постигна 25 поени, но не можеше да го спречи поразот на Далас во дербито на Тексас од Сан Антонио. Давид Бертранс и Демар Дерозан постигнаа 18 од последните 30 поени и го однесоа Спарс до победата 105:101.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos

