Спорт
Манчестер јунајтед на турнеја во САД, Санчез остана во Англија
Играчот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, поради проблеми со визата не отпатувал со клубот на турнејата во САД.
Јунајтед на американската турнеја ќе одигра пет натпревари, на кои Санчез веројатно нема да настапи. Клубот потврдил дека Чилеанецот не…


Играчот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, поради проблеми со визата, не отпатува со клубот на турнејата во САД.
Јунајтед на американската турнеја ќе одигра пет натпревари, на кои Санчез, веројатно, нема да настапи. Клубот потврдил дека Чилеанецот не е со екипата поради „лични административни проблеми“.
Според британските медиуми, тој не добил воза за влез во САД поради проблемите со неплаќањето данок, што ги имаше во Шпанија.
Обвинувањата дека не платил данок во Шпанија се од сезоната 2012/2013, во кој тој период Санчез играше за Барселона.
Подоцна тој се спогодил со шпанските власти, ја уплатил сумата што ја должел и прифатил 16-месечна затворска казна. Чилеанецот не ја издржа казната бидејќи таа била помала од двегодишна казна.
Манчестер јунајтед во САД ќе игра против Клуб Америка, Санта Клара, ЛА, Детроит и Мајами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марјан Илиевски ја презеде кошаркарската репрезентација на Македонија

Извор/ kfsm.mk
Марјан Илиевски, поранешен тренер на Пелистер, Приштина, Блокотехна, Кожув и Лирија, на денешната прес-конференција, одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, официјално е промовиран во нов селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Инаку, 49. годишниот стручњак, во својата играчка кариера бил играч на голем број на македонски клубови како Неметали Огражден, Куманово, МЗТ Скопје, Никол Ферт.
Првиот официјален натпревар за него и за неговите соработници, меѓу кои се поранешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром и помошник во повеќе европски гиганти, Боби Митев, Борче Даскаловски, некогашен предводник на Карпош Соколи и на МЗТ Скопје Уни Банка, скопски Вардар, и Мирко Петрески, кој во минатото беше селектор на младинската селекција, а изминативе години беше помошник во турскиот тим Бурса, ќе биде на големиот национален празник – Илинден.
Новиот селектор на македонската репрезентација Марјан Илиевски е свесен дека го очекува тешка работа на функцијата.
Националниот тим немаше добри резултати во претходниот период, а дополнителен проблем е тајмингот во кој се играат натпреварите од претквалификациите за Светското првенство што ќе биде прва задача за Илиевски. Голем дел од кошаркарите во август се на одмор, но најважно е тоа што подготовките треба да почнат во јули.
„Му благодарам на раководството на Кошаркарската федерација за честа да бидам на оваа позиција на која сум сега. Им благодарам и на моите соработници за поддршката и очекувам максимален ангажман од нив.
Неблагодарно е да зборувам за моменталната состојба, сега ќе правиме планови за иднината. Треба сите заедно да се вклучиме во работата на репрезентацијата, како ние, така и клубовите и медиумите. Потребно е да разговараме за кошарката и репрезентацијата за тоа како би се движеле во иднина за да ја подобриме ситуацијата во нашиот спорт. Не е прифатливо за мене да дојдеме до опструкции од клубовите бидејќи тие се неоходен дел од оваа операција.
Стартната позиција на која се наоѓаме е тоа дека дел од главните играчи нема да можат да бидат присутни во августовскиот циклус. Сепак, сакам да разговарам уште еднаш со нив и да ги поставиме работите на своето место. Дури тогаш ќе знаеме со каков ростер ќе располагаме. Ако ги немаме главните играчи, периодот за почеток на подготвки (10 јули) е многу доцна, особено ако се подмладува репрезентацијата. Ни од натурализираните играчи немаме потврда, за Шортс уште трае сезоната. Тоа значи дека во моментов не знаеме каков тим ќе имаме, а со тоа и какви ни се амбициите“ – рече Илиевски.
На 2. август, на почетокот на втората фаза од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година, на свој терен, ќе ја пречекаме репрезентацијата на Романија. Во овој дел од ФИБА календарот, во текот на август, нашата најдобра селекција ќе одигра вкупно четири натпревари од групата „Б“ во која е уште и селекцијата на Унгарија.
Двете најдобри селекции од групата ќе обезбедат место во квалификацискиот систем додека последнопласираниот тим ќе падне уште подолу, па ќе мора да игра во првиот претквалификациски круг за место на Европското Првенство во 2029 година.
Спорт
Волф: Потегот на Ред Бул е патетичен и мизерен

