Спорт
Кучето на Сала се уште го чека сопственикот да се врати



Трупот на авионот во кој биле фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е понајден во неделата, на дното на Ламанш. Агенцијата за цивилно воздухопловство на Британија објави фотографија од дното на која се гледа трупот на авионот, со информација дека во авионот има едно тело. Во тој момент згаснаа сите надежи дека Сала и пилотот можеби ја преживеале несреќата.
Додека траела потрагата сестрата на Сала, Ромина, објави фотографија која молскавично се раширила по социјалните мрежи.
„И Нала те чека“, пишува над фотографијата, на која е кучето на фудбалерот.
Од исчезнувањето на фудбалерот кучето седи крај прозорецот и го чека својот сопственик да се врати.
Сала го купил кучето кога ја започнал својата кариера во Нант. Тогаш живеел сам поради што решил да си купи куче, со кое потоа станале нераздвојни пријатели.
Emiliano Sala’s dog, Nala, is still waiting for him to return.
Such a sad photo.
pic.twitter.com/TwM8mlp3W6
— FootballFunnys (@FootballFunnnys) February 4, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обамејанг шоу против Гамбија – Постигна четири гола и доби црвен картон

Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година.
Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90).
„Слоновите“ сега имаат 23 бода, еден повеќе од Габон, кој ја победи Гамбија со 4:3 како гостин во натпревар полн со пресврти. Габон водеше со 1:0 и 2:1, Гамбија направи пресврт на 3:2, но на крајот Габон сепак победи со 4:3.
Сите четири гола за Габон ги постигна ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг (20, 42, 62, 78), но беше исклучен во 85-та минута поради втор жолт картон, додека стрелци за Гамбија беа Минтех (23) и Сидибех (45+2, 47).
За четири дена, Брегот на Слоновата Коска ќе има можност да го обезбеди Светското првенство со победа дома против Кенија, додека Габон, со победа против Бурунди, ќе мора да чека кикс на „Слоновите“, за да го обезбеди своето историско прво патување на Светското првенство.
Спорт
Младата репрезентација со пресврт до победа над Ерменија

Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Попладнево во Скопје, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков.
Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан.
Пресвртот го режираше напаѓачот на Работнички, Трајков, со головите во 54-та и 83-та минута.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA