Спорт
Крај на големата кариера во Париз – Еден од најдобрите на сите времиња заминува во пензија
Од следната сезона ракометот ќе биде посиромашен за еден од најдобрите играчи во историјата на спортот. Познатиот дански ракометар Микел Хансен (36) ќе ја заврши кариерата по Олимписките игри во Париз, јавува ТВ2 од Данска.
Поради ваквата одлука на Хансен, неговиот сегашен клуб Алборг свика вонредна прес-конференција, на која легендарниот ракометар ќе и се обрати на јавноста.
Данската национална телевизија се обиде да стапи во контакт со Хансен, но тој не сакаше да зборува за ништо пред конференцијата, која е закажана за в среда во 12:30 часот.
Хансен за данската репрезентација одигра дури 266 натпревари, постигна 1.350 голови, а како што стојат работите приказната ќе ја заврши на Олимписките игри во Париз.
Во својата кариера настапуваше за Алборг, Пари Сен Жермен, Копенхаген, Барселона и ГОГ. Три пати беше прогласуван за најдобар ракометар во светот – во 2011, 2015 и 2018 година.
Освои речиси се што може да се освои во ракометот – СП, ЕП и Олимписките игри со Данска, бројни клупски титули, но не и Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри
Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.
„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.
Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.
„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.
Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“
Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.
„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.
Спорт
Клабо е недопирлив во скиатлон
Јоханес Клабо ја оправда фаворитската улога и го освои златниот медал во нордиско скијање, во трката скијатлон од 10 км + 10 км.
Како што се очекуваше, Норвежанецот чекаше до самиот крај, а потоа влезе во пеколен финиш. Во тој момент ниту еден од конкурентите не успеа да го следи темпото на Клабо. Норвежанецот во целта влезе со 46:11.0.
Ова беше шесто олимписко злато за Клабо во неговата кариера, а негов трет поединечен. Тој денес го потврди статусот на најдобар натпреварувач.
Во голема борба за второто место, Французинот Делог успеа да го надмине Норвежанецот Нингет, кој мораше да се задоволи со бронза. Русинот Короцељев заврши на четвртото место.
Foto/ EPA

