Контакт

Домашен

Одложено државното првенство во пливање за сениори, младинци и кадети

Објавено пред

Пливачката федерација на Македонија претставувана од нејзиниот претседател Дарко Нашков информира дека е донесена одлука да се одложи Државното првенство на Македонија во пливање за сениори, младинци и кадети, кое беше закажано за 30 јуни и 1 јули.

dobivaj vesti na viber

Одлуката е донесена од причина што во истите денови една група  граѓани кои неосновано се декларираат како пливачка федерација на Македонија, заедно со лицето Александар Маленко, најавија одржување на паралелно т.н. првенство со што се прават обиди да се внесе забуна кај спортската јавност.

Со цел да се заштитат пливачите и интересите на пливачките клубови, како и правилно да се информира пошироката јавност, Пливачката федерација на Македонија одлучи Државното првенство на Македонија во пливање за сениори, младинци и кадети да се одржи на 28 и 29 јули 2018 година во Битола.

„Ја користиме оваа можност да информираме дека сите пливачки клубови треба да го почитуваат статутот на Пливачката федерација на Македонија, да не подлегнуваат на различни провокации и неосновани информации. Во спротивно, ќе бидат преземени соодветни мерки во согласност со статутот и дисциплинскиот правилник на федерацијата.

Воедно, ја информираме сета македонска јавност дека ПФМ нема да дозволи неовластено претставување во нејзино име или злоупотреба на старите, неважечки печати на федерацијата од  кој било граѓанин на Македонија, за што се веќе преземени соодветни правни мерки и процесирани се неколку кривични пријави“, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со...

Македонија1 час

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија2 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ3 часа

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија3 часа

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија4 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет5 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион5 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...

Свет5 часа

„Њујорк тајмс“: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа6 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет6 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа6 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...

Македонија19 часа

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди за ЕУ, порача Милановиќ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија,...

Македонија21 час

Движењето ЗНАМ до СДСМ: Крадецот вели – држете го крадецот, ние сме дома и градиме за нашите граѓани, а не во Дубаи

Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската...

Македонија21 час

Сиљановска – Давкова со Милановиќ: Ветото ќе предизвикува проблеми, ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ, да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам

Во рамки на официјалната посета на хрватскиот претседател на нашата земја беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и...

Економија23 часа

Со 90 отсто сигурност кај нас нема да се случи прекин на струјата како во Шпанија и Португалија, вели министерката Божиновска

Прекин на струјата како оној што ги парализира Шпанија и Португалија минатата недела со 90 отсто сигурност нема да се...

Македонија1 ден

Крупен град, силен ветер и пороен дожд: невреме го зафати Дојран

Пред 20-ина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат...

Македонија1 ден

(Видео) Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра, велат од СДСМ

Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски на Денот на полицијата: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Премиерот, Христијан Мицкоски, на Денот на полицијата – 7 мај, испрати порака дека нема компромис со криминалот. Според него, корупцијата...

Македонија1 ден

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување македонски камиони што транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово,...