Спорт
Кристијано Јуниор го направи тоа што не можеше тато (видео)
Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е најдобар на најголемата сцена, предводејќи ги Реал Мадрид до победа против ПСЖ и пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите, но неговиот седумгодишен син Кристијано Јуниор веќе направи нешто што на та…


Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е најдобар на најголемата сцена, предводејќи ги Реал Мадрид до победа против ПСЖ и пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите, но неговиот седумгодишен син Кристијано Јуниор веќе направи нешто што на тато досега не му успеало.
Во снимката која се појави на социјалните мрежи по 3:1 победата над Реал Мадрид над Хетафе во саботата навечер, Лукас Васкез најде време да игра со Кристијано Јуниор и синот на Марсело, и при една асистенција, Кристијано Јуниор постигна фантастичен гол со ножички, каков што досега, и покрај неверојатните резултати, Кристијано Сениор нема постигнато.
OJO al chicharro de CHILENA de @Cristiano Ronaldo Jr. ?⚽️
Asiste @Lucasvazquez91: pic.twitter.com/vvpHs6H9el
— Madrid Sports (@MadridSports_) March 5, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Блатер и Платини не направиле финансиска измама

Сеп Блатер и Мишел Платини се повторно ослободени на второто судење за финансиска измама, фалсификување, лошо управување и проневера на повеќе од два милиони долари пари на ФИФА во 2011 година.
Блатер, кој сега има 89 години, не реагираше многу додека ја слушаше пресудата на тројца кантонски судии кои дејствуваа како федерален кривичен апелационен суд.
Канцеларијата на швајцарското јавно обвинителство ја оспори првичната ослободителна пресуда во јули 2022 година и побара затворска казна од 20 месеци, условна на две години.
Наводите се однесуваат на исплатата на Блатер од два милиони швајцарски франци на Платини.
Кога федералното обвинителство го објави првичното обвинение во ноември 2021 година, наведе дека исплатата „го оштетила имотот на ФИФА и незаконски го збогатила Платини“.
Ослободителната пресуда дојде речиси седум години откако беше првпат покрената истрагата, а Блатер и Платини беа отстранети од лидерските позиции во ФИФА и УЕФА. Тогаш заврши кампањата на Платини да биде наследник на Блатер на чело на светскиот фудбал.
Блатер и Платини постојано ги негираа неправилностите. Тие тврдат дека постигнале вербален договор, ФИФА да му плати на Платини за недоговорна работа што го советувал Блатер за време на неговиот прв претседателски мандат од 1998 до 2002 година.
Спорт
Македонија против Велс во квалификациите за СП

Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва ќе го пречека Велс во натпревар од второто коло во Ј групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Двете репрезентации квалификацискиот циклус го започнаа со победи, во саботата Македонија победи во Лихтанштајн (3:0), а Велск го совлада Казахстан (3:1). Во групата се наоѓа и Белгија, оваа репрезентација квалификациите ќе ги започне во јуни, бидејќи минатата недела играше, против Литванија за ипстанок во А-дивизијата, во Лигата на нации.
Македонија и Велс во добра форма ќе влезат во меѓусебната пресметка во Скопје. Македонија, во официјални натпревари нема пораз на последните осум натпревари, на шест однив не прими гол. Велшаните се без пораз на последните седум натпревари ( четири победи, три нерешени).
„Велс е анализиран и мислам дека сме подготвени, треба да бидеме беспрекорни на тактички план и во тркачкиот дел и секако мора да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат.
Ние не сме фаворити. Според ранкингот и квалитетот на Велс се работи за противник кој има екстра квалитетни играчи. Сепак, во спортот не секогаш фаворитите победуваат. На нас е да бидеме максимално подготвени, а дали ќе успееме да забележиме позитивен резултат ќе видиме. Велс е можеби најсериозен противник откако сум на кормилото на репрезентацијата. Компактна селекција, тркачки совршена, технички многу унапредена и не очекува сериозен тест“, рече селекторот на Македонија, Благоја Милевски.
Низ историјата, Македонија и Велс два пати се сретнаа во квалификациите за Мундијалот во 2014 година. Македонија победи во Скопје (2.1), а Велс во Кардиф (1:0).
Натпреварот во Скопје ќе започне во 20.45 часот, се очекува Националната арена да биде исполнета до последното место. Целиот приход ќе им биде дониран на настраданите и повредените во трагедијата во Кочани.
Спорт
Челси мора да го исплати Јунајтед и доколку не го откупи договорот на Санчо

Кога Челзи ги договори условите за позајмица за играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо летото, тој се обврза на нов договор на крајот од тековната сезона. „Сините“, можат да го откупат неговиот договор за 25 милиони фунти, но клубот од Лондон ќе мора го исплати конкурентот од „Олд Трафорд“ и во случај да го врати Санчо назад во Манчестер.
Според она што Санчо го прикажа во дресот на челси, јасно е дека клубот нема да го откупи од Манчестер јунајтед.
Доколку Челзи навистина се откаже од откупот на договорот ќе мора да му плати на Манчестер јунајтед пет милиони фунти.
Фудбалерот, кој наскоро ќе наполни 25 години, пристигна на „Олд Трафорд“ во 2021 година како еден од најголемите светски таленти во трансфер вреден 85 милиони евра.
Санчо беше отстранет од тимот на Манчестер јунајтед во септември 2023 година поради конфликт со претходниот менаџер Ерик тен Хаг.
Англичанецот сезонава одигра 23 премиерлигашки натпревари во синиот дрес, од кои стартуваше на 16. Постигна два гола и запиша четири асистенции.
„Сините“ се четврти на табелата во Премиер лигата со 49 бодови, додека лидерот Ливерпул има 70.