Спорт
Милион луѓе ги пречекаа шампионите во Париз (видео)
Ден по освојувањето на светската титула, фудбалерите на Франција слетаа на аеродромот „Шарл Де Гол“, во Париз. Први од авионот со победничкиот пехар излегоа капитенот Иго Љорис и селекторот Дидие Дешам.
foto: epa
Со панорамски автобус, фудбалерите се у…

Ден по освојувањето на светската титула, фудбалерите на Франција слетаа на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз. Први од авионот со победничкиот пехар излегоа капитенот Иго Љорис и селекторот Дидие Дешам.

Со панорамски автобус фудбалерите се упатија кон авенијата Шанзелизе, каде што беа пречекани од илјадници фанови.

Новите светски шампиони се пречекани од еден милион луѓе.
La foule sur les Champs-Élysées !! #lequipeCDM pic.twitter.com/IRVjQuEgJx
— la chaine L’ÉQUIPE (@lachainelequipe) July 16, 2018
Репрезентативците потоа ќе бидат примени од претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.
Францускиот претседател секој играч ќе го одликува со „Легијата на честа“. Интересно, селекторот Дешам веќе го има добиено ова одликување во 1998 година кога беше капитен на репрезентацијата.
Les Champs-Élysées s’embrasent complètement au passage du bus ! #lequipeCDM pic.twitter.com/N0rPOv8i7J
— la chaine L’ÉQUIPE (@lachainelequipe) July 16, 2018
Потоа за нив ќе биде организиран свечен прием во Елисејската палата. На приемот се поканети околу 3.000 гости, меѓу кои и многу млади фудбалери од фудбалските школи, кои создаваат светски шампиони, каков што е клубот „Бонди“, каде што започнал да тренира Килијан Мбапе.
На приемот гостите ќе ги анимира артистот Сејк, голем навивач на француската репрезентација, кој ќе настапи бесплатно.
Франција, вчера, ја освои втората светска титула во својата историја. Во финалето на 21. Светско првенство, Франција ја победи Хрватска со 4:2.
.@paulpogba et les Bleus à Paris. pic.twitter.com/SANzmm2DYv
— Equipe de France (@equipedefrance) July 16, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хрватска со победа ја отвори главната фаза на ЕП
Хрватските ракометари ја отворија главната фаза на Европското првенство со победа над Исланд – 30:29 (19:15).
Избраниците на Дагур Сигурдсон водеа од самиот почеток на натпреварот и успешно ги одбиваа нападите на Скандинавците во текот на целиот натпревар. Првото полувреме го затворија со серија од 3:0 и стигнаа до најголеми плус четири.
Омар Магнусон реши да ги земе работите во свои раце и со пет гола во второто полувреме успеа да ја намали предноста на Хрватите на само еден гол разлика.
Тоа не ги поколеба трикратните сребрени медалисти од првенствата на Стариот континент, кои повторно избегаа на безбедно растојание и обезбедија многу важен триумф.
На крајот сепак им дозволија на Исланѓаните да постигнат два брзи гола, што на крајот може скапо да ги чини доколку се формира круг со три или повеќе репрезентации со ист број на бодови, кога ќе се гледа гол-разликата.
Матео Мараш и Звонимир Срна ја предводеа Хрватска. Првиот постигна седум, вториот шест гола. Одличен беше и голманот Кузмановиќ, кој одбрани три седмерци.
Од друга страна, се истакнаа Магнусон и Один Рикардсон, кои броеја до осум.
Хрватите ќе се сретнат со Швајцарија, Словенија и Унгарија до крајот на Главната рунда.
Доколку се најдат меѓу првите две нации во групата, ќе обезбедат место во полуфиналето.
Foto/ EPA
Спорт
Ејбрахам се враќа во Астон Вила
Тами Ејбрахам е на пат да се врати во англискиот фудбал по четири и пол години. Ејбрахам е на прагот да се врати во Астон Вила, за која постигна 26 гола во Чемпионшип во сезоната 2018/19.
Како што објави „ТРТ Спор“, а потврди и Фабрицио Романо, Бешикташ и Астон Вила постигнале договор. Вила ќе плати 21 милион евра и во Истанбул ќе го испрати Јашин Озџан, како дел од трансферот.
Ејбрахам пристигна од Рома во црно-белиот тим од Босфор ова лето, а во последно време не игра во добра форма.
Екипата на Унаи Емери беше без Дониел Мулен кон средината на јануари, кој замина на позајмица во Рома, па Абрахам пристигнува како врвна замена во се попредизвикувачкиот дел од сезоната.
Искусниот англиски голгетер ќе биде замена за Оли Воткинс, кој е единствениот вистински напаѓач во Вила во тековната кампања.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тотенхем се сериозно заинтересирани за Енди Робертсон
Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул.
Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона.
Во Ливерпул пристигна во 2017 година, каде што брзо се етаблираше на левата страна од стартната постава, а работите се променија со заминувањето на германскиот стручњак Јирген Клоп и доаѓањето на холандскиот тренер Арне Слот.
Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а на почетокот на оваа Слот донесе уште еден лев бек, Милош Керкез.
Наводно, Тотенхем испратил понуда до 31-годишникот. Сепак Би-Би-Си пишува дека Ливерпул нема потреба од лев бек откако во меѓувреме го донесе 19-годишниот Бразилец Соуза.
Сепак, тие истакнуваат дека Бразилецот е премногу млад и дека поради тоа менаџерот Томас Франк бара искусен фудбалер на таа позиција.
Договорот на Робертсон истекува ова лето, а тој неодамна изјави дека не знае, односно сè уште не одлучил, што му носи иднината.
Foto/ EPA

