Спорт
Лајпциг подобар од Вардар во борбата за третото место во Германија
Вардар доживеа тесен пораз од Лајпциг од 27:26 (11:8) во борбата за третото место на Хајде купот во Германија, завршувајќи го турнирот со една победа (над Фуксе Берлин) и два порази (од Лајпциг и Хамбург).
„Црвено-црните“ беа рамноправен противник во т…


Вардар доживеа тесен пораз од Лајпциг од 27:26 (11:8) во борбата за третото место на Хајде купот во Германија, завршувајќи го турнирот со една победа (над Фуксе Берлин) и два порази (од Лајпциг и Хамбург).
„Црвено-црните“ беа рамноправен противник во текот на целото прво полувреме, пред во финишот германскиот клуб да направи предност од три гола. Лајпциг почна посигурно и во второто полувреме, во кое стигна и до шест гола разлика (16:10), пред Вардар да се доближи, но без сили за целосен пресврт.
Тимур Дибиров повторно беше најдобар во нападот со осум постигнати голови, додека по четири имаа Борозан и Скубе.
Ова беше прв тест на „новиот“ Вардар под водство на новиот тренер Гарсија Парондо и без поголем дел од ѕвездите кои последните сезони го предводеа македонскиот шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Романец ќе го суди финалето во Лигата на шампионите

Интер и Пари Сен Жермен, на 31 мај се борат за највредниот трофеј во клупскиот фудбал, на „Алијанц Арена“ во Минхен.
УЕФА потврди дека главен судија во финалниот натпревар, во Лигата на шампионите, ќе биде Романецот, Иштван Ковач.
Негови помошници ќе бидат сонародниците Михај Марица и Ференц Туњоги, додека Португалецот Жоао Педро Силва Пинеиро е назначен за четврти арбитар. Резервен судија ќе биде Португалецот, Бруно Мигел Алвес Хесус.
УЕФА одлучи дека Холанѓанецот Денис Јохан Хиглер и Каталин Сорин Попа од Романија ќе бидат во ВАР собата, а нив ќе ги поддржува Холанѓанецот Паулус ван Бекел.
Ковач има унгарски и германски корени, а по професија е наставник по физичко образование во романско училиште.
Иштван Ковач беше четвртиот судија во финалето на Лигата на шампионите во 2023 година кога Манчестер сити го победи Интер (1:0), и беше главен судија во финалето на Лига Европа во 2024 година во кое Аталанта ја прекина серијата без пораз на Баер Леверкузен во Даблин (3:0).
Финалниот натпревар во најголемиот град на Баварија ќе се игра на последниот ден од мај во 21:00 часот.
Спорт
Консеисао го напушта Милан на крајот од сезоната

Поразот од Болоња во финалето на Купот на Италија стави печат на лошата сезона на фудбалскиот клуб Милан. По овој неуспех, јасно е дека Серж Консеисао може да почне да си ги пакува куферите.
Консеисао, поранешниот тренер на Порто, гигантот од Милано го презеде пред шест месеци од сонародникот Паоло Фонсека.
На „Сан Сиро“ беа свесни дека Купот може да ја спаси сезоната, но сега е јасно дека клубот ќе остане без место во Европскиот куп следната сезона.
Со Милан, Консеисао успеа да го освои Суперкупот на Италија.
Заедно со Консеисао, клубот ќе го напушти и неговиот сонародник Жоао Феликс. Тој ќе се врати во Челзи бидејќи не ги оправда своите очекувања.
Третиот Португалец, Рафаел Леао, исто така би можел да го напушти клубот. И покрај фактот дека игра во променлива форма во текот на целата сезона, Леао е највредниот играч на Милан и неговата евентуална продажба ќе покрие одредени финансиски дупки.
🔴⚫️❌ Sérgio Conceição’s chapter at AC Milan will be over at the end of the season, as always planned.
João Félix will leave Milan and return to Chelsea, also. ⤵️🇵🇹 https://t.co/CE37iwSicC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 14, 2025
Спорт
Заврши сезоната за Феран Торес

Барселона ќе биде без Феран Торес до крајот на сезоната. 25-годишениот напаѓач, стрелец на 19 гола и асистент за седум гола во 45 одиграни натпревари оваа сезона, го пропушта крајот на сезоната поради операција на слепо црево.
Клубот соопшти дека тој ќе биде опериран во текот на денот и нема да игра вечерва против Еспањол.
Исто така, Торес, ќе ги пропушти и натпреварите против Виљареал и Атлетик Билбао.
Феран Торес учествуваше со три асистенции во победата против Реал Мадрид (4:3), што ја донесе Барса на чекор до титулата.
Тој игра во добра форма во последно време, па од средината на февруари до средината на мај додаде шест гола и четири асистенции во првенството.