Спорт
Пандев: Сум играл многу големи натпревари ама никогаш не сум бил среќен како денес

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, кој со голот против Грузија го однесе националниот тим на Европското првенство изјави дека играл многу големи натпревари, но никогаш не бил среќен како денес.
„Многу сум среќен, сум играл многу големи натпревари во кариерата, но сега сум многу среќен. Мислам дека моето искуство му помогна на тимот да го оствариме овој успех“, рече Пандев по мечот.
Пандев со Интер стана европски и светски првак, но настапот со Македонија на ЕП ќе му биде круна во кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чистка во Челзи – Енцо Мареска отпишал 16 играчи

Победникот на клупскиот Мундијал Челси, ќе биде исклучително активен до крајот на преодниот рок. „Сините“, во досегашниот тек од преодниот рок потрошија 290 милиони евра, се засилија со Жоао Педро (70 милиони), Џејми Гитенс (65 милиони), Естевао (34 милиони), Лиам Делап (35,5 милиони), Јорел Хато (42 милиони).
Челси, во овој момент има многу фудбалери на платниот список, па ќе мора да продава и да позајмува за да направи место во составот и буџетот.
Мадуеке и Кепа заминаа во Арсенал, Петровиќ во Борнмут, а Жоао Феликс во Ал Наср. Италијанскиот инсајдер Николо Скира пишува дека Челзи сака да се ослободи од дури 16 играчи кои не се во плановите на менаџерот Енцо Мареска до крајот на преодниот рок.
Наводно им било кажано дека можат да бараат нов клуб или да одат некаде на позајмица. Меѓу нив се „јаки“ имиња како Николас Џексон, Кристофер Нкунку и Рахим Стерлинг.
Мареска не смета на следниве играчи:
– Веига
– Брете
– Сар
– Бадијашил
– Анселмино
– Чилвел
– Гилкрист
– Угочукву
– Чуквуемека
– Дјусбери-Хол
– Паес
– Стерлинг
– Џексон
– Енкунку
– Нумберс
– Адер
Фото/ Принскрин
Спорт
Д.Р. Конго нов спонзор на Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона објави дека потпишал четиригодишен договор за спонзорство со Демократска Република Конго, со кој африканската земја ќе стане спонзор на дресовите на каталонскиот клуб.
Во соопштение на веб-страницата на клубот, Барселона соопшти дека договорот е потпишан со цел да се промовира фудбалот, културата и мирот. Клубот не објави финансиски детали, но шпанските медиуми објавија дека договорот е вреден 44 милиони евра.
Во следните четири сезони, дресовите за тренинг на сите професионални клубови на Барселона ќе го имаат натписот „R.D Congo – Coeur d’Afrique“, што во превод значи „Д.Р. Конко – Срцето на Африка“, отпечатен на задната страна.
„Овој договор означува заедничка посветеност за поттикнување на развојот на спортот во Конго и, како дел од соработката, клубот ќе придонесе за збогатување на тренингот на младите спортисти преку пренесување на својот екосистем на вредности, несомнен столб на моделот и стилот на Барса“, се вели во соопштението.
Барселона се обврза да учествува во развојот на кампови и програми за фудбал, кошарка, ракомет, футсал и хокеј на ролерки.
Договорот, исто така, вклучува и отворање на Домот на Демократска Република Конго во комплексот на стадионот „Камп Ноу“.
Договорот беше критикуван од бројни организации, поради тешката ситуација во Демократска Република Конго, каде што мнозинството од населението живее под линијата на сиромаштија, но и прашањата за почитување на човековите права, по извештаите за вонсудски егзекуции во последните месеци.
Фото/ Принскрин
Спорт
Млад дефанзивец на Ајакс во Челзи за 35,5 милиони фунти

Челзи постигна договор со Ајакс за трансферот на младиот дефанзивец Јорел Хато.
Како што објави „Скај спорт“, „сините“ ќе платат 35,5 милиони фунти (42 милиони евра) плус одредени бонуси за 19-годишниот холандски репрезентативец.
Хато ќе отпатува во Лондон во наредните денови на медицински прегледи пред да потпише повеќегодишен договор.
Тој не беше во тимот на Ајакс за Купот Комо во неделата бидејќи не сакаше да ризикува повреда пред да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
Челзи го реализираше трансферот на Хато, како замена за Марк Кукуреља на левата бековска позиција. Шпанецот минатата сезона одигра речиси 70 натпревари за клубот и репрезентацијата.
Хато ќе стане седмиот играч што Челзи го потпиша ова лето, по Жоао Педро, Лиам Делап, Џејми Гитенс, Естевао Вилијан, Дарио Есуго и Мамаду Сар.
Foto/ EPA