Спорт
Олимпијакос доминираше во грчкото евролигашко дерби (видео)
Никола Милутинов постигна 18 поени и имаше 18 скока за да ги предводи Олимпијакос до 79:65 победа во вечното грчко дерби против Панатинаикос во 16. коло од Евролигата.
Со победата, „црвените“ го подобрија скорот на 10-6 и останаа во игра за Фајнал 4, д…
Никола Милутинов постигна 18 поени и имаше 18 скока за да ги предводи Олимпијакос до 79:65 победа во вечното грчко дерби против Панатинаикос во 16. коло од Евролигата.
Со победата, „црвените“ го подобрија скорот на 10-6 и останаа во игра за Фајнал 4, додека ПАО се на 7-9 и под зоната за плеј-оф. Олимпијакос го презеде водството од почетокот на мечот, и успеаја да ги сопрат обидите на Панатинаикос да се врати во игра, за што придонесуваше и 2/15 скорот од поле во првото полувреме. Ник Калатес беше најдобар кај Панатинаинкос со 13 поени и 7 асистенции.
Фенербахче пак, стигна до 12. победа во низа во Евролигата, предводени од Николо Мели, кој имаше 19 поени и 4 скока беше клучен кошаркар во 96:87 победата над Басконија. ЦСКА Москва ја почна годината со тешка 84:79 победа на гостувањето во Литванија кај Жалгирис, откако Даниел Хекет направи 5-0 серија во последната минута од мечот за да постигне вкупно 19 поени.
ЕВРОЛИГА, 16.КОЛО
Фенербахче – Басконија 96:87 (27:25, 21:16, 27:24, 21:22)
Жалгирис Каунас – ЦСКА Москва 79:84 (17:28, 17:16, 25:11, 20:29)
Олимпијакос – Панатинаикос 79:65 (16:14, 25:11, 18:15, 20:25)
Барселона – Дарушафака 97:65 (29:16, 25:11, 19:18, 24:20)
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Непалецот Ками Рита по 30-ти пат се искачи на врвот на Еверест соборувајќи го светскиот рекорд
Планинарот од Непал, Шерпа Ками Рита, по 30-ти пат го достигна врвот на Еверест, соборувајќи го сопствениот рекорд за искачување на највисоката планина на светот, објави организаторот на неговата експедиција.
„Ками Рита го достигна врвот утрово. Тој постави нов рекорд од 30 искачувања на Еверест“, изјави за AFP Шерпа Мингма од Seven Summit Treks.
Планински водич повеќе од 20 години, Ками Рита првпат се искачи на врвот Еверест, на височина од 8.849 метри, во 1994 година. Тогаш тоа беше комерцијална експедиција. Оттогаш речиси секоја година се искачува на највисоката планина во светот, а ги предводи клиентите.
„Среќен сум со овој рекорд, но на крајот рекордите се срушени“, изјави Ками Рита за AFP на 12 мај, откако по 29-ти пат стигна до врвот на Еверест.
„Фактот што моите искачувања му помагаат на Непал да биде препознаен во светот ме прави уште посреќен“, рече тој.
Во 2023 година, двапати се искачи на врвот на Еверест, секој пат поставувајќи нов рекорд откако беше престигнат од друг водич, Пасанг Дава. Самиот Ками Рита изјави дека само „работи“ и дека немал цел да поставува рекорди. Непалецот во својата колекција има уште неколку врвови над 8.000 метри, вклучувајќи го и К2 во Пакистан, втората највисока планина во светот.
Оваа година Непал издаде 419 дозволи за искачување на Еверест во пролетната сезона на искачување, која трае од април до почетокот на јуни. Повеќето планинари се искачуваат со непалски водич. Се очекува повеќе од 800 луѓе да се справат со Еверест во текот на сезоната.
Осум од десетте највисоки планини на планетата се наоѓаат во Непал, кој секоја пролет е домаќин на стотици авантуристи, кога условите се поповолни. Во 2023 година, повеќе од 600 алпинисти стигнаа до врвот на Еверест, со рекордни 18 смртни случаи.
Спорт
Гвардиола тренер на сезоната во Премиер лигата
Пеп Гвардиола ја доби наградата за најдобар тренер во Премиер лигата. Петти пат во кариерата, Гвардиола ја доби оваа престижна награда.
Шпанецот во неделата со Манчестер сити ја освои четврта последователна титула во Англија, што е и рекорд во Премиер лигата.
Само Сер Алекс Фергусон има повеќе награди од Гвардиола. Легендарниот Шкот 11 пати бил тренер на сезоната.
„Сакам да ја поделам оваа награда, најмногу со Микел Артета, кој заврши одлична работа со Арсенал. Тој навистина не натера да ги тестираме нашите граници. Секако, тука е и Клоп, со кој имав многу битки за паметење. Унаи Емери направи големи работи со Астон Вила, Андони Ираола во неговата прва сезона во Борнмаут беше брилијантен. Ми претставува голема чест што се натпреварував против нив и што го освоив овој трофеј. Наредната сезона ќе ја браниме титулата“, рече Гвардиола.
Спорт
Мбапе нема да игра за Франција на ОИ
Килијан Мбапе го напушти Пари Сен Жермен, а со тоа и Франција, бидејќи сигурно е дека ќе се пресели во Реал Мадрид. Медиумите тврдат дека окрај тоа што нема повеќе да игра за клуб од Франција, тој и задал уште еден „удар“ на својата нација.
Еден од најдобрите играчи на планетата решил да ја одбие поканата на селекторот на олимпискиот тим на „триколорите“, Тиери Анри.
Иако беше најавено дека ќе игра на Олимписките игри во Париз, Мбапе сепак решил да се повлече од националниот тим и целосно да се посвети на Реал Мадрид.
Секако, претходно ќе игра за Франција на Европското првенство во Германија.
Но, сигурно дел од навивачите несомнено ќе бидат разочарани од одлуката Мбапе да не игра пред домашната публика на најголемиот спортски настанн на планетата.
Да потсетиме, на олимпискиот фудбалски турнир настапуваат играчи до 23 години, со правило секој селектор да повика тројца играчи над таа возрасна граница.
Во репрезентацијата на Анри тоа треба да бидат Александре Лаказет, Антоан Гризман и Оливие Жиру.