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека потегот на Ред Бул да поднесе приговор по победата на Џорџ Расел во Канада е „жалосен и мизерен“.
По трката во Монтреал, Ред Бул поднесе жалба во која се наведува дека Расел „возел непредвидливо и невнимателно“, и дека „ направил неспортски потег во време кога на патеката имало безбедносно возило“. И двата приговори беа отфрлени.
Пред официјалната премиера на филмот Формула 1, Тото Волф разговараше со новинарите на оваа тема. И не ги поштеди своите ривали, кои веќе двапати поднесоа жалби против возачот на Мерцедес оваа сезона. Во Мајами, тврдеа дека тој не забавил откако безбедносното возило излезе на патеката.
„Најпрвин, на Ред Бул му беа потребни два часа за да поднесе жалба. Искрено, тоа е толку жалосно и мизерно. Го направија тоа во Мајами. Сега поднесоа два жалби, а една повлекоа бидејќи беше смешна. Доаѓаат со некои чудни клаузули, барем ги нарекуваат клаузули. Мислам дека ФИА и не мора да ги разгледа затоа што е нереално“, рече Волф.
„Се тркаш, победуваш или губиш на патеката. Беше фер победа, како многу пати претходно. Ова е срамно“, додаде тој.
„Тие сами повлекоа една жалба, дури и не следеа што се случува затоа што знаеја дека нема смисла. Ни требаа пет часа за другата. Дури и не знам што мислеле под неспортско однесување. За што се работи? Кој одлучува за тоа? Затоа сум сто проценти сигурен дека не е идеја на Макс, тој е возач, тркач. Тој никогаш не би се пожалил за толку тривијална работа.“
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, зборуваше за истото, на истото место, и рече дека не жали што е поднесена жалбата.
Спорт
Српскиот претседател Вучиќ го прими Јусеин Болт – атлетичарот ќе биде амбасадор на „Експо 2027“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Палатата Србија се сретна со повеќекратниот олимписки шампион и рекордер во спринт, Јусеин Болт.
Вучиќ и Болт ќе се обратат на медиумите по средбата.
На средбата присуствуваа и првиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали и директорот на компанијата „Експо2027“ од Белград Душан Боровчанин.
Вучиќ утрово изјави дека легендарниот спортист и повеќекратен олимписки шампион Јусеин Болт ќе биде еден од промоторите на специјализираната изложба „Експо 2027“ што ќе се одржи во Белград, и нагласи дека ова е голема работа за Србија.
Вучиќ рече дека со доаѓањето на Болт, промоцијата на „Експо“ е подигната на спектакуларно ниво.
Болт е најпознатиот атлетичар во историјата, спринтер чии рекорди на 100 метри и 200 метри се активни од 2009 година и Светското првенство во Берлин.
Јусеин Болт е сопственик на осум златни олимписки медали, 11 медали од светски првенства, како и два сребрени и еден бронзен на планетарни првенства.
Болт никогаш не бил поразен на Олимписките игри, а од 2008 до 2016 година ги победил сите свои соперници.
„Експо 2027“ ќе ја чини Србија 1,3 милијарди евра само на директни трошоци. Сепак, на нив мора да се додадат и оние што не се официјално вклучени во центата на „Експо 2027“, но се неразделен дел од манифестацијата.
Станува збор за огромни интервенции во областа на инфраструктурата, сообраќајот и капиталните проекти, како што е Националниот стадион со капацитет од 55 илјади седишта. Со нив, трошоците за директни и индиректни инвестиции за Експото ќе изнесуваат 17 милијарди евра.
Сето ова за настан што ќе трае само три месеци, од мај до август 2027 година. Затоа проектот Експо со месеци предизвикува бурни реакции и критики во српската јавност, а многумина го сметаат за контроверзен поради огромните трошоци.
Да ве потсетиме дека претседателот Вучиќ се соочува со седум месечни протести низ целата земја, кои започнаа поради корупцијата во Србија, а Експо 2027 е уште една во низата теми што ја делат јавноста, која е огорчена од фактот дека за време на режимот на Вучиќ, капиталните проекти се преплатени многукратно.