Спорт
Мората веќе ги договорил личните услови со Јувентус
Алваро Мората најверојатно ќе го запечати враќањето во Јувентус, откако повеќе британски и италијански извори потврдија дека тој веќе ги договорил личните услови со италијанскиот клуб и се чека само на потврда на Челси.
Според „Раи спорт“, договорот е …


Алваро Мората најверојатно ќе го запечати враќањето во Јувентус, откако повеќе британски и италијански извори потврдија дека тој веќе ги договорил личните услови со италијанскиот клуб и се чека само на потврда на Челси.
Според „Раи спорт“, договорот е направен и тоа со намалена плата за Шпанецот. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид заработува 9 милиони евра годишно во Челси, додека најскапиот играч на Јуве е Гонзало Игуаин со 7.5 милиони евра.
Челси минатото лето го купи Мората за одлични 66 милиони евра и секако ќе бара добра сума, но „Раи“ додава дека е можна опција со позајмица за две години, слично како со Хуан Квадрадо.
Мората освои две италијански титули и играше во финалето на ЛШ со Јуве од 2014 до 2016 година, додека во деби-сезоната на „Стемфорд бриџ“ имаше доста проблеми, иако досега има солидни 15 голови.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Комичен авто гол на Рахмани, пораз на Наполи во Комо

Фудбалерите на Наполи ја продолжија серијата неуспешни резултати во овој дел од сезоната, загубија со 2:1 на гостувањето кај Комо. Шест дена пред дербито, Наполитанците му ја препупштија челната позиција на Интер.
Наполи се наоѓа во серија на ужасни резултати, на последните четирир натпревари нема победа, три пати одигра нерешено и загуби од Комо. Последниот триумф во Серија А, Наполи го оствари на 25.јануари против Јувентус.
Дека дуелот на стадионот крај езерото Комо нема да го паметат по добро избраниците на Антонио Конте навестија по само седум минути игра.
Во седмата минута Амир Рахмани си постигна комичен автогол. Десет минути траеше радоста на домашниот тим, кога нивната предност ја поништи Џакомо Распадори.
⚽️ GOAL: Rrahmani (OG)
🇮🇹 Como 1-0 Napolipic.twitter.com/FWQfMSzTht— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 23, 2025
Првата сериозна шанса Наполи ја имаше во второто полувреме преку Скот Мектоминеј, но ударот на шкотскиот фудбалер го прочита Буте и успеа да одбрани.
Во 75. минута Ангиса од добра позиција лошо шутираше, право во голманот Буте.
Само две минути подоцна Комо поведе со 2:1 откако Асане Диао го совлада Мерет. Младиот напаѓач, во зимскиот преоден рок дојде во Комо, го постигна петтиот гол на осмиот одигран натпревар.
Последната шанса да избегне пораз, Наполи ја имаше во судиското надополнување, ударот на Рахмани заврши за десетна сантиметри карај десната статива.
Спорт
Макс бил лут дека во Лондон го пречекале со свирежи, бара подобар третман

Минатата недела беше најавена новата сезона во Формула 1, 75 по ред, со спектакл во „О2“ арената во Лондон, а неколку дена подоцна Формула 1 реагираше на начинот на кој беа пречекани светскиот шампион Макс Ферстапен и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Наводно, Ферстапен се заканил дека ќе ги бојкотира идните настани во Англија.
Ферстапен и Хорнер беа пречекани со свирежи во арената во Лондон, а медиумите тврдат дека Холанѓанецот бил особено бесен поради тоа.
„Нема да ме видат повеќе овде доколку ова се повтори. Јас се согласувам со него“, изјави таткото на Ферстапен за „Рејс експрес“.
„Доаѓаш да го промовираш спортот, а тие те пречекуваат со свирежи. Мислам дека тоа е неприфатливо. Разбирам дека Макс е единствениот кој врши притисок врз англиските возачи, кој кажува што мисли и се однесува во согласност со тоа што е, но мислам дека ова е неприфатливо и разочарувачки“, додаде тој. :
„Она што го краси спортот на сите нивоа е култура на почит. Беше многу разочарувачки да се слушне реакцијата на публиката кон светскиот шампион Макс Ферстапен и првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Макс и Кристијан придонесоа неизмерно за спортот што го сакаме. Не треба да гледаме вакви работи кога ќе започне сезоната“.
Сезоната започнува на 14. март викендот за Големата награда на Австралија.
Спорт
Артета: Не сме на нивото што е потребно да се освои Премиер лигата

Арсенал доживеа неочекуван пораз од Вест Хем на „Емирати“, а Микел Артета со право по мечот им беше лут на своите играчи.
Титулата сега е само мислена именка за „тобџиите“, за ова е свесен тренерот на Арсенал:
„Тоа веќе не зависи од нас. Навистина, навистина сум лут во моментов поради она што зависи од нас, а тоа се нашите перформанси и резултати, а ние не го направивме она што можеме“, рече Артета.
Арсенал статистички беше подоминантен ривал од Вест Хем, но тие изгледаа многу лошо на теренот.
„Многу сум разочаран. Иако имавме 20 шута, не чувствував дека сме на нивото на кое требаше да бидеме. Ова не е ни блиску до нивото што треба да го достигнеме за да имаме шанса да ја освоиме Премиер лигата“, заклучи Артета.
На табелата во Премиер лигата, Ливерпул е на чело со осум поени повеќе од Арсенал.