Спорт
Лопетеги: Вчера беше најтажниот, денеска е најсреќниот ден во мојот живот
Хулен Лопетеги беше и официјално претставен како нов тренер на Реал Мадрид, откако беше отпуштен од позицијата шпански селектор поради преговорите со „Кралскиот клуб“.
Лопетеги, кој ќе го замени големиот Зинедин Зидан на клупата на „Лос Бланкос“, беше …


Хулен Лопетеги беше и официјално претставен како нов тренер на Реал Мадрид, откако беше отпуштен од позицијата шпански селектор поради преговорите со „Кралскиот клуб“.
Лопетеги, кој ќе го замени големиот Зинедин Зидан на клупата на „Лос Бланкос“, беше отпуштен од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) во средата, еден ден пред стартот на Мундијалот, и заменет со Фернандо Јеро.
Во Мадрид, тој беше презентиран покрај Флорентино Перез и најави дека ги знае очекувањата на навивачите на кралскиот клуб.
„Вчера беше најверојатно најтажниот ден во мојот живот по смртта на мојата мајка, но денеска е најсреќниот. Ова е емотивен момент за мене и му благодарам на претседателот Флорентино Перез, на Реал Мадрид, за големата доверба која ја имаат во мене. На тоа сум навистина горд“, изјави Лопетеги.
Перез пак, ја објасни одлуката да се именува Лопетеги пред Светското првенство со транспарентност.
„Хулен мора да чувствува спротиставени чувства, бидејќи имаше два сона – да го освои Светското првенство и да биде тренер на Реал Мадрид. Овие соништа беа компатибилни, но некој не го сакаше тоа. Сакавме да го склучиме договорот бргу поради Светското првенство, за да нема шпекулации“, вели Перез.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леклер размислува да го напушти Ферари

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, сериозно ја разгледува можноста да го напушти италијанскиот тим, објавува „Кориере дела Сера“.
Иако неговиот договор со „Скудерија“ трае до 2029 година, Леклер има клаузула што му дозволува да ја раскине соработката во летото 2026 година.
Се вели дека Леклер се сомнева дека Ферари ќе остане конкурентен откако ќе стапат во сила новите правила во Формула 1. Моментално, Ферари е втор во шампионатот на конструктори по девет трки, додека 28-годишниот Леклер е петти во пласманот на возачи.
Неговиот колега, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, е на шестото место.
Леклер дебитираше во Формула 1 во болидот на Заубер во 2018 година. Следната година тој пристигна во Ферари, заменувајќи го Кими Раиконен. Во својата прва сезона во црвениот автомобил, тој победи на трките во Белгија (Спа) и Италија (Монца), и стана најмладиот возач што победил на трка за Ферари.
Тој забележа пет победи со 23 пол позиции. Својот најдобар вкупен пласман го постигна во 2022 година, кога го освои второто место.
Првенството во Формула 1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Канада.
Спорт
Абрамович: Сакам само едно вистинско збогум со навивачите на Челзи

Поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, изјави дека се надева на „соодветно збогување“ од навивачите на клубот. Вистонското „збогум“ не го доживеа бидејќи беше принудан да го продаде клубот во 2022 година.
Поради неговите блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин, англиската влада го означи Абрамович како „персона нон грата“ и повеќе немаше место за него во екосистемот на Премиер лигата.
Абрамович долго време го нема во јавноста, последен пат даде интервју за Форбс во 2021 година и досега ниту еден медиум немаше можност да разговара со рускиот тајкун.
Ова му успеа на Ник Пуревал, кој неодамна ја објави книгата „Санкциониран“, која се занимава со сите досега непознати детали за продажбата на Челзи од страна на Абрамович.
Во еден дел, Роман вели дека не планира никогаш повеќе да инвестира во фудбалски клуб и дека посакува еден ден, доколку се укаже можност, да се збогува со навивачите на Челзи на соодветен начин.
„Можеби еден ден ќе се појави ситуација каде што ќе можам да присуствувам на натпревар на Челзи и да се збогувам со навивачите на Челзи како што треба, но ништо повеќе од тоа“, рече Абрамович.
„Веќе не ме интересира да имам никаква улога во клуб, сигурно не во професионална смисла“, додаде човекот под чие водство Челзи ги постигна најголемите успеси во историјата, вклучително и освојувањето на две титули во Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) Нестварен кош за победа во Аргентина

Во третиот натпревар од четвртфиналето на плејофот од првенството на Аргентина, кошаркарскиот тим Феро ја победи Бока Јуниорс, најдобриот тим во лигашкиот дел од натпреварувањето, со резултат од 76:73, а решавачкиот момент е за приказната.
Гостинските играчи имаа напад за победа, не го реализираа, а по дефанзивниот скок, Емилијано Лескано постигна неверојатна тројка.
Дваесет и четиригодишниот плејмејкер ја фрли топката од својот рекет и таа заврши во кошот на градскиот ривал од Буенос Аирес со звукот на сирената.
Феро води во серијата со 2:1 и во следниот натпревар пред своите навивачи ќе има можност да ја комплетираат сензацијата и да го нокаутираат големиот фаворит.
Have you ever seen a better game-winning shot? 🤯pic.twitter.com/eEI1EgN1og
— BasketNews (@BasketNews_com) June 12, 2025