Спорт
Лудило и во Франција – фановите на Лил влегоа на теренот (видео)
Англија беше шокирана од сцените на мечот Вест Хем-Барнли во Лондон откако незадоволните навивачи влегоа на теренот четири пати, а сега слична ситуација се случи и во Франција, каде што навивачите на Лил влегоа на теренот по 1:1 ремито со Монпелје.
По …
Англија беше шокирана од сцените на мечот Вест Хем-Барнли во Лондон откако незадоволните навивачи влегоа на теренот четири пати, а сега слична ситуација се случи и во Франција, каде што навивачите на Лил влегоа на теренот по 1:1 ремито со Монпелје.
По крајот на мечот, фановите влетаа на теренот на стадионот „Пјер Моро“, по што напаѓачот Николас Пепе доби клоца во ногата, додека стјуардите се обидуваа да ја стават ситуацијата под контрола. 200-те фанови ги нападнаа со погрдни зборови своите играчи, а стјуардите едвај ги задржаа да не влезат преку тунелот во соблекувалните.
На трибините беше и претседателот на клубот Жерар Лопез, кој кога стана претседател им ветуваше на фановите квалификации во Лигата на шампионите за неколку сезони, но наместо тоа, Лил се на претпоследното 19. место и се борат за опстсанок во Лига 1 на само девет натпревари пред крајот на сезоната.
After the West Ham pitch invasions earlier, Lille supporters are taking things to a new level. pic.twitter.com/mOEOC3eBTn
— Dan Critchlow (@afcDW) March 10, 2018
Well, West Ham fans are no longer the most angry football fans in Europe today, as Lille fans storm the field following their 1-1 draw vs Monrpellier, leaving them in 19th place in Ligue 1 pic.twitter.com/rH6yIpsHQK
— Brace The Hammer (@BraceTheHammer) March 10, 2018
Барнли му оддржа лекција на Вест Хем, фановите полудеа (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клубовите се против – Шведска нема да воведе ВАР
Системот за видео анализа (ВАР) нема да биде воведен во Шведска, откако на оваа идеа се спротивтавиле фудбалските клубови, изјави во петокот претседателот на Шведската фудбалска федерација (SvFF), Фредрик Рајнфелд.
ВАР постојано беше во центарот на контроверзноста во лигите каде што беше воведен, со поплаки поврзани со неговата обемна анализа и одложувања кои често траат неколку минути.
Во јули 2023 година, Шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии на шведскиот фудбал, соопшти дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.
Рајнфелд, кој минатата година рече дека ВАР е „иднината“, беше критикуван од навивачите за неговиот став по ова прашање.
„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и два региони кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР. Ние тоа го почитуваме. Поради тоа не излеговме со овој предлог на претходниот состанок, а тоа нема да се случи ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на играта“, изјави Рајнфелд, инаку поранешниот премиер на Шведска.
Спорт
Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“
Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.
Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.
Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.
Спорт
Хулкенберг од наредната сезона во Заубер
Германскиот автомобилист Нико Хулкенберг од 2025 година, ќе има нов работодавец. 36-годишникот ќе вози за тимот на Кик Заубер.
„Среќен сум што возам за Кик Заубер од 2025 година и што во иднина ќе го претставувам германскиот производител на патеките во Ф1“, објави Нико Хулкенберг на социјалните мрежи.
Од 2026 година во Заубер влегува германскиот производител Ауди.
Хулкенберг е член на тимот на Хас во тековната сезона, а неодамна беше објавено дека нема да ја продолжи соработката со американскиот тим.
„Хулк“ дебитираше во Формула 1 во 2010 година како возач на Вилијамс на Големата награда на Бахреин. Во меѓувреме освои една пол-позиција.
Во претходната сезона, Хулкенберг го заврши натпреварувањето на 16. место во генералниот пласман во Ф1 со девет бодови.