Спорт
Интернационалниот ден на фудбалот и пријателството одбележан во повеќе од 50 земји ширум светот, меѓу кои и Македонија
Денес ширум светот се одбележува Интернационалниот ден на Фудбалот и Пријателството. Оваа година, овој ден се одбележа во училишта и спортски академии во повеќе од 50 земји во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка. Во одбележувањето на Интернационалниот ден на Фудбал и Пријателство се приклучија повеќе од 40.000 учесници во рамки на над 200 настани. Во дел од земјите учеснички во проектот се одржаа едукативни сесии и отворени предавања со цел поттикнување на позитивни човекови вредности кај младата популација преку фудбалот и спортските активности. Во Русија, овој интернационален ден беше одбележан во училиштата, фудбалските академии и клубови во единаесетте градови – домаќини на ФИФА Светското Првенство кое се одржа во Русија лани. Активностите кои се реализираат по повод овој ден вклучуваат средби, тренинзи и пријателски фудбалски натпревари во кои учество заземаат Младите Амбасадори – учесници во интернационалната општествено-одговорна програма на компанијата “Газпром“ наменета за деца – „Фудбал за Пријателство“.
Во Македонија, Младите Амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски и Калина Василевска разговараа со децата од Младинската Фудбалска Школа на ФК “Вардар“ за мисијата и деветте вредности кои ги промовира проектот – пријателство, еднаквост, фер-плеј, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Воедно, на средбата присуствуваше и легендата на фудбалскиот клуб “Вардар“ и сегашен тренер на голманите во младинските категории на овој клуб, Слободан Мутибариќ. Тренерот со
Младите Амбасадори и присутните деца го споделија своето лично искуство од теренот напоменувајќи дека спортувањето од рана возраст е важно, но покрај негувањето на талентот и физичката подготовка за професионално развивање како фудбалер, подеднакво важни се и суштинските вредности кои се пренесуваат преку фудбалот. Дополнително, Мутибариќ разговараше со децата за улогата на тренерите преку пренесувањето на вештини за развој на добри спортисти и квалитетни фудбалери, истовремено поттикнувајќи ги да бидат подобри луѓе, тимски играчи, да ги почитуваат останатите без разлика на различностите и да бидат пример за останатите. Како потсетник за секојдневна примена на клучните вредности на овој проект, Младите Амбасадори им подарија на присутните деца Алки на Фудбалот и Пријателството – симбол на проектот и вредностите кои ги поттикнува. Покрај нив, на фудбалскиот терен, во знак на поддршка на проектот, присуствуваа и минатогодишните учесници – Ева Јакимовска и Максим Цониќ.
„Одбележувањето на овој Интернационален ден на Фудбалот и Пријателството е потврда за континуираната потреба на развивање и надоградување на младинскиот спорт, а воедно и можност за потсетување на најважните вредности кои сите ние треба да ги применуваме – на теренот и пошироко. Зачувувањето на традициите, создавањето нови, пренесувањето на искуството и знаењето на новите генерации се само дел од суштинските елементи за професионален развој и успех во секое животно поле.“ – изјави Слободан Мутибариќ.
„За нас, како Млади Амбасадори – учесници во овогодинешната сезона на проектот ‘Фудбал за Пријателство’ е навистина важно да ја пренесеме клучната порака на проектот помеѓу нашите другари, пријатели и познаници. Ни претставува вистинско задоволство да сме вклучени во ваква меѓународна програма, во чии рамки, се надеваме дека ќе допринесеме за поттикнувањето и негувањето на позитивни вредности кај новите генерации во нашата земја.“, изјави Калина Василевска, млад новинар, во име на младите амбасадори.
Интернационалниот Ден на Фудбал и Пријателство (25. Април) за прв пат бил одбележан во 2014 година од страна на младите амбасадори на Интернационалната Детска Општествено-одговорна програма на компанијата Газпром – „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“. Во текот на овој ден сите кои ги поддржуваат клучните вредности презентирани и поддржани од оваа програма, како: еднаквост, почит за другите култури и мир, одржуваат пријателски натпревари, работилници, средби со познати фудбалери и најразлични активности. Дополнително, учесниците во активностите разменуваат сино-зелена Алка на Пријателството, чија сина нишка го симболизира мирното небо, а зелената – фудбалскиот терен, пристапен за секого.
