Спорт
И Мораeш ќе си оди од Вардар
Бразилецот Рожерио Мораеш по завршувањето на сезоната ќе ги напушти редовите на македонскиот ракометен шампион Вардар.
Се шпекулира дека Мораеш кариерата ќе ја продолжи во Унгарија, во редовите на Веспрем, каде на почетокот на сезоната замина голманот …
Бразилецот Рожерио Мораеш по завршувањето на сезоната ќе ги напушти редовите на македонскиот ракометен шампион Вардар.
Се шпекулира дека Мораеш кариерата ќе ја продолжи во Унгарија, во редовите на Веспрем, каде на почетокот на сезоната замина голманот Арпад Штербик.
Мораеш, од крајот на минатата година се наоѓа на рехабилитација поради операцијата на коленото. Поради повредата тој не беше дел од бразилската репрезентација која имаше одлични настапи на Светското првенство.
Бразилецот е член на Вардар од сезоната 206/2017. Во Скопје тој пристигна од германскиот гигант Кил. Даде значаен придонес во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.
Мораеш е уште еден играч од шампионската генерација на „црвено-црните“ што ќе го напушти тимот. Претходно од Вардар си заминаа Абутовиќ, Циндриќ, Душенбаев, Штербик, Македа, Канељас, Марсениќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хетафе ја запре Барселона, Гави на противниците им посака да испаднат од Примера
Барселона, синоќа не успеа да го победи Хетафе. Натпреварот на „Алофонсо Перез Колосеум“ во Мадрид заврши 1.1.
Фрустриран од новиот кикс, играчот на Барселона Гави им посакал на играчите на Хетафе да испаднат од Примера.
Ова го тврди фудбалерот на Хетафе, Хуан Иглесијас.
На медиумкте Иглесијас им открил дека шпанскиот репрезентативец го кажал додека ја покривал устата со рака за да не можат камерите да го снимат она што го зборува.
„Воопшто не ми се допаѓа тоа што го направи. Мислам дека тоа не беше соодветно. Тој ја покри устата со раката и рече дека сака да испаднеме, да играме во Сегунда. Му реков дека ако е толкав мангуп кога ова го зборува, треба да ја тргне раката и да го каже тоа за сите да го слушнат. Тоа навистина не беше фер“, рече Иглесијас.
Медиумите во Шпанија пишуваат и дека на натпреварот со Хетафе, на кој неговиот тим освои само еден бод, Гави неколку пати ги провоцирал противниците.
„Кој си ти, кој си ти? Соберете се вие сте ужасен си”.
Хетафе моментално го зазема 16. место во Примера со 20 бодови од исто толку одиграни натпревари, што е само бод повеќе од Еспањол, кој е прв во опасната зона.
🎙️ Juan Iglesias, con @GemmitaSantos, en @tjcope
😳 "Gavi nos ha dicho 'A segunda, a Segunda'"
🫢 "Encima se tapaba la boca; yo le decía que si era tan mayorcito para decirlo, que se quitara la mano"
😤 "Es lo que más les hace rabiar, que nunca se llevan los 3 puntos de aquí" pic.twitter.com/gPEVf3bbNe
— Tiempo de Juego (@tjcope) January 18, 2025
Спорт
Ракометниот Мундијал заврши за Лука Циндриќ
Во пресрет на втората фаза на 29.Светско првенство во ракомет, селекторот на Хрватска Дагур Сигурдсон се соочува со големи проблеми.
Откако вчера беше објавено дека Мундијалот заврши за капитенот Домагој Дувњак (36), поради повредата на потколеницата, претпладнево Сигурдон објави дека Светскоот првенство заврши и за Лука Циндриќ.
Слекторот потврди дека Циндирќ не може да игра поради повреда, без да прецизира за каква повреда се работи.
Сигурдсон по повредата на Дуњак го повика и поранешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ, се уште не е познато дали ќе пријави нов игра на местото на Циндриќ.
Циндриќ во кариерата настапуваше за Карловац, Металург Скопје, Вардар, Кјелце, Барселона и Динамо Букурешт, а од оваа сезона го носи дресот на Веспрем.
Спорт
Ѓоковиќ го победи Лехечка, во четвртфиналето го чека Алкараз
Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен. Таму противник ќе му биде Шпанецот Карлос Алкараз.
Ѓоковиќ во три сета, по два часа и 40 минути игра, го совчада Јиржи Лехеќка со 6:3, 6:4, 7:6 (4).
Неговиот пласман во четвртфиналето значи дека по 15-ти пат ќе игра меѓу осумте најдобри, што е рекорд. Ова беше втор дуел на српскиот и чешкиот тенис по оној на Јунајтед купот и втор триумф за Ѓоковиќ.
На крајот Ѓоковиќ не даде интервју на теренот. Го зеде микрофонот од Џим Куриер и рече: „Ви благодарам што сте тука, што уживате во овој спорт. Ви благодарам многу“.
Десеткратниот шампион е лут на константните провокации од поединци од почетокот на турнирот.
Српскиот тенисер во четвртфиналето на првиот сезонски Грен слем турнир ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз. Британецот Џејк Дрејпер му го предаде мечот при резултат 7:5, 6:1.
Ѓоковиќ и Алкараз одиграа седум меѓусебни дуели, а српскиот тенисер води со 4:3 во победи. Последен пат се сретнаа во финалето на Олимписките игри во Париз, Ѓоковиќ победи со 7:6, 7:6.