Спорт
Кузнецова се враќа во Русија
Русинката Полина Кузнецова е последната од низата ракометарки на Вардар која си најде нов клуб, откако Ростов, инаку противникот на „црвено-црните“ во полуфиналето на Лигата на шампионите, и посака добредојде во новиот клуб.
Најголемиот дел од ракомета…


Русинката Полина Кузнецова е последната од низата ракометарки на Вардар која си најде нов клуб, откако Ростов, инаку противникот на „црвено-црните“ во полуфиналето на Лигата на шампионите, и посака добредојде во новиот клуб.
Најголемиот дел од ракометарките на Вардар веќе потврдија дека ќе играат за романскиот ЧСМ Букурешт (Лекиќ, Радичевиќ, Лазовиќ и Цвијиќ), додека Кузнецова се реши за тим од нејзината татковина, во кој најавуваат голем развоен проект за следните неколку години. Ростов првпат во историјата на клубот оваа сезона се пласираше на Фајнал фор турнирот во Будимпешта.
Polina Kuznetsova, left wing of Russian national team, will join Rostov-Don in new season! Currently she plays for Vardar. pic.twitter.com/Ipd05uuJaJ
— Rostov-Don H.C. (@rostovhandballe) April 28, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитриевиќ го напушта Милано?

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ (27) веројатно ќе го напушти Милано по само една сезона.
Димитријевиќ пристигна во Милано претходното лето, зад себе има солидна сезона (7,6 п, 2,9 ас) и неколку забележителни натпревари (на Реал му даде 22 поени, на Панатинаикос 15, на Фенербахче 15…), но тренерот Еторе Месина во моментов не смета на него.
Последниот меч за Милано Димитријевиќ го одигра на почетокот на април, против Реџана во лигата (9 мин, 4 п.).
Тој отсуствуваше на следните три натпревари, а италијанските медиуми пренесуваат дека Македонецот ќе го напушти тимот на крајот од сезоната иако има уште една година од договорот со клубот.
Неговиот поранешен клуб Уникс, каде Димитријевиќ ги одигра најдобрите натпревари во кариерата, сака да го врати во своите редови.
„Проблемот е што тој има договор со Милано и за следната сезона. Ненад сака да игра, а ние се обидовме да го доведеме пред почетокот на плеј-офот, но Месина беше тврдоглав. Очигледно, Месина не ја сака Русија иако работеше тука долги години со голем успех”, изјави долгогодишениот функционер во клубот, Евгениј Богачев.
Оперативецот на Уникс вели дека нема да се откаже од Димитиријевиќ, бидејќи многу ги цени неговите квалитети.
„На Ненад му е јасно дека е на возраст кога треба да игра, а не да седи на седи на клупата. Ова што му се случува сега може да влијае на неговата понатамошна кариера. Дали ќе се обидеме повторно да го доведеме? Ќе видиме што ќе се случи на лето”, изјави Богачев.
Во својата последна сезона во ВТБ лигата, Димитријевиќ имаше просек од 18,9 поени, 3,6 скока и 6,9 асистенции по натпревар. Во сезоната 2023/2024 беше МВП на лигата.
Инаку, Милано, минатото лето на Уникс му плати 100.000 евра за Димитријевиќ.
Спорт
Ливерпул најде замена за Нуњез

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е решен да направи одредени промени во нападот на својот тим, се очекува да си замине Дарвин Нуњез, а како негова замена се споменува Брајан Мбуемо од Брентфорд.
Ливерпул ќе освои титулата во Премиер лигата, веројатно во наредното коло таа и матаметички ќе биде обезбедена.
Најавено е заминувањето на Нуњез, а како негова замена се споменува 25-годишниот Мбуемо, пишува „Дејли мирор“.
Камерунецот е голема желба на Арсенал и за тоа многу се пишуваше во зимскиот преоден рок, но сега тимот од Лондон доби голема конкуренција во Ливерпул.
Во Ливерпул веруваат дека Мбуемо би се вклопил со Мохамед Салах, Луис Дијаз и Диого Жота.
Репрезентативецот на Камерун оваа сезона постигна 18 гола во Премиер лигата.
Тој е „врзан“ со договор со Брентфорд до средината на 2027 година, а според информациите на бројни англиски медиуми е „слободен“ за 60 милиони евра.
Таа бројка не би требало да биде проблем за Ливерпул и Арсенал.
Мбуемо е во Брентфорд од 2019 година, тој пристигна од Троа, Франција. Досега има забележано 237 настапи за премиерлигашот.
Спорт
Сити и Јунајтед заинтересирани за Аклиуш, ситуацијата ја следи и Њукасл

Градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, во летниот преоден рок ќе водат голема борба за потписот на десното крило на Монако, Магнус Аклиуш, пишува „Лекип“.
Пеп Гвардиола минатата недела зборуваше во суперлативи за суперталентираниот Французин со алжирско потекло.
Покрај Манчестер јунајтед и Манчестер сити, се претпоставува дека и Њукасл се сериозно заинтересирани за Аклиуш уште следниот ден. Интересот на богатите клубови веднаш влијаеше и висината на обештетувањето.
Раководството на Монако првично проектира откупна цена од 50 милиони евра, но може да добие уште 20 до 30 милиони кога ќе започне лицитацијата.