Спорт
Луис Хамилтон излета од патеката за време на приватниот тест на Ферари во Барселона
Луис Хамилтон излета од патеката за време на приватниот тест на Ферари во Барселона.
Седумкратниот шампион во Формула 1 излетал неповреден, а инцидентот се случил додека Британецот го минувал третиот сектор на патеката во Каталонија.
Поранешниот возач на Мекларен и Мерцедес удри во бариера во неговиот модифициран болид СФ-23. Помина без посериозни последици во инцидентот, но неговиот болид претрпе оштетувања.
Хамилтон сам излезе од возилото, кое потоа беше вратено во боксот, каде механичарите на Ферари ќе ја анализираат причината за новонастанатиот проблем.
Lewis Hamilton has had a minor crash in testing in Barcelona.
It is understood that he has no injuries and is doing well. pic.twitter.com/GfiDtXXr4f
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) January 29, 2025
Шарл Леклер требаше да го преземе возниот дел од остатокот од тестирањето, но ќе мора да почека додека автомобилот не биде подготвен за возење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Светски шампиони во уметничко лизгање меѓу патниците во урнатиот авион
Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се судри со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, главниот град на САД, а потрагата по преживеани се уште трае.
Двете летала завршија во реката Потомак, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди тврдењата на руската државна агенција ТАСС дека во авионот се превезувале Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, светски шампиони во уметничко лизгање од 1994 година.
„Потврдена е оваа тажна информација. Лоши вести пристигнаа од Вашингтон. Во авионот имаше повеќе наши граѓани“, им рече Песков на новинарите, изразувајќи сочувство до семејствата и пријателите на руските граѓани кои загинаа.
Претставник на локалната полиција изјави за Си-би-ес, дека најмалку 18 безживотни тела биле пронајдени од авионот што полетал од Вичита, Канзас и дека нуркачите пронашле две таканаречени црни кутии.
ТАСС јавува дека меѓу патниците била и Ина Волјанскаја и дека заедно се враќале од тренинг кампот што се одржувал во рамките на американското првенство во Канзас.
Спорт
(Видео) Елмас го стави потписот на договорот со Торино
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас официјално стана член на Торино. Елмас во Торино пристигна од Лајпциг. Германскиот тим го испрати на позајмица до крајот на сезоната. Торино ќе има можност за 17 милиони евра да го откупи неговиот договор.
Елмас незадоволен од статусот што го имаше кај Марко Росе реши да го нашушти Лајпциг. Во германија тој пристигна пред една година за 24 милиони евра, откако претходно имаше успешни четири сезони во Наполи.
Еламс сезонава за Лајпциг одигра 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите.
Во Торино Елмас на грбот ќе го носи бројот 11.
A grande richiesta, Back to Italy! 🇲🇰 pic.twitter.com/NbOj2DreNL
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 30, 2025
Спорт
Лајпциг за 50 милиони евра го откупи Симонс од ПСЖ
Вториот мандат на 21-годишниот Чави Симонс во Пари Сен Жермен дефинитивно заврши, бидејќи Лајпциг го откупи неговиот договор. Холанѓанецот во Лајпциг, на позајмица од ПСЖ пристигна пред 18 месеци.
Крилниот напаѓач потпиша четиригодишен договор со ПСЖ во 2023 година, каде што ја започна својата кариера во 2021 година.
Во сезоната меѓу двата мандати играше за ПСВ Ајндховен, а цела втора сезона ја мина во германскиот клуб, кој сега го откупи неговиот договор за 50 милиони евра, пренесува „Билд“, кој потенцира дека ова е историски трансфер за клубот од источна Германија.
Симонс постигна 15 гола на 60 натпревари за Лајпциг, од кои 12 во Бундеслигата.
Лајпциг оваа сеозна имаше разочарувачки настап во Лигата на шампионите. Клубот на три кола до крајот остана без шанси за пласман во нокаут фазата.
Кога станува збор за домашното првенство, Лајпциг е на петтото место со 32 бода.