Спорт
Клоп: Вака се игра фудбал
Ливерпул стекна голема предност по првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите против Манчестер сити. Синоќа на „Енфилд“, Ливерпул за 30 минути успеа да постигне 3:0.
„Првото полувреме беше брилијантно. Така треба да се игра фудбал. Знаевме…


Ливерпул стекна голема предност по првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Манчестер сити. Ливерпул синоќа на „Енфилд“ за 30 минути успеа да постигне 3:0.
„Првото полувреме беше брилијантно. Така треба да се игра фудбал. Знаевме какви се квалитетите на Сити, но бевме свесни и за нашите“, рекол Јирген Клоп.
„Одлично ја браневме нивната пас-игра. Сакав да играме уште фудбал, но не сум лут поради тоа. Изгубивме еден играч (Салах) поради повреда и еден поради жолти картони (Хендресон). Тоа не е добро. Мо рече дека се чувствува добро, но тоа дополнително ќе го провериме“, завршил менаџерот на Ливерпул.
фото: EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Мурињо ја одржа најтажната прес конференција во кариерата

Португалскиот фудбал, вчера, доживеа нова трагедија. На 54-годишна возраст почина чегендарниот капитен на Порто, Жорге Кошта.
Кошта почина откако доживеал срцев удар по појавувањето во ТВ емисија, а лекарите не успеаја да го спасат по хоспитализацијата.
Португалецот беше легендарниот стопер и капитен на Порто, кој го предводеше тимот до титулата во Лигата на шампионите во 2004 година, кога „Змејовите“ сензационално стигнаа до врвот на Европа.
Кошта беше и репрезентативец на Португалија, за која играше 50 пати, а за Порто имаше речиси 400 настапи.
Веста за неговата смрт особено тешко го погоди Жозе Мурињо, португалски стручњак кој долго време работеше со Кошта и беше тренер на Порто во споменатата 2004 година.
Мурињо ја одржа својата најтажна прес-конференција во кариерата, на која не можеше да ги запре солзите. Тренерот им се обрати на новинарите пред мечот на Фенербахче Феенорд во Ротердам вечерва.
Мурињо добар дел од своето обраќање му го посвети на својот починат пријател.
Спорт
Натпреварот Шкендија-Карабаг во сенка на националистичките скандирања

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Првиот пораз на Шкендија оваа сезона во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, мина во знакот на националистичките испадни на трибините.
Шкендија загуби од Карабаг со 0:1. Бајрамов го постигна единствениот гол од пенал во 18.минута, откако претходно Вебстер направи наивен прекршок на линијата од 16 метри.
Она што требаше да биде спектакл се претвори во испраќање политички и националистички пораки. Навивачката група „Балисти“ го почна скандирањето, со испраќање на националистичките пораки, кое потоа беше прифатено од најголемиот дел од гледачите на стадионот.
Од трибините се испраќаа пораки за „Илирида“, повици за „Голема Албанија“, „Чемерија“…
Сега на потег се МВР и Ообвинителството. Се очекува брза реакција, како во случајот од пред неколку дена кога имаше националистички скандирања на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија.
Спорт
Јунајтед не го дава Магваер

Иако Хари Магваер има уште една година од договорот, Манчестер јунајтед не размислува да го прдаде искусниот дефанзивец.
Според „Мејл Спорт“, клубови од Премиер лигата и Серија А изразиле интерес за него, но „Црвените ѓаволи“ без размислување ги одбиле понудите.
Договорот на искусниот стопер истекува следното лето, а двете страни сè уште не седнале да преговараат за продолжување на соработката, но Магваер изразил желба да остане.
Неговиот статус се подобри со доаѓањето на Рубен Аморим, бидејќи беше на излезна врата до неговото доаѓање и речиси се пресели во Вест Хем.
Турските гиганти, како и Марсеј и Монако, исто така се заинтересирани за Магваер.
Фото/ Принскрин