Спорт
Неочекувано: Кирјос ги изненади сите, има нова работа – ја пропушти цела сезона поради повреди, сега ќе го коментира Ѓоковиќ
Австралискиот тенисер Ник Кирјос одлучи да се испроба на нова работа бидејќи ќе работи како коментатор и аналитичар на „Тенис канал“.
Кирјос оваа работа ќе ја извршува за време на завршниот мсмтерс во Торино, кој се одржува од 12 до 19 ноември.
На завршниот мастерс ќе учествува Новак Ѓоковиќ, кој сега е во одлични односи со Кирјос, а покрај Србинот, ќе играат и Карлос Алкараз, Данил Медведев, Јаник Синер, Андреј Рубљов, Стефанос Циципас, Холгер Руне и Александар Зверев.
Nick Kyrgios to Join Tennis Channel as Analyst During ATP Finals November 12-19.https://t.co/FWhuLpX9Co
— Tennis Connected (@TennisConnected) November 7, 2023
Инаку, Кирјос ја пропушти цела сезона, всушност одигра само еден натпревар поради неколкуте повреди и операции што ги имаше.
Поради ова, Австралиецот испадна од АТП-листата, но неговото враќање се очекува на почетокот на следната година.
Nick Kyrgios, who has only played one match this year due to injury, will be commentating for Tennis Channel during the ATP Finals in Turin next week.
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) November 7, 2023
Многу поранешни тенисери и тренери моментно работат како коментатори и аналитичари, но особено ќе биде интересно да се види Кирјос во оваа улога со оглед на тоа што неговите изјави и однесување често го привлекуваат вниманието на голем број гледачи и фанови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

