Спорт
Коло на црвени картони и првиот триумф на Арсенал (Видео)
Фудбалерите на Арсенал ја забележаа првата победа во сезоната, откако во лондонското дерби, одиграно во рамките на третото коло го совладаа Вест Хем 3:1. Попладневните натпревари од третото коло минаа во знакот на големиот број на црвени картони.
Арсен…

Фудбалерите на Арсенал ја забележаа првата победа во сезоната, откако во лондонското дерби, одиграно во рамките на третото коло го совладаа Вест Хем 3:1. Попладневните натпревари од третото коло минаа во знакот на големиот број на црвени картони.
Арсенал лошо го започна градското дерби, Вест Хем по акцијата на Андерсон и Арнаутовиќ постигна гол во 25.минута. Пет минути подоцна Монреал ја заврши акцијата на Мхитаријан и Белерин со гол.
Во финишот на првиот дел Вест Хем пропушти две добри шанси да ја врати предноста.
Во вториот дел два тима пропуштија шанси за гол, а кога погодок не постигнаа напаѓачите, Диоп во 70.минута со авто-гол му донесе водство на Арсенал.
Вест Хем најдобрата шанса за израмнување на имаше преку Лукас Перез, а конечните 3.1 ги постави Велбек во 93.минута.
На мечот Борнмут-Евертон беа видени четири гола и два црвени картони. Евертон водеше со играч помалку преку Волкот, а откако домаќинот остана со играч помалку гостите преку Кин постигнаа уште еден гол. До крајот на натпреварот Борнмут стигна до бод со головите на Кинг и Аке.
Лестер, со пресврт и играч помалку, успеа да ги однесе бодовите од Саутемптон. Бертранд го постигна голот за домашниот тим, потоа израмни Греј, а репрезентативецот Мегвајер во 92.минута им ги донесе бодовите на „лисиците“.
Хадерсфилд и Кардиф одиграа лош натпревар без голови и ги потврдија прогнозите дека се меѓу главните кандидати за испаѓање од лигата. Хадерсфил мечот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Хог.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гисин го повреди ‘рбетот, ги движи рацете и нозете по операцијата
Швајцарската скијачка Мишел Гисин доживеа тежок пад за време на тренингот во четврток, а еден ден подоцна информациите за повредите воопшто не се охрабрувачки.
Двократната олимписка шампионка се здоби со сериозни повреди кога со полна брзина се удри во заштитна ограда за време на тренингот во Сант Мориц, пред да биде запрена од следната ограда. Прва помош ѝ беше укажана на патеката, а потоа беше пренесена со хеликоптер во болница, а оттаму во специјализирана клиника во Цирих.
Еден ден подоцна, вестите не се добри, но не се драмтично лоши. Во четврток вечерта, Гисин имаше операција на цервикалниот дел од ‘рбетот, а како што е потврдено, по операцијата, која помина добро, таа може да ги движи рацете и нозете.
Покрај повредата на цервикалниот дел од ‘рбетот, Гисин се здоби и со повреди на зглобот на десната рака и левото колено, но како што изјави Швајцарската скијачка федерација, тие повреди засега не се оценети бидејќи беше итно да се реагира на повредата на ‘рбетот.
32-годишната Гисин освои златни медали во комбинација на Олимписките игри во 2018 и 2022 година.
Неверојатно, таа е веќе третата швајцарска олимпијка што се повредила за време на тренинг. Лара Гут-Бехрами и Корин Сутер имаа слични инциденти во претходните недели.
Foto/ freerangestock
Спорт
Најдобриот спортист во Италија е тенисер, но не e Синер
На големо изненадување, Лоренцо Мусети беше прогласен за најдобар спортист на годината во Италија, во изборот на весникот „Газета дело спорт“.
Сите очекуваа дека тоа ќе биде вториот тенисер во светот, Јаник Синер, кој освои две гренд слем титули оваа година, а сезоната ја заврши со трофеј на последниот Мастерс турнир во сезоната.
„Лоренцо Мусети, кој годинава влезе меѓу првите десет во светот, е последниот поет со рекет во рака. Тој е вистински пример за тоа што може да произведе комбинација од класа и пот. Велат дека тој е сè уште необработен талент, дека се пробил меѓу првите 20 кога имал само 21 година како да е детска игра.
Оваа година Лоло (прекарот на Мусети) ги задоволи вкусовите дури и најпребирливите. Во фантастичната 2025 година, тој беше крунисан на повеќе начини. Деби во првите десет, прво финале на Мастерс 1.000, прво пласман на завршниот турнир во сезоната во Торино. Затоа е добитник на наградата за спортист на годината што ја доделува „Газета“.
Можеби причината за оваа одлука може да се види во фактот дека Синер, за разлика од Мусети, одлучи да не игра за својата репрезентација.
Италија и без Синер успеа да го одбрани трофејот во Дејвис купот, а Мусети го понесе поголемиот дел од товарот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ливерпул во јануари ќе ја ангажира замената за Салах
Ливерпул, во зимскиот преоден рок, ќе донесе замена за Мохамед Салах. Јасно е дека иднината на Салах во клубот е неизвесна, осбено по изјавата дека „клубот го фрлил под автобус“.
Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул би можел да се ангажира за крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо. Според овие извори, клубот ќе ја активира неговата откупна клаузула од 65 милиони фунти (околу 74 милиони евра).
Семењо е главна цел на Ливерпул, но и на неколку други клубови од Премиер лигата. За него се тврди дека ќе биде главна ѕвезда во зимскиот преоден рок. Според медиумите за неговиот потпис Ливерпул ќе се бори со Манчестер Сити и Тотенхем.
Се шпекулира дека клаузулата за откуп на Семењо е активна само во текот на првите две недели од јануарскиот преоден рок, што значи дека договорот, доколку се случи, би требало да биде завршен многу брзо. Дебатата за иднината на Салах веројатно ќе трае до крајот на месецот, со оглед на тоа што Африканскиот куп на нации завршува на 18 јануари.
Семењо има шест гола и три асистенции во 14 натпревари во Англиското првенство оваа сезона.
Foto/ depositphotos

