Спорт
„Пежо 3008“ за најдобрите двајца типувачи на „Sport Life“
Натпреварот на Sport Life –„Двојна шанса за Peugeot 3008” траеше нешто повеќе од 2 месеци, а на најуспешните првопласирани типувачи им донесе по еден СУВ од марката „пежо 3008“.
Лојалноста и редовноста во игрите му се исплатеше на Трајан Јордановски од Струга кој го оствари највисокиот вкупен погоден коефициент на тикет, за главната премија – „пежо 3008“.
Вториот победник и освојувач на другото пежо од „Двојна шанса“ е Сашко Јанковски од Делчево, кој исто така погоди највисок вкупен коефициент, но во конкуренција на тикетите со еден промашен натпревар.
![]()
![]()
Со само 20 денари влог, добитникот од Струга успеа да освои добивка од 281.314 денари, најголема досега за него, и да оствари највисока добитна квота од 14.065,69 за главната премија „пежо 3008“.
„На уплатното место каде што го креирав добитниот тикет кој ми го донесе „џипот“, го имав уплатено второто ливче воопшто. Беше тоа во летото 2005 година кога првпат се отвори локалот, што значи дека сум еден од најредовните обложувачи, ако не и најредовен. Претходно бев во игра со тикет со добивка од 1,5 милион денари, но паднав на „кец“ во дербито меѓу Барселона и Атлетико. Не изгубив надеж, па среќата ми се насмевна кога ставив минимален влог.“, ни раскажа Трајан.
Како редовен играч, тој учествувал и во типстер купот од минатата сезона кога се доделуваше стан на Водно. Тогаш бил многу блиску до целта, но без успех. Сепак, не се откажал и продолжил да учествува во игрите на Sport Life. Оваа сезона, лојалноста му се исплати двојно. Покрај паричната добивка од околу 4500 евра си понесе и клуч од пежото 3008.
Вториот добитник, Сашко Јанковски од Делчево беше најдобар во категоријата на тикети со еден промашен пар. Toj, уште на почеток од натпреварот составил тикет со коефициент од 635.212,05, но добивката од неверојатни 2,5 милиони денари му избегала поради еден гол. Имено, дуелот меѓу Баер Леверкузен и Келн, на кој типувал ГГ3+, завршил со резултат 3:0 и го оставил нашиот играч без рекордна добивка, но сепак со адекватна замена.
„Ќе ми беше тоа најголема добивка, бидејќи досега сум немал добитен тикет со повеќе од 60.000 денари. Но, и вака е добро“, вели Сашко, кој учествувал во сите досегашни акции на Sport Life. Неговата порака до останатите обложувачи е: „кој игра тој и добива“, што значи дека треба да се биде упорен, но воедно и да се игра одговорно.
Покрај честитките, на двајцата најуспешни типувачи, Sport Life им посакува многу среќа и добивки и во иднина, бидејќи Sport Life постојано воведува нови акции, со интересни игри и атрактивни добивки. Најновите информации следете ги на www.sportlife.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

