Спорт
Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос влезе во „вечноста“: Титула број 23 на гренслем турнирите за неверојатниот Србин
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се запиша во „вечноста“ откако со триумфот на Ролан Гарос ја освои 23. гренслем титула во кариерата. Со тоа стана најдобар тенисер во историјата според бројот на освоени трофеи на престижните четири турнири во светот.
Ѓоковиќ со 3:0 во сетови го победи Каспер Руд и го надмина Рафаел Надал, со кого досега го делеше врвот во оваа категорија.
Србинот го доби првиот сет многу тешко, во тај-брејк, а потоа славеше со 6:3 и со 7:5 во преостанатите два сета од финалната пресметка.
На 36-годишна возраст, по 20 години професионална кариера, Новак Ѓоковиќ го направи тоа што не му успеало на ниеден тенисер во историјата. Тој третпат во кариерата го освои трофејот во Париз и стана првиот што најмалку трипати ги има освоено сите турнири од „Големиот Шлем“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роналдо: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо успеа да собори два рекорди во Саудиска Арабија.
Тој постигна два гола за Ал Наср против Ал Итихад. Сезоната ја заврши 35 гола, што никогаш никој не го постигна во саудиската лига.
Исто така, Роналдо стана единствениот играч кој бил најдобар стрелец во четири различни национални шампионати.
Роналдо тоа го направи прво во Премиер лигата, како играч на Манчестер јунајтед, потоа во Ла Лига како член на Реал Мадрид, а исто така и во Серија А со Јувентус.
Откако го собори рекордот, се огласи на социјалната мрежа „X“, пораешен „Твитер“.
„Јас не бркам рекордите, тие ме бркаат мене“.
Ал Наср сезоната ја заврши на второто место, со шест бода помалку од шампионот Ал Хилал.
Спорт
Капитенот на Џирона ќе биде првото засилување за Баер Леверкузен
Баер Леверкузен во голем стил, без пораз, ја освои двојната круна во Германија. чаби Алонсо, реши да остане во Леверкузен во наредната сезона и според германските медиуми го договорил првото засилување. Нов член на Баер ќе стане капитенот на Џирона, Алеиш Гарсија.
Шпанецот оваа сезона експлодираше и беше еден од предводниците на тимот кој обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите.
Гарсија беше поврзуван и со Барса, но Чаби Алонсо ја искористи нерешителноста на Каталонците.
Алонсо, лично побарал од клупските челници да го доведат 26-годишниот играч за врска, кој е по негов вкус, бидејќи игра во двата правци.
Отштетата нема да надмине 20 милиони евра.
Алеиш Гарсија оваа сезона одигра 40 натпревари, постигна три гола и забележа шест асистенции.
Инаку, Алеиш Гарсија пристигна во Џирона во летото 2021 година како слободен играч од Еибар. Помина низ академијата на Манчестер сити, а играше во Џирона на почтокот на кариерата на позајмица. Подоцна замина на позајмица во Мускрон и Динамо Букурешт.
Спорт
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал
Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли.
Един Терзиќ, тренерот на клубот од Дортмунд кој го освои петтото место во Бундес лигата, верува дека можат да го победат Реал.
„Ќе се соочиме со исклучително силен тим кој често игра вакви финалиња, но знаеме дека се е можно во еден натпревар“, изјави Терзиќ за интернет страницата на УЕФА.
„Да играме десет пати со Реал Мадрид, веројатно ќе беше тешко да дојдеме до вкупна победа, но на еден натпревар, во текот на 90 или 120 минути или пенали, можеме да го победиме секој противник во светот“, додаде Терзиќ.
Реал е фаворит во Лондон, во сабота ќе го игра шесто финале во Лигата на шампионите во последните десет години.
Терзиќ, кој го води жолто-црниот тим од летото 2022 година, повтори дека сезонава веќе успеале да ги победат Њукасл, Милан, ПСВ, Атлетико Мадрид и ПСЖ.
„Од натпревар во натпревар ни беше се потешко, а сега кога стигнавме до тука сакаме да го направиме и овој последен чекор“, истакна Терзиќ.
Терзиќ признава дека му недостига искуството што го има неговиот ривал Карло Анчелоти (64). Италијанецот четири пати ја освојувал Лигата на шампиони.
„Иако сум тренер половина од мојот живот, сепак сум млад во оваа работа“, изјави Терзиќ, кој е три години постар од Лука Модриќ од Реал. Ова е негово прво финале во Лигата на шампионите.
Терзиќ е убеден дека Борусија може да стане европски првак доколку неговиот тим покаже „оптимизам, заедништво, борбеност и храброст“.