Спорт
Монструозни парии на Јокиќ од Денвер и Ембид од Филаделфија (Видео)
Никола Јокиќ и Џоел Ембид, центрите на Денвер и Филалдлефија со монструозни партии ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Бруклин Нетс изненадувачки ги совладаа Денвер Нагетс 112:110, додека Филалделфија, по едно продолжение ги победија Шарлот Хорне…


Никола Јокиќ и Џоел Ембид, центрите на Денвер и Филалдлефија со монструозни партии ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Бруклин Нетс изненадувачки ги совладаа Денвер Нагетс 112:110, додека Филалделфија, по едно продолжение ги победија Шарлот Хорнетс 133:132.
Јокиќ доминираше во тимот на Денвер со 37 поени, 21 скок, три асистенции и две блокади за 33 минути игра.
Денвер има скор 9/3 на Западот, додека Бруклин се на шест победи и исто толку порази на Истокот.
Ембид блескаше против Шарлот. Тој најпрвин со седум поени во низа му обезбеди продолжение на својот тим, а потоа ја обезбеди победата за Филалделфија. Ембид мечот го заврши со 42 поени, 18 скока, четири блокади и четири асистенции.
Резултати:
Орландо Меџик-Вашингтон Визардс 117:108
Филалделфија ’76-Шарлот Хорнетс 133:132
Атланта Хоукс-Детроит Пистонс 109:124
Мајами Хит-Индијана Пејсерс 102:110
Денвер Нагетс-Бруклин Нетс 110:112
Јута Џез-Бостон Селтикс 123:115
Сакраменто Кингс-Минесота Тимбервулвс 121:110
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кунде ја повредил тетивата ќе го пропушти реваншот против Интер

Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, заработи повреда на тетивата на натпреварот со Интер (3:3).
Репрезентативецот на Франција на крајот од првото полувреме го напушти теренот, му отстапи место на Ерик Гарсија.
Кунде ќе изврши подетални тестови во текот на денот, но според првите информации, повредата е серизна и тој ќе го пропушти реваншот на „Џузепе Меаца“.
Ова значи дека тој ќе го пропушти и „Ел Класико“ во Ла Лига, кое е закажано за 11 мај.
Токму Кунде беше херојот на „блауграната“ минатиот викенд, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Кралскиот куп (3:2).
Кунде е најстандардниот играч на каталонскиот гигант, а оваа сезона одигра дури 52 натпревари.
Спорт
Мекманаман: Голот на Интер е поништен поради нокт на ногата?!

Првиот полуфинален натпревар помеѓу Барселона и Интер заврши со резултат 3:3.
Публиката виде неколку атрактивни и еден поништен гол.
Во 75-тата минута, стрелец за гостите беше Хенрик Мхтарјан. По четврти пат, топката се најде во мрежата на Каталонците, но помошникот судија го крена знамето, а ВАР потврди офсајд. И тоа минимален, милиметари беа во прашање…
„Не знам како се чувствуваат во Интер по сè. Останаа без капитенот Лаутаро Мартинез, нивниот гол беше поништен поради нокт на ногата. Има силни емоции, но навистина треба да бидат пресреќни поради прикажаната игра“, коментираше Стив Мекманаман, поранешниот ас на Ливерпул и Реал Мадрид, за англиските медиуми.
Реванш натпреварот помеѓу Интер и Барселона е закажан за вторник, 6 мај.
Спорт
(Видео) Спектакл на „Монжуик“, Барселона-Интер 3:3

Спектакуларен натпревар одиграа Барселона и Интер на „Можуик“ во полуфиналето, на Лигата на шампиони. По 90 минути натпреварот заврши без победник 3:3.
Праведно реми на „Монжуик“, двата тима не заслужија да загубат, но ќе остане впечатокот дека Интер беше поблиску до победа.
Интер го започна натпреварот фантастично. Поведоа гостите по 30 секунди што е најбрзиот гол во историјата на полуфиналињата во Лигата на шампионите. Маркус Тирам реагираше брилијантно, со петица ја смести топката во голот.
Веќе во 21-та минута беше 0:2. Стрелец на уште еден атрактивен гол беше Дензел Дамфрис. Тој ја испрати топката во мрежата со ножички по корнерот и скокот на Ачерби.
И една интересна работа: Дамфрис стана првиот Холанѓанец кој постигнал гол и асистирал во полуфиналето на Лигата на шампионите по Весли Снајдер, кој го направи во дресот на Интер против Барселона.
Од тој момент, фудбалерите на Барселона се разбудија. Само три минути по вториот гол на „нероаѕурите“, публиката на „Монжуик“ сведочеше на магичен потег на 17-годишниот Ламин Јамал.
Само минута подоцна, Јамал ја погоди гредата, а во 38-та минута веќе беше 2:2. Школска акција на Каталонците: Педри испрати долга топка, Рафиња ја додаде со глава до Феран Торес, кој ја смести во мрежата.
Во второто полувреме немаше толку многу голови, но беше и возбудливо.
Во 64-тата минута повторно се истакна Дензел Дамфрис. Холанѓанецот беше највисок во скокот по корнерот за 2:3.
Сепак, новото водство на Интер траеше само две минути: силниот удар на Рафиња ја погоди пречката, топката се одби од главата на голманот на гостите Зомер и заврши во мрежата за 3:3.
Во 75-тата минута, топката по четврти пат се најде во мрежата на Каталонците, голот го постигна Хенрик Мхтарјан, но помошникот судија го крена знамето, а ВАР го потврди милиметарскиот офсајд.
Само три минути пред крајот на регуларниот дел, нов неверојатен потег на Ламин Јамал, центаршуткој заврши во гредата.
Реваншот на „Џузепе Меаца“ ќе се одигра во вторник на 6.мај.