Спорт
Лион еден меч во ЛШ ќе игра без публика
Олимпик Лион еден натпревар ќе мора да игра пред празни трибини, поради нередите што ги предизвикаа навивачите минатата сезона на натпреварот против ЦСКА Москва, објави УЕФА.
Натпреварот Лион-ЦСКА се одигра на 15.март во Франција, а навивачите фрлале р…


Олимпик Лион еден натпревар ќе мора да игра пред празни трибини поради нередите што ги предизвикаа навивачите минатата сезона на натпреварот против ЦСКА Москва, објави УЕФА.
Натпреварот Лион-ЦСКА се одигра на 15 март во Франција, а навивачите фрлале разни предмети на теренот, користеле пиротехника, ги блокирале скалите и неспротски навивале.
УЕФА исто така го казни Лион и парично со 100.000 евра.
Според она што го објави европската куќа на фудбалот, доколку се случи сличен инцидент во наредните две години, стадионот на Лион автоматски ќе биде суспендиран на уште еден натпревар.
Лион оваа сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, а имињата на противниците ќе ги дознае в четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Болоња го потврди пласманот во финалето на Купот

Фудбалерите на Болоња го потврдија пласманот во финалето во Купот на Италија. Откако во првиот натпревар победија со 3:0 и вечерва на домашен терен го совладаа Емполи со резултат 2:1.
За пехарот ќе се борат против Милан.
Домашните поведоа во 7. минута со голот на Џовани Фабијано.
Виктор Коваленко израмни во 33. минута, а Тијс Далинга и донесе победа на Болоња со гол во 86. минута.
Болоња двапати го освои Купот на Италија, последен пат во 1974 година.
Финалето ќе се игра на стадионот „Олимпико“ во Рим на 14 мај.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид.
Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите од второто коло, Ѓоковиќ одработи официјален тренинг на кој спаринг партнер му беше младиот Французин Артур Фис.
Интересно е што на тренингот се појави и Енди Мареј, кој во последно време не беше присутен на претходните турнири.
Тренингот се пренесуваше во живо на YouTube каналот „Tennis TV“, а на околу половина час пред крајот е снимен момент кој го привлече вниманието на тенискиот свет.
Ѓоковиќ побара крпа по ударот на Мари, очигледно изнервиран од условите на теренот.
Во таа прилика Србинот почна да пцуе.
„Тоа е колапс на системот. Целосен колапс на системот. У пи..у матер, да ти е.ам спортот, да ти е..м тенисот“, рече Ѓоковиќ, додека Мари му подаваше крпа.
Спорт
Ларкин го урна ПАО среде Атина, Фенербахче го декласира Париз

Ефес успеа да направи брејк во Атина, на теренот на европскиот шампион Панатинаикос, додека Фенербахче со убедливата победа над Париз дојде на чекор до пласман на завршниот турнир.
Кошаркарите на Ефес го совладаа Панатинаикос во вториот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата со резултат 79:76 и го изедначи резултатот во серијата на 1:1.
Панатинаикос, водеше 39 поени, во текот на натпреварот два пати имае 15 поени предност, во решавачката четврина влезе со предност од 10 поени, но не успеа да победи.
Клучна беше серијата на Ефес од 9:0 која започна на 1:50 до крајот на натпреварот.
Во таа серија се истакна плејмејкерот на Ефес, Шејн Ларкин, кој во последната минута постигна седум поени, вклучувајќи ја и тројката за првото водство на Ефес 76:73.
Панатинаикос имаше напад за продолженија, но Кендрик Нан беше непрецизен.
Ларкин натпреварот го заврши со 20 поени, пет асистенции и три скока, Пи Џеј Дожер постигна 14, а Венсан Поаире забележа дабл-дабл со 16 поени и 10 скока.
Нјефикасен кај ПАО беше Чеди Осман со 16 поени, Нан забележа 14 поени и шест асистенции.
Третиот натпревар се игра во Истанбул на 29. април.
Фенербахче го победи Париз со 89:72. Екипата на Шарунас Јасикевичиус одигра брилијантно прво полувреме во кое постигна 61 поен и стекна преност од 23 поени, која во овој натпревар ниту Ти Џеј Шортс не успеа да достигне.
Најефикасен во победничкиот тим беше Тарик Биберовиќ со 20 поени (4/4 за два), Најџел Хејс-Дејвис постигна 16 поени, а Марко Гудуриќ 13.
На спротивната страна единствен расположен беше Ти Џеј Шорц со 18 поени, Надир Ифи имаше 15 поени (6/17 од поле), а Тајсон Варди 10 поени.
Третиот натпревар е закажан за 29 април во Париз.