Спорт
И Ариго Саки се „сврте“ против ПСЖ
Тренерската легенда, Ариго Саки е последниот кој се вклучи во критиките кон Пари Сен-Жермен и нивниот однос кон фудбалот, кон Нејмар и последиците кои ги носи тој однос.
71-годишниот Италијанец честопати во својата кариера имаше уникатни ставови кон фу…

Тренерската легенда, Ариго Саки е последниот кој се вклучи во критиките кон Пари Сен-Жермен и нивниот однос кон фудбалот, кон Нејмар и последиците кои ги носи тој однос.
71-годишниот Италијанец честопати во својата кариера имаше уникатни ставови кон фудбалот, и овојпат не го штедеше ПСЖ во интервју со францускиот весник „Л’Екип“. ПСЖ загуби во двобојот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и Саки е разочаран.
„Најмногу разочаруваше нивниот однос. Очекував многу повеќе агресивност и интензитет од нив. Не знам што се случуваше во нивните умови, но секогаш сум го сметал Унаи Емери како многу добар тренер, по што ни останува едно прашање. Дали играчите го слушаат? Ова е како сценарио за филм. Ако сценариото е лошо, тогаш добрите актери не се доволни да направат голем филм. Тренерот мора да биде следен да имаме добар тим“, вели Саки.

ПСЖ потроши стотина милиони долари на засилувања, вклучувајќи го Нејмар за кого платија 222 милиони евра. Саки вели дека потребно е повеќе од феномен како Нејмар доколку сакаат да ја освојат Лигата на шампионите. Бразилецот беше отсутен од вториот натпревар откако го скрши стапалото и замина на операција дома, по што најверојатно ја пропушта целата сезона на ПСЖ.
„Еден играч, колку и да е силен, не е проект. Нејмар не е проект! Милан ја освоија Серија А во 1988 со Марко ван Бастен, кој само што дојде во тимот и одигра само три комплетни натпревари од 30. Да го направевме проектот Ван Бастен немаше да освоиме ништо. Го освоивме европскиот куп со Руд Гулит во 1990 и знаете колку натпревари играше тој? Еден од девет. Ја победивме Барселона во суперкупот без Франко Барези, Карло Анчелоти и Гулит. Нема музика без ноти. Драматургот Бертолт Брехт изјави дека дури и на најголемите актери им е потребен режисер. Со тие пари кои ги потрошија, кога парижаните ќе имаат добра организациај ќе одат напред. Потребни им се јасни идеи и планови“, додава Саки.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еквадорецот го воодушеви Артета, Арсенал ќе го откупи договорот на Инкапие
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, даде „зелено светло“ за активирање на клаузулата со која Пјеро Инкапие (24) официјално ќе стане играч на „Топџиите“.
Еквадорскиот дефанзивец пристигна во Лондон ова лето како позајмен од Баер Леверкузен за 6.000.000 евра, се покажа добро и кога ќе започне летниот преоден рок, Арсенал ќе го откупи за 52.000.000 евра.
Инкапије е универзален дефанзивец, може да ги покрие сите позиции во задната линија, а Артета го користи најмногу на позицијата лев бек.
Тој ја искористи својата шанса додека Рикардо Калафиори беше повреден, се етаблираше во стартната постава, а викендот доби предност пред закрепнатиот Италијанец во дербито против Тотенхем, кое Арсенал го доби со 4:1.
Како дел од договорот за позајмица, веќе е договорен петгодишен договор што Инкапије ќе го потпише. Германскиот клуб ќе задржи 10 отсто од секој иден трансфер.
Артета неодамна ги пофали квалитетите на Инкапије.
Арсенал моментално е лидер во Премиер лигата со пет бода повеќе и натпревар повеќе од Манчестер Сити, ќе играат против Сити во финалето на Англискиот Лига Куп, а исто така се квалификуваа и за осминафиналето на Лигата на шампионите и завршницата во ФА Купот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мадрид на нозе поради Бенфика, на Јувентус му треба чудо
Вечервашните реванши од плејофот во Италија, Шпанија и Франција ќе ги пополнат преостанатите места во првата „вистинска“ нокаут рунда од елитното натпреварување, познато како Лига на шампиони.
Апенините ќе „горат“ поради Јувентус и Аталанта, со мала надеж дека претставниците на Серија А ќе ја избегнат резултатската гилотина, бидејќи опстанокот во најсилното натпреварување на УЕФА им виси на двата клуба.
Јувентус е во особено тешка ситуација, откако минатата недела го напушти Истанбул со пет гола во мрежата.
Прогнозите се дека Јувентус треба да одигра идеален натпревар или да Галатасарај треба да има многу лош ден.
Во слична позиција е и Аталанта, најмногу поради тоа што во Дортмунд изгледаше многу лошо. Борусија во Бергамо брани предност од два гола.
Доколку два та клуба вечерва испаднат, тоа ќе биде вистинска катастрофа за Серија А, откако синоќа сензационална елиминација од Боде/Глимт доживеа Интер.
Реал Мадрид има минимално водство по првите 90 минути, противБенфика, иако покажаа повеќе од она што резултатот го покажува од гостувањето во Лисабон.
Фудбалската јавност е љубопитна да види како домашната публика ќе ги пречека гостите од Лисабон, откако нивниот играч Винисиус беше жртва, како што тој тврди, на расистичка навреда на „Ла Луж“.
Бенфика ќе биде без тренерот Жозе Мурињо и Џанлука Престијани, кој доби суспензија од УЕФА, токму поради поплаките од Винисиус и Мбапе.
Минатата недела, актуелниот европски првак ПСЖ, надомести минус од два гола во Монако, поради што во реваншот влегува како апсолутен фаворит.
Денот во Лигата на шампионите ќе го отвори дуелот Аталанта-Борусија, во 18.45 часот, сотанатите три натпревари ќе започнат во стандардниот термин од 21 часот.
Спорт
Две жени добиваат кривина во „Алберт Парк“
За прв пат во историјата, две жени ќе го добијат своја кривина во Формула 1, а честа им припаѓа на тркачката инженерка на Естебан Окон, Лаура Милер, и шефицата за стратегија на Ред Бул, Хана Шмиц.
Како дел од прославата на Меѓународниот ден на жената, кривината 6, на патеката „ Алберт Парк“ ќе ги носи имињата на Лаура и Хана на денот на Големата награда на Австралија, со која започнува овогодинешното првенство во Формула 1, но и нова ера во спортот.
Сè ќе биде организирано во рамките на иницијативата „Во нејзиниот агол“, која е дел од партнерството помеѓу компанијата „Engineers Australia“ и организаторите на Големата награда на Австралија со цел да се инспирира следната генерација инженери.
Милер стана првата жена тркачка инженеркам, во историјата на Формула 1, кога ја презеде улогата по доаѓањето на Окон во Хас.
Францускиот возач постојано нагласуваше дека е задоволен што соработува со Лаура и дека нејзиниот напредок во кариерата е исклучително импресивен.
Шмиц соработуваше со голем број возачи откако се приклучи на Ред Бул, а таа одигра голема улога во освојувањето на титулите на Макс Ферстапен во 2022 и 2023 година благодарение на нејзините стратегии.
Големата награда на Австралија на патеката „Алберт Парк“ се одржува на 8 март, но акцијата во Мелбурн започнува два дена порано.

