Спорт
И Алиоски се „разбуди“ за победа на Лидс по четири меча
По Александар Трајковски, кој даде гол и имаше асистенција за Палермо во Серија Б, и Езѓан Алиоски се „разбуди“ постигнувајќи го победничкиот гол за 2:1 триумф на Лидс над тимот на Барнсли во англискиот Чемпионшип.
Лидс на „Еланд роуд“ поведоа уште во …

По Александар Трајковски, кој даде гол и имаше асистенција за Палермо во Серија Б, и Езѓан Алиоски се „разбуди“ постигнувајќи го победничкиот гол за 2:1 триумф на Лидс над тимот на Барнсли во англискиот Чемпионшип.
Лидс на „Еланд роуд“ поведоа уште во 17. минута преку Том Пирс, но до крајот на полувремето беше 1:1, откако Педи О’Конорс и постигна автогол во 36. минута. Алиоски го постигна одлучувачкиот гол во 50. минута од мечот, за Лидс да победат првпат по четири натпревари.
По одличниот старт на сезоната за Алиоски и за Лидс, дојде пад во формата, смена на тренерот и клубот е на 12. место во лигата, без шанси да се бори за плеј-оф за влез во Премиер лигата. Со победата, според англиските медиуми, Алиоски му ја спаси клупата на Пол Хекингботом, бидејќи менаџерот не успеа да го крене нивото на тимот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челзи победи во Барнли, блескаше Педро Нето
Фудбалерите на Челзи, славеа во Барнли (2:0), во првиот натпревар од 12-то коло во Премиер лигата. „Сините“ славеа победа со головите на Педро Нето и Енцо Фернандес. Челзи, по некомплетното коло, скокна на второто место со 23 бода, Барнли остана на 17-та позиција со 10 поени.
Во отсуство на Кол Палмер, Челзи го предводеше Португалецот Нето. Тој беше двигателот на сите акции на „сините“. Го постигна првиот гол во 37-та минута, по акција која тој ја започна, а потоа добро реагираше со глава по центаршутот на Гитенс.
Португалецот можеше да стави точка во средишницата на вториот дел, но неговиот удар заврши во стативата.
Победата на Члези ја потврди, Енцо Фернандез во 88-та минута, откако добро ја испрати кацијата на Марк Гиу.
Спорт
Заинтересираните клубови ги дознаа барањата на Левандовски
Роберт Левандовски веќе има понуди од други клубови, бидејќи мали се шансите да остане во Барселона по завршувањето на сезоната.
Впечатокот е дека најконкретен во овој случај е Фенербахче, кој сака да ја прекине доминацијата на Галатасарај во домашното првенство.
Ако некој знае како да освојува трофеи, тоа е Роберт Левандовски. Иако е во ветеранските години, тој сè уште е на исклучително високо ниво, постигнува голови, а тоа е она што е она што му е потребно на клубот од Истанбул.
Според турските медиуми, полскиот напаѓач сака да потпише договор на две и пол години и тоа е неговиот главен услов за преселба во Фенербахче, бидејќи парите веројатно нема да бидат проблем.
Овие извори тврдат дека, Фенербагче му нудат договор на година и пол, но се очекува претставниците на Левандовски да продолжат со преговорите во наредните месеци за да постигнат договор.
Спорт
Винисиус ќе го продолжи договорот со Реал
Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор течат во позитивна насока. Како што објави „Ас“, крилниот напаѓач наскоро ќе потпише нов договор со „Кралскиот клуб“.
Преговорите, кои во еден момент замреа се поместија од „мртвата точка“. Винисиус беше незадоволен од третманот што го има и од финансиските услови. Се шпекулираше дека сигурно ќе го напушти Мадрид, пред сè поради примамливата покана од Саудиска Арабија.
Договорот на Винисиус истекува во летото 2027 година, и се очекува дека продолжувањето на соработката официјално ќе биде објавено наскоро, бидејќи дури и Реал тешко може да си дозволи да го изгуби еден од најдобрите играчи на планетата.

