Спорт
МФМ го врати во календарот брзинскиот мотоциклизам
Оваа година по пауза од повеќе од 10 години, брзинскиот мотоциклизам повторно е дел од системот натпревари на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ). По долгата пауза и неможноста македонските мотоциклисти да се натпреваруваат за шампионатот …

Оваа година по пауза од повеќе од 10 години, брзинскиот мотоциклизам повторно е дел од системот натпревари на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ). По долгата пауза и неможноста македонските мотоциклисти да се натпреваруваат за шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам, годинава новото раководство на федерацијата со помош на државата ги враќа сите шампионати во својот календар. Натпревар од шампионатот на Македонија, ќе се одржи вокендот од 6-8.јули на патеката во Серес, Грција. На ова апатека ќе се одржат два натпревара од календарот за 2018 година.

Класи во кој ќе се натпреваруваат мотоциклистите за Шампионатот на Македонија се следните:
-125 (мотоцикли до 125 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација)
-600 Формула (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)
-600 Супер Спорт (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација)
-1000 Формула (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)
-1000 Супербајк (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, натпреварувачка хомологација).
Трката ќе биде организирана во соработка со Балканската мото унија, која е организатор на Балканскиот шампионат во мотоциклизам на кружни патеки на истата патека.

Патеката во Серес, Грција со својата близина и конфигурација за моментов е единствената која ги задоволува стандардите за организација на натпревар во брзински мотоциклизам, но во иднина амбицијата на новото раководство на федерацијата е да се погрижи сите мотоциклистички шампионати да добијат сопствени патеки каде би се организирале идните национални и меѓународни натпревари.
Наскоро ќе биде објавен календарот за сите претстојни натпревари од Шампионатите на Македонија во Ендуро, Мото Крос и Мото рели, како и подетална информација за традиционалните мото активности на федерацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

