Спорт
Модриќ затаил данок од два милиона евра
Шпанското обвинителство покренало нова истрага против фудбалерот н Реал Мадри, Лука Модриќ, објави „Мундо депортиво“.
Според истиот извор, Модриќ затаил данок во износ од 1,2 милиони евра. Тоа се случило пред шест години, кога Хрватот го реализирал тра…


Шпанското обвинителство повело нова истрага против фудбалерот на Реал Мадри, Лука Модриќ, објави „Мундо депортиво“.
Според истиот извор, Модриќ затаил данок во износ од 1,2 милион евра. Тоа се случило пред шест години кога Хрватот го реализирал трансферот од Тотенхем во Реал.
Според власите, тој морал да плати данок за целата година иако во Шпанија во 2012 година минал само четири месеци.
Претходно веќе шпанското обвинителство води постапка против Модриќ дека во 2013 и 2014 година не платил данок во износ од 800.000 евра. Ова значи дека Модриќ вкупно затаил два милиона евра.
Тој е обвинет дека во Луксембург отворил фиктивна компанија, на која ѝ ги пренел своите маркетинг-права. Преку компанијата „Ивано“, Модриќ во 2013 година затаил 290.000 евра, а во 2014 година 579.000 евра.
„Мундо депотриво“ објави дека Модриќ преговара со шпанските власити за да избегне затворска казна.
Веројатно, и неговиот случај ќе заврши како и оние на Роналдо, Меси, Марсело, Алексис Санчез, Жозе Мурињо, Хавиер Маскерано… Сите се спогодија да ги платат казните и каматите и да добијат условни затворски казни помали од две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Меси со спектакуларен гол ја режира победата на Интер

Со спектакуларниот гол на Лионел Меси, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.
Еден од најдобрите играчи во историјата ја намести топката во 54-та минута и изведе совршен слободен удар од околу 20 метри. Аргентибецот го погоди левиот горен агол од голот на Клаудио, кој не можеше да се одбрани. Тоа беше клучен момент на натпреварот.
Во првото полувреме, Порто беше подобриот тим. Тие поведоа веќе во осмата минута кога шпанскиот репрезентативец Сама постигна гол од пенал. Португалците можеа да водат поубедливо, но не ги искористија своите можности.
Сè се промени за осум минути во второто полувреме. Прво, Сеговија го израмни резултатот по додавање на Вејнгант, а потоа волшебникот од Росарио реши сè.
Палмеирас и Интер сега имаат по четири бода, додека Ал Ахли и Порто имаат по еден бод.
Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Спорт
Мбапе е хоспитализиран!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови.
Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.
„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со Ал-Хилал во првото коло од Светското клупско првенство на ФИФА.
Мбапе не беше дел од тој натпревар поради повреда, или поточно болест, а сега е откриено точно за што се работи.
Следниот натпревар на Реал е во недела навечер против Пачука, но големото прашање е дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.