Спорт
МЗТ има предност во полуфиналето од плејофот
Со фантастични 17 погодени тројки, МЗТ Скопје стигна до 80:74 победа над Блокотехна за да поведе со 1:0 во полуфиналето од плеј-оф серијата.
Марко Симоновски имаше фантастични 9 тројки од 13 обиди и со 27 поени ги предводеше „металците“ до домашна побе…


Со фантастични 17 погодени тројки, МЗТ Скопје стигна до 80:74 победа над Блокотехна за да поведе со 1:0 во полуфиналето од плејоф-серијата.
Марко Симоновски имаше фантастични 9 тројки од 13 обиди и со 27 поени ги предводеше „металците“ до домашна победа за актуелниот шампион да тргне во претпоследниот чекор од одбраната на титулата.
И покрај одличната партија, Блокотехна постојано беше блиску до МЗТ надминувајќи ги -5 од првата четвртина за во последната да влезе со поен разлика (57:58). Бојан Трајковски додаде 17 поени, а кај Блокотехна најдобар беше Ѓуроски со 21 поен.
Во второто полуфинале од плејофот Работнички игра со Куманово, а првиот меч е утре, додека в петок МЗТ ќе гостува во Гевгелија.
ПЛЕЈОФ, ПОЛУФИНАЛЕ
(1:0) МЗТ Скопје – Блокотехна 80:74
(0:0) Работнички – Куманово утре
Фото: МЗТ Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Детали го делат Лукман од трансфер во Интер

Адемола Лукман донесе одлука да ја напушти Аталанта.
Тој имаше неколку понуди, но пред два дена им изјави на италијанските медиуми дека единствена опција за трансфер е Интер. .
Члениците на Интер испратија официјална понуда од 55 милиони евра, плус бонуси. Италијанските медиуми тврдат дека одличниот напаѓач е на еден чекор од потпишување на договор.
Foto/ EPA
Спорт
Реал прави сè за да го избрка Алаба

Давид Алаба (33) од лидер на одбраната на Реал Мадрид се претвори во петта опција на позицијата стопер и растечки проблем за клубот од Мадрид за само 18 месеци.
Австрискиот дефанзивец како слободен играч, пристигна во летото 2021 година од Баерн за да го замени Серхио Рамос и веднаш се претвори во клучен човек во системот на Карло Анчелоти кој ги освои и Ла Лига и Лигата на шампионите. Потоа започнаа проблемите на Алаба со повредите.
Реал сака да се ослободи од него, но како што пишува „Ас“, Алаба не сака да си замине.
Иако пред него во хиерархијата има четири стопери (Хујсен, Милитао, Ридигер и Асенсио) и иако Чаби Алонсо редовно го користи на тренинзите Жоан Мартинез од младинскиот тим, Алаба сака да остане.
И има свои причини за тоа.
Освен што верува дека сè уште може да се врати во форма, тој има и трет најголем договор во тимот, 22,5 милиони евра бруто. Бидејќи влезе во последната година од договорот тој нема намера да се откаже од тие пари.
На 33-годишна возраст, клубот му понуди исплата на дел од договорот и спогодбен раскин, но Австриецот го одбил предлогот.
Алаба сака Реал да му ја исплати целата плата, која му следува според договорот и околу тоа нема да преговара.
Само Килијан Мбапе (32 милиони) и Винисиус Жуниор (30 милиони) заработуваат повеќе од него. Неговиот договор важи до 30 јуни 2026 година.
Foto/ EPA
Спорт
Пропадна трансферот на Ребиќ во Хајдук

Една од најдолгите трансфер саги, во регионов ова лето заврши. Како што објави „Далматински портал“, 31-годишниот напаѓач, Анте Ребиќ, кој моментално е без клуб, не успеа да постигне договор со Хајдук.
Причината се финансиите. Новиот спортски директор Горан Вучевиќ и раководството на Хајдук не сакаат да даваат преголеми договори, а договорот бил да се понуди максимум 400 илјади евра годишно со бонуси.
Според сите информации, Ребиќ барал речиси двојно повеќе, околу 750 илјади евра.
Ребиќ има неколку понуди. Една е од Холандија, а неколку од нив се од Блискиот Исток и други делови од Азија. Наводно му нудат над два милиони евра таму, но Ребиќ сака да игра фудбал во Европа додека сè уште може.
Поранешниот хрватски репрезентативец е слободен агент откако неговиот едногодишен договор со Лече истече на почетокот на јули. Ребиќ не се истакна таму и постигна само еден гол на 27 настапи во Серија А, па Лече одлучи да не му понуди нов договор.
Фото/ Принтскрин