Спорт
ЛШ: „Луда“ минута и чудесен пресврт на Звезда за пласман во ЛШ (видео)
Српскиот шампион, Црвена звезда успеа да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите првпат од воведувањето на овој формат на натпреварување откако успеа да направи чудесен пресврт во Салцбург и да извлече 2:2 реми, кое беше доволно по ремито б…

Српскиот шампион, Црвена звезда успеа да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите првпат од воведувањето на овој формат на натпреварување откако успеа да направи чудесен пресврт во Салцбург и да извлече 2:2 реми, кое беше доволно по ремито без голови во Белград.
На Црвена звезда и се приклучија и Бенфика и ПСВ Ајндховен со убедливи победи во вторите мечеви од баражот за да ги комплетираат сите 32 клубови кои оваа година ќе играат елитен европски фудбал и ќе делат од богатиот „колач“.
Звезда имаше неочекувано голема поддршка на „Ред бул арената“ од над 9.000 навивачи, но тоа не ги спречи домаќините бргу да стигнат до позитивен резултат. Моанес Дабур во 45. минута ја искористи грешката на Савиќ за да донесе водство, а ситуацијата изгледаше безилзезна за Звезда кога во 48. минута тој го постигна вториот гол (овојпат од пенал) за 2:0 водство на австрискиот шампион, кој ја елиминираше Шкендија во претходното коло.
Меѓутоа, „црвено-белите“ не се предадоа и на сцена стапи Бен! Во 65. минута, по нафрлање на Дегенек, Французинот беше сам пред голот и не згреши, а само 60 секунди подоцна, повторно комбинација Дегенек-Бен за шок на домашните навивачи.
За Звезда ова, секако, е најголемиот успех во европските натпреварувања по сезоната 1991/92, кога како актуелни европски шампиони испаднаа во натпреварите по групи во Купот на шампиони.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 2.НАТПРЕВАР
ПАОК (Грц) – Бенфика (Пор) 1:4, прв натпревар 1:1, вкупно 2:5
ПСВ Ајндховен (Хол) – БАТЕ Борисов (Блр) 3:0, прв натпревар 3:2, вкупно 5:2
Салцбург (Авт) – Црвена звезда (Срб) 2:2, прв натпревар 0:0, вкупно 2:2, Звезда оди понатаму поради гол во гости.
УЧЕСНИЦИ ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2018/19
Реал Мадрид (Шпа), Атлетико Мадрид (Шпа), Барселона (Шпа), Валенсија (Шпа)
Баерн Минхен (Гер), Борусија Дортмунд (Гер), Шалке (Гер), Хофенхајм (Гер)
Манчестер сити (Анг), Манчестер јунајтед (Анг), Ливерпул (Анг), Тотенхем (Анг)
Јувентус Торино (Ита), Наполи (Ита), Интер (Ита), Рома (Ита)
Пари Сен-Жермен (Фра), Монако (Фра), Лион (Фра)
Порто (Пор), Бенфика Лисабон (Пор)
Локомотив Москва (Рус), ЦСКА Москва (Рус)
Ајакс Амстердам (Хол), ПСВ Ајндховен (Хол)
Шахтјор Доњецк (Укр), АЕК Атина (Грц), Јанг Бојс Берн (Шва), Викторија Плзен (Чеш)
Клуб Бриж (Бел), Галатасарај Истанбул (Тур), Црвена звезда Белград (Срб)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мароко по пенал рулетот во финалето на Африканскиот куп на нации
Фудбалерите на Мароко изборија пласман во финалето на Купот на африканските нации, откако ја победија Нигерија (4:2) по изведувањето на пенали. Мароко на тиутла во Африканскиот куп чека 50 години, а последен пат во финалето играше пред 22 години.
Иако овие две селекции постигнаа многу голови во текот на целиот турнир, особено Нигерија, во Рабат, одиграа „тврд“ натпревар. Важноста на дуелот го направи своето, па не е чудно што о 120 минути немаше голови.
И двете селекции пропуштија добри можности на самиот почеток. Прво, Брахим Диас од едната, а потоа и Адемола Лукман од другата страна.
Мароко, поддржан од поддршката од трибините, беше малку поагилен и се закани уште два пати преку Ашраф Хакими и Нусер Мазрауи, но немаше промена во резултатот.
Второто полувреме беше здодевно, а се издвоија само два обида на Абде Езалзули, но Стенли Нвабали ги одбрани двата удари.
Во продолжение каде што немаше шанси, па вториот финалист беше решен во пенал рулетот.
Ролеркостер од емоции доживеаа сите марокански навивачи, бидејќи Хамза Игамане, играч кој играше само една минута на турнирот пред полуфиналето, промаши пенал во втората серија.
Нигеријците не успеаја да ја зачуваат таа предност. Веднаш возврати Чуквезе, во четвртата Бпну на чудесен начин го одбрани пеналот на Ониемеачи, а Ен Несири потоа погоди за голема радост на трибините.
Мароко за титулата ќе се бори против Сенегал. Инаку и двете овие селекции досега само еднаш биле шампиони на Африка.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Сензација, Албасете го елиминира Реал од Купот на Кралот
Второлигашот Албасете креираа сензација во осминафиналето во Купот на Кралот, со победата над Реал Мадрид 3:2.Апсолутен херој на домашниот тим е Хефте Бетанкор, кој постгна два гола, вториот во 94-та беше вистинска минијатура. Албасете во 15-от дуел успеа прв пат да го победи Реал.
Албасете, инаку 17-ти на табелата во Втората шпанска лига, два пати водеше, Реал експресно се враќаше во натпреварот. Се чинеше дека Реал на деботиот на новиот тренер, Алваро Арбелоа ќе избори продолженија, но тогаш на сцена стапи Бетакор кој го постави конениот резултат, 3:2.
Реал доживеа уште еден жесток удар во само три дена, откако беа поразени од Барселона во финалето на Суперкупот, останаа и без тренерот Чаби Алонсо, доживеаја и елиминација од Купот.
Не е изговор за гостите, но мора да се каже дека играа против Албасете без неколку стандардни фудбалери.
Од различни причини отсустваа: Мбапе, Александар-Арнолд, Белингам, Куртоа, Дијаз, Милитао, Карерас, Менди, Родриго, Ридигер и Чуамени.
Инаку, Хави Виљар го постигна првиот гол во 42-та минута, а три минути подцна изедначи Мастантуоно. Албасете предноста ја врати во 82-та минута кога првиот од двата гола го по постигна Бентакор, а изедначи во 91-та Гонзало Гарсија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Арсенал го победи Челзи на „Стенфорд Бриџ“
Фудбалерите на Арсенал се блиску до пласман во финалето, во Лига купот. Вечерва на „Стенфорд Бриџ“, Арсенал го победи Челзи со 3:2, во првиот полуфинален натпревар.
„Тобпџиите“ пев пат победија на теренот на Челзи, во кое било натпреварување од 2022 година.
Актуелниот лидер во Премиер лигата поведе во седмата минута преку Бен Вајт, кој ја искористи катастрофалната реакција на голманот Роберт Санчез.
На стартот од вториот дел, во 49-та минута, Виктор Ѓокереш зголеми резултатот на 2:0.
Помалку од десет минути подоцна, Гарначо им даде надеж на домашните, но тимот на Микел Артета повторно се врати на +2, кога Зубименди постигна гол во 71-та минута.
Се чинеше дека тоа ќе биде сè на овој меч, но незивесноста ја врати Гарначо со својот втор гол во 83-та минута.
На крајот, сепак Арсенал победи, пред реваншот на 3 февруари на „Емирејтс“.
Foto/ EPA

