Спорт
Лазаров: Секако, го сакам Вардар во финалето
Кирил Лазаров беше еден од најзаслужните што Нант направи вистинска сензација и го „нокаутираше“ Пари Сен-Жермен во првиот меч од Ф4 во Келн, и тој вели дека во тимот уште не им се верува што направиле.
„Речиси сите плачат дека сме во финалето, но се о…


Кирил Лазаров беше еден од најзаслужните што Нант направи вистинска сензација и го „нокаутираше“ Пари Сен-Жермен во првиот меч од Ф4 во Келн, и тој вели дека во тимот уште не им се верува што направиле.
„Речиси сите плачат дека сме во финалето, но се обидувам да ги смирам бидејќи ништо не сме освоиле. Кого сакам во финалето? Ако зборуваме според квалитетет, тогаш сигурно Монпелје, но бидејќи сум Македонец, морам да кажам дека сакам дуел со Вардар“, изјави Лазаров.
Lazarov Kiril – 7 is the new best scorer in EHF CL Final4 history! HBC Nantes https://t.co/wpHZctWPtw
— Handball Planet (@Handball_Planet) May 26, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трансферот на Зинченко зависи од Тео Ернандез

Играчот на Арсенал, Олександр Зинченко, е заинтересиран за трансфер во Милан, објавија италијанските медиуми.
Трансферот зависи од Тео Ернандез, кој се подготвува да замине од „Сан Сиро“. Милан преговара со Атлетико за трансферот на Тео, бидејќи фудбалерот изразил желба да се врати во клубот од чија академија потекнува.
Кога овој трансфер ќе биде завршен, Зинченко ќе може да го напушти Арсенал. Украинецот бара нов клуб бидејќи минатата сезона немаше никаква улога кај Микел Артета.
Спорт
Притворен Квинси Промес, ќе биде екстрадиран во Холандија

Холандскиот фудбалер Квинси Промес (33) е уапсен во Дубаи и наскоро треба да биде екстрадиран во неговата земја, каде што беше осуден на 7,5 години затвор.
Според холандските медиуми, полицијата во Дубаи извршила рација во станот на фудбалерот во четврток вечерта, Квинси бил уапсен и притворен и наскоро ќе биде екстрадиран во Холандија.
Правниот застапник на играчот, Кам Полат, потврди дека неговиот клиент е приведен, но одби да даде повеќе информации за случајот.
Во исто време, холандскиот новинар Јероен Каптејнс има информации дека Промес ќе биде испратен на отслужување на повеќегодишна казна што е можно поскоро.
„Се очекува многу наскоро да биде екстрадиран во Холандија. Мислам дека ќе биде испратен директно во затвор“, рече тој.
Апсењето на Промес се случи два дена откако Судот во Амстердам го отфрли барањето на играчот и неговите претставници за суспендирање на одлуката за негово апсење.
Промес сакаше Судот да му дозволи слободно движење за да може непречено да ја продолжи кариерата.
За потсетување поранешниот фудбалер на Спартак Москва беше осуден на шест години затвор во февруари 2024 година за учество во шверц на повеќе од еден тон кокаин што пристигна во пристаништето Антверпен.
На неговата основна казна му беше додадена година и пол за вооружен напад врз неговиот брат.
Промес пристигна во Дубаи додека сè уште беше фудбалер на Спартак, таму доживеа сообраќајна несреќа, по што беше уапсен и му беше забрането да ја напушти земјата. Во меѓувреме, го раскина договорот со рускиот клуб и потпиша за второлигашкиот клуб Дубаи Јунајтед.
Спорт
Олимпија за потписот на Митровски го сруши трансфер рекордот во Словенија
Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски го официјализира трансферот во Олимпија. Митровски во Љубљана пристигна од хрватскиот прволигаш Вараждин. Трансферот на Митровски е рекорден за фудбалот во Словенија, Олимпија за напаѓачот плати еден милион евра.
26-годишниот Митровски постигна осум гола на 28 лигашки натпревари во сезоната 2024/25 и одигра важна улога во историскиот пласман на Вараждин во Конференциската лига. На крајот од сезоната, Митровски беше избран во идеалниот тим на сезоната во хрватскиот шампионат.
За две и пол сезони, тој одигра 71 натпревар за Вараждин и постигна 13 гола.
Својата фудбалска кариера ја започна во Скопје, во Работнички, а на 16-годишна возраст замина во странство. Во 2015 година се пресели во Германија. Таму беше дел од јуниорските тимови на Ханза Росток и Магдебург. Една година подоцна, се пресели во Спортинг, каде што играше за младинскиот тим во 2017 година, а потоа и за резервниот тим на Спортинг Б.
Потоа Митровски играше за АП Брера, пред да се пресели во Вараждин.
За репрезентацијата на Македонија досега има осум настапи.