Спорт
Надал: Федерер одигра најдобро, но Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња
Поранешниот тренер на Рафаел Надал, Тони Надал изјави дека Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, особено по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз.
Освен Ѓоковиќ, вујкото на Рафа го пофали и Роџер Федерер за кого смета дека игра најдобар тенис, додека за Рафа изјави дека му пречат повредите.
„Кој играше најдобро? Федерер. Кој е најдобриот на сите времиња? Ѓоковиќ. Затоа што освои најмногу трофеи. Кој би бил најдобар да нема повредени? Мојот внук Рафа! Но, бидејќи имаше за жал повреди, на крајот Ѓоковиќ беше најдобар, иако според она што го видов во мојот живот, Федерер го играше најдобриот тенис“, изјави Тони Надал во интервју за Јуроњуз.
Новак Ѓоковиќ сезонава не освои ниту еден грен слем трофеј, додека сезоната ја спаси со златен медал на Олимписките игри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Меси нема да остане сам во Интер Мајами
Интер Мајами ја освои титулата во МЛС, а потоа Серхио Бускетс и Џорди Алба официјално ги завршија своите кариери.
Во исто време, иднината на Луис Суарез не беше позната, бидејќи се шпекулираше дека поранешниот голгетер на Барселона би можел да го смени клубот.
Сепак, како што пишува „Атлетик“, уругвајскиот напаѓач наскоро ќе го стави потписот на на новиот договор со Интер од Мајами.
Ова значи дека, Суарез ќе остане со својот голем пријател Лионел Меси, со кого се речиси неразделни уште од времето кога беа заедно во Барселона.
Откако пристигна во Интер, искусниот напаѓач одигра 87 натпревари, постигна 42 гола и додаде 29 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алкараз и Фереро ја прекинаа соработката
Првиот тенисер во светот, Карлос Алкараз, објави шокантната вест пред почетокот на новата сезона.
Алкараз на социјалните мрежи објави дека, Хуан Карлос Фереро повеќе нема да биде негов тренер.
„Многу ми е тешко да го напишам овој пост… По повеќе од седум години заедно, Хуанки и јас решивме да ставиме крај на нашата заедничка сцена како тренер и играч“, започна Алкараз.
Дојде редот на благодарност до менторот Ферер, некогашен светски број 1.
„Ти благодарам што ги претворивте моите детски соништа во реалност. Го започнавме овој пат кога бев само дете, и во текот на тоа време ме придружувавте на неверојатно патување, на и надвор од теренот. И неизмерно уживав во секој чекор со вас“, напиша 22-годишниот Алкараз, додавајќи:
„Успеавме да го достигнеме самиот врв и чувствувам дека ако нашите спортски патеки мораа да се разделат, тоа мораше да биде токму сега. Од местото за кое отсекогаш работевме и секогаш се стремевме да стигнеме“.
Заедно освоија 24 титули, шест од нив на гренд слем турнирите.
„Толку многу спомени ми поминуваат низ главата што би било неправедно да се задржам само на едно – би било неправедно. Ме натера да пораснам како спортист, но пред сè како личност. И нешто што го ценам исклучително: уживав во процесот. Тоа ќе остане – патот што го поминавме заедно. Сега се времиња на промени за двајцата, нови авантури и нови проекти. Но, сигурен сум дека ќе им пристапиме на вистинскиот начин, давајќи го најдоброто од себе, како што секогаш правевме“.
За крај момчето од Мурсија напиша:
„Со цело мое срце, ти посакувам се најдобро во сè што доаѓа. Останувам смирен затоа што знам дека не задржавме ништо за себе, дека си дадовме сè еден на друг. Ти благодарам за сè, Хуанки!“
Како најголема цел за новата сезона, Алкараз го наведе освојувањето на Австралија Опен, единствената Гренд слем титула што му недостасува досега. Во наредните денови тој треба да објави кој ќе биде неговиот нов тренер.
Спорт
Лапорта ќе му понуди нов договор на Ханси Флик
Фудбалскиот клуб Барселона планира да му понуди нов договор на Ханси Флик.
Иако Германецот го обнови договорот до 2027 година пред неколку месеци, Џоан Лапорта сака да му понуди соработка за уште една сезона, до летото 2028 година.
Германскиот весник „Билд“ додава и дека Барса сака да го засили тимот на Флик, но дека во моментов сè уште има финансиски проблеми, поради што ќе има големи проблеми да донесе нови играчи. .
Флик е исто така среќен во каталонскиот клуб, што јавно го кажа неколку пати, а продолжувањето на соработката не би требало да биде проблем.
Не е исклучено дека Џоан Лапорта сака да ги заврши овие преговори пред претседателските избори, кои се закажани за 2026 година, но не се знае дали напролет или налето.
Флик целосно ја прероди Барселона откако го наследи Чави Ернандез и во својата прва сезона ги освои Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, победувајќи го Реал Мадрид во сите три натпреварувања. Во четири „Ел Класико“, Барса постигна 16 гола и имаше максимални 4/4.
За навивачите, ова е најдобриот доказ дека Барса и Флик се совршен пар, па затоа не е изненадувачки што клубот сака да ја продолжи соработката со германскиот тренер.
Foto/ depositphotos

