Спорт
НБА воведува три нови правила
Управниот одбор на НБА лигата, усвои нови правила кои треба дополнително да ја забрзаат играта. Трите нови правила ќе започнат да се променуваат од оваа сезона што ќе започне за еден месец.
Најважната промена е онаа која се однесува на ресетирањето на …

Управниот одбор на НБА лигата, усвои нови правила кои треба дополнително да ја забрзаат играта. Трите нови правила ќе започнат да се променуваат од оваа сезона што ќе започне за еден месец.
Најважната промена е онаа која се однесува на ресетирањето на времето за напад. По офанзивен скока, времето за напад ќе се ресетира на 14 секунди. Ова правило веќе неколку сезони се променува во европската кошарка.
Се менува и правилото за прекршок што е направен кога екипата е во контра напад, односно кога играчот има отворен пат кон кошот. Новот правило дозволува да биде суден фаул врз било кој играч кој е во транзиција или се наоѓа во добра позиција да шут.
Третото правило ќе ја прошири дефиницијата „непријателски чин (hostil act)“. Ова ќе им овозможи на судиите да со прегледувањето на снимката побрзо и поефикасно да ги одредат казните за сите играчи и тренери кои во текот на мечот ќе влезат во било каков судир со играчите и тренерите на противничката екипа, односно со навивачите и судиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фенербахче понудиле 40 милиони за Давиде Фратеси
Италијанските медиуми, објавуваат дека турски Фенербахче има подготвена понуда од 40 милиони евра за 26-годишниот Давиде Фратеси, играч од средниот ред на Интер. Оваа зима, Фенербахче сака да го доведе играчот кој има 33 настапи за италијанската репрезентација со осум гола во кариерата, а кој игра многу малку оваа сезона во Интер.
Порано, Јувентус покажа интерес за него, по што следуваа Наполи и Рома, но Интер би сакал да го испрати овој играч во странство отколку да го засили еден од своите конкуренти за врвот на италијанската Серија А.
Претходно, медиумите пишуваа дека Интер би бил задоволен со понуда од 35 милиони евра, а понудата на турскиот клуб дефинитивно ги задоволила апетитите на челниците на Интер, кој во моментов е лидер во италијанската Серија А.
Фенербахче во моментов е втор во турската Суперлига и има три бода помалку од лидерот Галатасарај.
Фратеси ја започна својата професионална кариера во Сасуоло, но потоа играше како позајмен играч во Асколи, Емполи, Монца и Интер, чиј член дефинитивно стана во 2024 година. Фратеси има важечки договор со Интер до јуни 2028 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Оли Воткинс: Емери е тактички гениј
Оли Воткинс е херојот на верашната победа на Астон Вила на „Стенфорд Бриџ“, над Челзи (2:1). Постигна два гола, во второто полувреме и ја продолжи неверојатната серија на Астон Вила. Тимот на Унаи Емери има 11 победи во сите натпреварувања, осум по ред во Премиер лигата.
„Тактички гениј“, рече Воткинс за Емери, „Тој направи промена во играта, бидејќи Челзи играше човек на човек, но тие имаа дополнителен стопер кога игравме со долги топки. Кога влегов во игра, тој ги стави Џејдон и Морган Роџерс на крилата и го премести Јури (Тилеманс) на „десетка“, па тука имавме играч повеќе. Тој (Емери) е тактички гениј“.
И покрај феноменалната форма на неговиот тим, Емери не се согласува дека Астон Вила е кандидат за титулата.
„Имам чувство дека се бориме за Европа, а не за титулата со Манчестер Сити и Арсенал. Одигравме 18 натпревари, а имаме уште 20 пред нас. Тимови како Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед, мора да се натпреваруваме со нив. Мора да бидеме конзистентни во текот на 38-те кола.“
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Тепачка меѓу „Давид и Голијат“, малиот Алварадо го нападна големиот Вилијамс
Кошаркарите на Феникс ја продолжија добрата серија во Њу Орлеанс, каде што ги победија Пеликанс со 123:114.
Резултатот остана во сенка на инцидентот на паркетот, физичката пресметка меѓу Марк Вилијамс и Хозе Алварадо.
Клучниот момент од натпреварот се случи две минути пред крајот на третата четвртина.
По еден блок, бекот на Пеликанс, Хозе Алварадо, кој е висок 183 см, го изгуби трпението и го нападна значително поголемиот центар на Феникс, Марк Вилијамс, кој е висок 216 см.
За разлика од вообичаените НБА инциденти, овој пат летаа и тупаници. Изгледаше како судир „Давид и Голијат“.
За секунда, играчите на двата тима се вмешаа, настана хаос, а судиите ги испратија двајцата актери во соблекувалната.
Jose Alvarado vs. Mark Williams throwing punches. 😳
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 28, 2025

