Спорт
Клоп: За цената на Алисон зборуваат само тие кои не се за Ливерпул
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека 65-те милиони фунти кои неговиот тим ги даде за голманот на Рома, Алисон Бекер се „приказна“ за само тие кои не се за неговиот клуб и нема да влијаат на игрите на Бразилецот.
Вчера, по комплетирањето на тран…

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека 65-те милиони фунти кои неговиот тим ги даде за голманот на Рома, Алисон Бекер, се „приказна“ за само тие кои не се за неговиот клуб и нема да влијаат на игрите на Бразилецот.
Вчера, по комплетирањето на трансферот од 65 милиони фунти и потпишувањето на шестгодишниот договор, Алисон стана најскапиот голман на светот, иако Рома претходно бараа 75 и дури 90 милиони фунти.
Ова доаѓа откако Ливерпул плати 75 милиони фунти во јануари за Виргил ван Дајк од Саутемптон за да го направат најскапиот дефанзивец на светот, и Клоп сега се правда дека парите не се најважни.
„Тој е стабилна личност. Не се работи за цената што сакаме да ја платиме, туку за цената што пазарот ја побарува. Таква е ситуацијата и немам проблем со тоа. Приказната е голема за тие надвор од клубот, ние не размислуваме многу за тоа иако ни се јасни коментарите. Сега имаме уште еден прекрасен фудбалер во клубот и тоа е најважното“, вели Клоп.
Алисон може да биде последното засилување на Ливерпул ова лето, откако претходно тимо ги купи Фабињо, Наби Кеита и Џердан Шаќири, иако уште се преговара за Набил Факир од Лион.
When your first @LFCTV interview gets interrupted by the boss! ??https://t.co/hWeZgjkbRw pic.twitter.com/86SHqpfa3M
— Liverpool FC (@LFC) July 19, 2018
Клоп си ги „изеде зборовите“ – лани 100 милиони беа многу пари за еден играч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

