Спорт
Илчо Ѓорѓиоски повеќе не е претседател на ФФМ, ќе работи во УЕФА
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) остана без претседател откако досегашниот прв човек, Илчо Ѓорѓиоски, ја напушти функцијата. Ѓорѓиоски, заминувањето од функцијата го објави преку писмено соопштение, објавено на интернет страницата на ФФМ.
Прв…

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) остана без претседател кога досегашниот прв човек, Илчо Ѓорѓиоски, ја напушти функцијата. Ѓорѓиоски заминувањето од функцијата го објави преку писмено соопштение, објавено на интернет-страницата на ФФМ.
Ѓорѓиоски прв човек на ФФМ беше шест години, а како најголем успех во својот мандат ќе биде запаметен пласманот на репрезентацијата до 21 година на завршниот турнир на Европското првенство.
Како што објави сега веќе поранешниот претседател, негово следно работно место ќе биде во седиштето на УЕФА, во Нион.
Во целост во го пренесуваме писмото на Ѓорѓиоски.
„Не е едноставно во ваков момент да донесам ваква тешка одлука, но отсекогаш сум повикувал на одговорност пред демагогија.
Мојот следен предизвик и одговорност е УЕФА. Од седиштето на европскиот фудбал, искрено и мотивирано, чесно и одговорно, ќе продолжам да го давам мојот придонес во фудбалот.
Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија го регенериравме крвотокот на македонскиот фудбал и уверен сум дека тој пат мора да се продолжи.
Со фудбалски речник, во овие шест години имавме препознатлива игра, ред и дисциплина, борбен дух и глад за победи. И посед и напад и градење наместо разграбување.
Велат – тивката вода брег рони. Многу одамна јас тоа го сфатив во буквална смисла на зборот. На тој начин работев и се однесував и како фудбалер, и како тренер и како претседател на Фудбалската федерација на Македонија. За мене, тоа секогаш ќе биде и исправно и правилно.
Тој начин на работа ни донесе пласман на Европското првенство, најголеми успеси со младинските национални категории, враќање на довербата во А-репрезентацијата и пласман на ФИФА-листата, кој ќе бележи само напредок, изградба на еден од најмодерните тренинг-центри на Балканот, инфраструктурно подобрување на стадионите во Македонија, континуирана едукација на тренерите и професионални договори за сите селектори во националните тимови, создавање Академија во ранг на најдобрите во Европа, организација на најголемиот спортски настан во македонската историја – Супер купот Скопје 2017.
Ако пред неколку години буквално молевме некој од авторитетите на УЕФА или ФИФА да ни даде поддршка или да стапне на нашиот тревник, денеска со сите нив сме на иста маса и носиме важни одлуки. Се гордеам на сето тоа.
Нема да бидам искрен ако не истакнам дека финансиското работење е голем успех на Федерацијата. Убеден сум дека А-репрезентацијата преку Лига на нациите ќе обезбеди место на Европското првенство, а неминовен ќе биде напредокот, можеби и до 30. место на фамозната листа на ФИФА. На селекторот, на капитенот Пандев и на соиграчите им посакувам среќа и успех.
Кога ќе ги разгледаме извештаите од работата на Управниот одбор и телата на Федерацијата, станува јасно колку голем е обемот на активности на ФФМ. Од стручно селективни процеси до организација на многубројни натпреварувања и натпревари на македонските репрезентации. Оваа Федерација секој ден се грижи за одржување на македонскиот фудбал, а сето тоа немаше и нема да биде можно без одличната и внимателна работа на поединците во многуте тела и оддели во Федерацијата, а секако тоа се однесува и на сите клубови и општински фудбалски сојузи.
На сите што додоа свој придонес во нашата заедничка работа во Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарувам и од срце им честитам на оствареното.
Би сакал да упатам голема благодарност до Управниот одбор на ФФМ, општинските фудбалски сојузи, вработените во администрацијата на ФФМ, до соработниците, медиумите и фудбалското семејство, кои дадоа свој придонес во реализацијата на голем број проекти.
Во изминатата година некои го чистеа здравото од нездравото ткиво во нашиот спорт и тука запираат спортските вредности.
На крајот, можам да ги поднесам сите навреди, сите лаги и невистини што за мене ги ширеа некои од луѓето што 20 години го уништуваа македонскиот фудбал. Можам да поднесам сѐ бидејќи сум чист и ништо кон никого не должам. Должност на секој од нас е да се бори на идните генерации да им ги покажеме вистинскиот пат и правите вредности.
Ни треба радост и барем некаков оптимизам.
За тоа ќе продолжам да се борам.
И сосема е соодветно моето минато во македонскиот фудбал и мојата иднина во европскиот фудбал да ги раздвојам и сооединам на местото од кое се гради иднината на модерниот фудбал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