Првиот Интернационален Ден на Фудбалот и Пријателството беше нпретставен од страна на Младите Амбасадори на проектот “Фудбал за Пријателство“, покренат од компанијата Газпром во 2014 година. Од самиот почеток, оваа светска манифестација е поддржана и посетена од голем број познати светски фудбалски ѕвезди како Бранислав Ивановиќ (Branislav Ivanovic), член на репрезентацијата на Србија и одбранбен играч во ФК “Зенит“ од Санкт Петерсбург, неговиот тимски колега – рускиот голман Јури Лодугин (Yuri Lodygin) како и од холандскиот напаѓач Дирк Кујт (Dirk Kuyt) од ФК “Фејенорд“ (Ротердам) и прославениот фудбалски ас од Брегот на Слоновата Коска – Дидиер Дрогба (Didier Drogba), познатиот португалски голман Витор Баја (Vitor Baia) и други ѕвезди.
Започнувајќи од 2013 година, Акционерското Друштво „Газпром“ ја организира Интернационалната Општествено-Одговорна програма за деца „Фудбал за Пријателство“. Клучните вредности промовирани од учесниците во програмата вклучуваат пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. “Фудбал за Пријателство“ е подржан од ФИФА, УЕФА, Интернационалниот Олимписки Комитет, Фудбалските Федерации од различни држави, Интернационални Детски Добротворни Фондации, како и од светските водечки фудбалски клубови. Во текот на изминатите шест сезони проектот обедини над 5.5 илјади учесници, а истиот е следен од повеќе од 4.5 милиони луѓе, меѓу кои и познати спортисти, уметници и авторитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пресврт, Влаховиќ сега сака да остане во Јувентус
Душан Влаховиќ сериозно размислува за продолжување на договорот со Јувентус. Овие информации ги пренесоа неколку италијански медиуми.
По месеци шпекулации за неговото заминување, се чини дека српскиот репрезентативец се уште не донел одлука да го напушти Торино, напротив, сите опции сè уште се разгледуваат, а самиот играч покажал интерес да го продолжи договорот.
„Соработник близок до менаџерот на фудбалерот, открива дека Влаховиќ покажал интерес за продолжување на соработката“, вели италијанскиот новинар Даниеле Лонго, потврдувајќи дека самиот Влаховиќ ја разгледува опцијата за нов договор.
Оваа перспектива го менува претходниот наратив, дека напаѓачот нема намера да остане во Јувентус.
Влаховиќ во моментов с годишна плата од 12 милиони евра е најплатениот играч во клубот и еден од најплатените во Серија А. Јувентус му нуди нов, повеќе годишен договор, со помала плата, што барем досега играчот и неговиот менаџер го одбија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син
Ужасни вести ни доаѓаат од хокеарски натпревар од Соединетите Американски Држави.
Според американските медиуми, на хокеарскиот натпревар во Род Ајленд се случила страшна пукотница во која три лица ги загубиле животите, а неколку лица биле хоспитализирани.
Натпреварот се одржал во Потакет, Род Ајленд, а се натпреварувале две средни училишта.
Инцидентот се случил на трибините за време на натпреварот кога таткото на еден од играчите дошол вооружен и ја застрелал мајката на своето дете, а во таа прилика тешко ранил уште четири лица.
Едно лице починало на пат кон болница, три лица биле хоспитализирани, а починал и напаѓачот, па иако не е наведено како, се верува дека станува збор за самоубиство.
Спорт
Сензација на ЗОИ, златен медал за 41-годишна Американка
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина донесоа низа неверојатни моменти, а еден од најголемите се случи во понеделникот, во женскиот монобоб.
Американката Елана Мејерс Тејлор го освои златниот медал, со што се запиша во историјата како најтрофејна зимска олимпијка во историјата на американската репрезентација, но и како најстарата Американка со злато на Зимските олимписки игри.
Четириесет и едногодишната Мејерс Тејлор победи со вкупно време од 3:57,93. Во неизвесен финиш, таа беше побрза од Германката Лаура Нолте, која го освои среброто со разлика од само четири стотинки (3:57,97). Бронзениот медал ѝ припадна уште една Американка, Кајли Армбастер Хамфрис, чие време беше 3:58,05.
Со освојувањето на златниот медал, Мејерс Тејлор се израмни со легендарната брзолизгачка Бони Блер како најтрофејна американска спортистка на Зимските олимписки игри. Двете сега имаат по шест олимписки медали. Во исто време, Мејерс Тејлор стана најстарата Американка во историјата што освои златен медал на Зимските олимписки игри.
Мејерс Тејлор освои медали на сите Зимски олимписки игри на кои учествувала од 2010 година. Во Ванкувер 2010 година, таа освои бронза со Ерин Пак, а потоа две сребра во боб со две седишта – во Сочи 2014 година со Лорин Вилијамс и во Пјонгчанг 2018 година со Лорен Гибс. На Игрите во Пекинг во 2022 година, таа освои сребро во боб со едно седиште и бронза во боб со две седишта.
Foto/ EPA

