Спорт
Зибенхофер со втора победа во два дена (видео)
Рамона Зибенхофер цел живот чекаше за својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, а сега оствари два триумфа во два дена!
По победата на спустот во Кортина Д’Ампецо во петокот, 27-годишната Австријка повторно доминираше и во саботата на ист…


Рамона Зибенхофер цел живот чекаше за својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, а сега оствари два триумфа во два дена!
По победата на спустот во Кортина Д’Ампецо во петокот, 27-годишната Австријка повторно доминираше и во саботата на истата патека, но овојпат со далеку помала предност – таа беше само 0.04 секунди пред својата сонародничка Никол Шмидхофер.
Светската шампионка во дисциплината, Словенката Илка Штухец, која вчера беше втора, овојпат беше на третото место со 0.51 секунди. Ова е четврти подиум во низа за Штухец, која се врати оваа сезона на скијањето по сериозната повреда.
Американката Линдзи Вон уште ја нема вратено самодовербата по низата повреди и заостана дури 1.36 секунди послабо време по неколку грешки на тешката патека.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тешки противници за Пелсистер во ЛШ

Шампионот на Максдонија, Еурофарм Пелистер, доби тешки противници во Лигата на шампионите.
Пелистер во сезоната 2025/2026 ќе се натпреварува во Б групата.
Противници ќе му бидат евеопслиот првак Магдебург, Барселона, Висла, ПИК Сегед, ГОГ Гудме, ПСЖ и Загреб.
Сезоната Пелистер треба да ја започне на домашен терен против ПСЖ.
Во А групата ќе се натпреваруваат: Фуксе Берлин, Алборг, Веспрем, Кјелце, Нанат, Спортинг, Динамо Букурешт и Колштад.
Спорт
Го оставија Ѓоковиќ за Синер – сега се разделија со Јаник

Улисес Бадио, физиотерапевт, и Марко Паники, тренер за кондиција, повеќе не се дел од тимот на Јаник Синер.
Веста прв ја објави италијанскиот „Скај Спорт“, со што се потврди раскинувањето на соработката што не траеше ниту една година.
Аргентинецот и Италијанецот се приклучија на тимот на Јаник во септември 2024 година, по неговата разделба со Умберто Ферара и Џакомо Налди поради скандалот со клостебол.
Претходно, Бадио и Паники беа во тимот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Се очекува во следните неколку часа да биде издадено соопштение, во кое ќе се прецизира што довело до разделбата. Во овој момент, италијанските медиуми не можат ни да шпекулираат што би можело да биде причината.
Остеопатот Андреа Чипола, со кого е на Вимблдон, останува во тимот на Синер.
Синер го освои Австралија Опен со Паники и Бадија во тимот на почетокот на годината, по што следеше пораз во финалето на Ролан Гарос. Значи, падот на формата можеме да го отпишеме од листата на причини, анализираат медиумите.
Спорт
Титулата во Шпанија не го спаси Чус Матео, Реал има нов тренер

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео.
Тој беше заменет, а на негово место доаѓа закоравениот Серџо Скариоло, кој со тоа се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во 2000 година.
По заминувањето од Реал, италијанскиот стручњак изгради брилијантна кариера. Како селектор на Шпанија, освои бројни медали, вклучувајќи злато на Европското првенство и Светското првенство во 2019 година.
Тој исто така раководеше со многу клубови од Евролигата, а беше и помошник тренер во Торонто Репторс, со кои ја освои титулата во НБА во 2019 година.
Чус Матео го однесе Реал на покривот на Европа пред две години, минатата сезона го загубија финалето на Евролигата од Панатинаикос, а оваа година не успеа да го однесе тимот до завршната четворка, бидејќи беше поразен од Олимпијакос во четвртфиналната серија.
Неуспехот во Евролигата, како и критиките за неговата нестабилна игра, го чинеа работа.