Спорт
Започна големата наградна игра на „Моцарт“ -„Погоди најголема квота“!
Почна големата наградна игра на „Моцарт“ – „Погоди најголема квота“ која сите со нетрпение ја очекуваа, а овој пат за играчите подготвија и големо изненадување: 4 шанси за 4 автомобили! Играј во „Моцарт“ , погоди најголема квота и освој еден од четирите автомобили:3 x Fiat 500 и 1 x Jeep Compass.
Добитниот тикет со најмалку четири одиграни парови со најголема квота, покрај добивката, ќе биде награден и со еден од автомобилите Fiat 500 или Jeep Compass.
Наградна игра почнува на ден 30.8.2019 во 9:00 часот и ќе трае до 21:00 часот на ден 05.1.2020 година. Ќе се одвива во четири етапи, кои ќе се реализираат на следниот начин:
Во првата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 9:00 часот на ден 30.08.2019 година до 21:00 часот на ден 30.09.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.
Во втората етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 9:00 часот на ден 1.10.2019 година до 21:00 часот на ден 31.10.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.
Во третата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 9:00 часот на ден 01.11.2019 година до 21:00 часот на ден 30.11.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.
Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 9:00 часот на ден 1.12.2019 година до 21:00 часот на ден 5.01.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа.
По завршување на секоја етапа од наградната игра, системот се рестартира при што квотите од секоја завршената етапа не се префрлуваат и не учествуваат во која било следна етапа. Квотите со почеток на секоја нова етапа се бришат.
Минималната уплата по тикет изнесува 20 денари. Во случај двајца играчи да погодат идентична квота, предност има оној играч кој прв го уплатил тикетот. Во пресметка за награда не влегуваат системските тикети и тикетите со еден промашен пар кои остваруваат право на бонусот „Промаши, а наплати“ и Live Bet тикетите.
Целосните правила на игра прочитајте ги ОВДЕ.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.