Спорт
Паркер пред првиот меч му нуди римеч на Џошуа?
Џозеф Паркер е толку сигурен дека ќе го победи Ентони Џошуа во мечот за обединување на титулите во тешка категорија, што уште сега му нуди римеч на Англичанецот, пред дуелот на „Принсипалити“ во Кардиф на 31 март.
Новозеландскиот боксер ја освои ВБО ти…

Џозеф Паркер е толку сигурен дека ќе го победи Ентони Џошуа во мечот за обединување на титулите во тешка категорија, што уште сега му нуди римеч на Англичанецот, пред дуелот на „Принсипалити“ во Кардиф на 31 март.
Новозеландскиот боксер ја освои ВБО-титулата со победа над Хјуи Фјури минатата година, само пет месеци откако Џошуа ги обедини ИБФ и ВБА-титулите со импресивната победа над Владимир Кличко на „Вембли“. Џошуа потоа тешко ја одбрани титулата со победа во 10. рунда со нокаут над Карлос Такам.
„Мојот план за новата година е да боксувам со Џошуа, да го победам и потоа да му дадам римеч. Подготовките течат фантастично и се наоѓам во одлична форма. Удирам силно, се движам фантастично, и сè оди според планот“, вели Паркер.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.

