Спорт
ЛШ: Звезда ги доби Ливерпул, Наполи и ПСЖ, Роналдо ќе игра против Јунајтед
Во Монако беше одредена ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, и како и секогаш има интригантни групи и една можна „група на смртта“ секако групата Ц, иако и групата Б има свои „адути“.
Црвена звезда при првиот настап во ЛШ ќе има пеколна …

Во Монако беше одредена ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, и како и секогаш има интригантни групи и една можна „група на смртта“ секако групата Ц, иако и групата Б има свои „адути“.
Црвена звезда при првиот настап во ЛШ ќе има пеколна група, во која се вице-шампионот Ливерпул, супер-богатиот Пари Сен-Жермен, како и новиот клуб на Карло Анчелоти, италијанскиот вице-шампион, Наполи.
Во групата Б, пак, тука се Барселона, Тотенхем, Интер и ПСВ Ајндховен, каде што ќе биде многу тешко да се предвиди кој ќе оди понатаму.
Кристијано Роналдо дојде во Јувентус за да ја брка титулата од ЛШ, и за почеток ќе мора да се соочи со свој поранешен клуб, Манчестер јунајтед во групата Х. Тука се и уште едни стари познаници од Шпанија, Валенсија, како и швајцарското изненадување Јанг Бојс.
Актуелниот шампион Реал Мадрид ќе ја почне одбраната во релативно лесна група со Рома, ЦСКА Москва и Викторија Плзен.
Ако се бара и „најлесната“ група, ако постои такво нешто во ЛШ, тоа сигурно би била групата Д, каде што се Локомотив Москва, Порто, Шалке и Галатасарај.
The official result of the #UCLdraw! ?
Toughest group? ? pic.twitter.com/G6rPKtQuU8
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 30, 2018
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2018/19
ГРУПА А
1.Атлетико Мадрид (Шпа)
2.Борусија Дортмунд (Гер)
3.Монако (Фра)
4.Клуб Бриж (Бел)
ГРУПА Б
1.Барселона (Шпа)
2.Тотенхем (Анг)
3.ПСВ Ајндховен (Хол)
4.Интер (Ита)
ГРУПА Ц
1.Пари Сен-Жермен (Фра)
2.Наполи (Ита)
3.Ливерпул (Анг)
4.Црвена звезда (Срб)
ГРУПА Д
1.Локомотив Москва (Рус)
2.Порто (Пор)
3.Шалке 04 (Гер)
4.Галатасарај (Тур)
ГРУПА Е
1.Баерн Минхен (Гер)
2.Бенфика (Пор)
3.Ајакс Амстердам (Хол)
4.АЕК Атина (Грц)
ГРУПА Ф
1.Манчестер сити (Анг)
2.Шахтјор Доњецк (Укр)
3.Лион (Фра)
4.Хофенхајм (Гер)
ГРУПА Г
1.Реал Мадрид (Шпа)
2.Рома (Ита)
3.ЦСКА Москва (Рус)
4.Викторија Плзен (Чеш)
ГРУПА Х
1.Јувентус (Ита)
2.Манчестер јунајтед (Анг)
3.Валенсија (Шпа)
4.Јанг Бојс (Шва)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јувеентус потона на Сардинија
Фудбалерите на Каљари, приредија мало изненадување со победата над Јувентус (1:0) во 21-то коло од Серија А. Натпреварот на Сардинија, уште еднаш ги потврди констатциите на стручната јавност во Италија, дека овој тим на Јувентус нема квалитет да се бори за шампионската титула.
Натпреварот во Сардинија, во кој гостите беа подобри, но не и доволно конкретни, беше решен во 65-та минута со мајсторијата на играчот на Каљари, Лука Мацители. Тоа беше совршена акција со два потега на домашниот тим.
Голот за триумф на Каљари можете да го погледнете Овде.
Гостите, пропуштија неколку шанси, Јилдиз ја погоди стативата во самиот финиш, но резултатот остана 1:0.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Чудо во Хернинг: Раул Гонзалес со Србија ја победи Германија
Србија приреди вистинска сензација со победата над Германија 30:27 (13:17), во второто коло на Европското првенство во ракомет. Избраниците на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, со гранитна одбрана го шокираа големиот фаворит во второто полувреме, во кое надополнија негатива од четири гола.
Германија го диктираше темпото во првото полувреме, во кое Србија држеше приклучок благодарение на голманот Дејан Милосављев. Сепак во финишот на полувремето Германците успеаја да дојдат до голема предност.
Вториот дел, може да се каже дека е мастерклас на селекторот Гонзалес. Србите ги натераа Германците на период од шест минути без постигнат гол, поведоа со гол разлика, Германците одговорија со серија 4:1.
Вистинска драма се случуваше во финишот, а особено неверојатен беше моментот кога германскиот селектор побара тајм-аут, во моментот кога Кнор постигна гол, при водство на Србија 27:26.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 17, 2026
Тој момент како да ги поремети Германците, Зербе промаши и седмерец, а потоа Србија мирно го заклучи натпреварот.
Којадиновиќ и Воркапиќ беа најефикасни со по шест гола, заедно со Пешмалбек (5), Додиќ (4) и Вања Илиќ (3). Се истакна и Милосављев, кој го заврши натпреварот со 12 интервенции. На другата страна, одлични беа Шлуров и Ушчинс (по 6 гола), како и Кнор (5) и Зербе (4).
Во последното коло, во оваа А група, Србија ќе игра против Австрија, а Германија ќе се соочи со Шпанија.
Спорт
Флик разочаран, голем талент ја напушта Барселона
Педро „Дро“ Фернандез, 18-годишниот талент на Барселона, наскоро ќе го напушти клубот, откако ќе биде активирана откупната клаузула во износ од шест милиони евра.
Тинејџерот, кој има понуди од неколку водечки европски клубови, го информирал тренерот Ханси Флик за својата одлука, што предизвика силна реакција од германскиот стручњак, пишува „Спорт“.
Според овој извор, Флик не ја примил добро веста. Тренерот наводно бил особено вознемирен бидејќи губи играч кого го смета за клучен за иднината на клубот, кој потекнува од Ла Масија и веќе има неколку настапи под негово водство.
Со оглед на тоа што заминувањето на Фернандез се очекува во рок од неколку дена, Флик одлучил дека играчот повеќе нема да тренира со првиот тим.
Оваа одлука е донесена со цел да се избегнат евентуални повреди, но и поради ставот дека играчот повеќе не е целосно фокусиран на работата со тимот. Реакцијата на Флик е разбирлива со оглед на довербата што ја покажа во 18-годишникот.
Тренерот го сметаше Фернандез за еден од играчите на кои им обрнуваше посебно внимание, а веста за неговото заминување длабоко го погоди. Неговото разочарување беше толку големо што наводно им кажал на луѓето од неговиот близок круг дека годоживеал „најголемото разочарување во својот живот“.
Инаку „Спорт“, тврди дека Дро кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот европски првак, ПСЖ.

