Спорт
Надал ги пропушта азиските турнири, Ѓоковиќ блиску до првото место
Светскиот број 1, Рафаел Надал потврди дека нема да учествува на азиските АТП есенски турнири во обид да се опорави од повредата на коленот која ја доби на САД опен, одлука по која Новак Ѓоковиќ е многу блиску на крајот на годината да го освои првото м…
Светскиот број 1, Рафаел Надал, потврди дека нема да учествува на азиските АТП-есенски турнири во обид да закрепне од повредата на коленото што ја доби на САД опен, одлука по која Новак Ѓоковиќ е многу блиску на крајот на годината да го освои првото место на АТП-листата.
Надал се повлече во полуфиналето на Флешинг Медоуз против Хуан Мартин дел Потро по што изјави дека се работи за тендинитис на десното колено и сега нема да игра на турнирите во Пекинг и Шангај.
„Морав да се повлечам од Њујорк и по советувањето со лекарите во Барселона, решивме да не учествуваме на азиската турнеја. Проблемите со коленото не се нови за мене“, напиша Надал на „Твитер“.
Шпанецот има 8.760 поени на врвот на АТП-листата, 1.860 пред Роџер Федерер и 2.315 пред Ѓоковиќ. Бидејќи Швајцарецот има редуциран календар (лани играше само во Шангај, Базел и на АТП-финалето), Ѓоковиќ станува нов фаворит за првото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Арсенал не заслужи да загуби, но ние заслуживме да победиме“
Манчестер јунајтед на пенали го победи Арсенал и се пласира во четвртата рунда во ФА купот. „Црвените ѓаволи“ славеа со 5:3 во пенал серијата, откако претходно по 90 и 120 минути игра резултатот беше 1:1.
Апосолутен херој на „Емирати“ во Лондон, беше голманот на Јунајтед Алтај Бајиндир. Во регуларниот тек му одбрани пенал на Мартин Одегард, а во пенал рулетот го одбрани и ударот на Каи Хаварц. Покрај тоа во текот на натпреварот имаше неколку брилијантни интервенции.
„Арсенал не заслужи да загуби, но ние заслуживме да победиме“, изјави Рубен Аморим менаџерот на Манчестер јунајтед за Би-би-си.
Манчестер јунајтед, в четврток во Премиер лигата ќе игра против Саутемптон. За Јунајтед дуелот со најслабиот тим во Премиер лигата е можност да ја орекина лошата серија, на последните четири натпревари во превенството тимот на Аморим освои само еден бод.
Спорт
Перез до Модриќ: Еднаш и ние моравме да загубиме финален меч
Барселона го освои шпанскиот Суперкуп. До 15.трофеј во ова натпреварување, Барселона дојде на доминантен начин, го победи најголемиот ривал Реал Мадрид со 5:2.
И покрај тоа што Реал поведе, Барселона до полувремето постигна четири гола, а во вториот дел ја заврши работата, иако од 52. минута играше со фудбалер помалку.
Лука Модриќ играше од 64. минута и не успеа да го освои својот 29. трофеј во дресот на Реал.
Шпанската телевизија „Мовистар“, објави дека претседателот на Реал, Флорентино Перез му пришол по натпреварот и му рекол: „Еднаш моравме да загубиме финале, нели?“
Ова е трето загубено финале за Модриќ со Реал Мадрид. Тие загубија и во финалето на шпанскиот Суперкуп во сезоната 22/23, како и во Суперкупот на УЕФА 2018 година.
🚨🗣️ Florentino Perez to Luka Modric: "At some point, we had to lose a final no?" @MovistarFutbol pic.twitter.com/MgBEKwGhW0
— Madrid Zone (@theMadridZone) January 12, 2025
Спорт
Циципас испадна од Австралија опен
Стефанос Циципас ја потврди лошата форма и уште на стартот испадна од Австралија опен.
Грчкиот тенисер загуби од Алекс Микелсен со резултат 1:3 (5:7, 3:6, 6:2, 4:6).
Циципас влезе во натпреварот поагресивно од Микелсен. Американецот имаше висок процент на освоени поени на првиот сервис, што не му дозволи на грчкиот играч шанса за брејк.
Сепак, при 6:5 за Микелсен, концентрацијата на Циципас падна и го загуби првиот сет по 40 минути игра.
Циципас го промени пристапот во вториот сет, но тоа не му донесе никаков резултат. Повторно не можеше да дојде до брејк топка во текот на целиот сет, а Микелсен повторно ја искористи единствената можност што му се укажа во осмиот гем кога ја искористи втората брејк шанса. Американецот поведе со 2-0 во сетови и веќе беше на повидок мало изненадување.
Ќе беше премногу Гркот да си замине од Мелбурн без загубен сет, па сепак го намали резултатот. Мора да се признае, и покрај резултатот од 6:2, не беше така лесно. При 4:2 за Циципас, Микелсен имаше брејк топки кои можеше да ги искористи за да се врати во сетот, но не ги искористи и Циципас се врати во живот.
Четвртиот сет беше полн со возбудувања. Микелсен направи брејк на стартот и го задржа водството на 3:2, а потоа следуваше серија од четири гема со брејкови.
Микелсен одлично сервираше до крајот и забележа победа по два часа и 45 минути игра. Во следното коло противник ќе му биде победникот од дуелот Ландалус – Макаби.