Контакт

Спорт

Платини: Златната топка дајте му ја на Варан

Поранешниот претседател на УЕФА; Мишел Платини, смета дека Златната топка, што ја доделува „Франс фудбал“, треба да му припадне на Рафаел Варан.
„Тој е единствениот кој во 2018 година ја освои Лигата на шампионите и Светското првенство. Последните сезо…

Објавено пред

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, смета дека „Златната топка„, што ја доделува „Франс фудбал“, треба да му припадне на Рафаел Варан.

dobivaj vesti na viber

„Тој е единствениот кој во 2018 година ја освои Лигата на шампионите и Светското првенство. Последните сезони се води дискусија кој е подобар, Меси или Роналдо, меѓутоа оваа сезона Варан може да се пофали со најзначајните трофеи во клупскиот и репрезентативниот фудбал. Мислам дека изборот никогаш не бил полесен. Секако дека тој мора да биде од Франција“, изјавил за радио „РМЦ Монте Карло“, Платини, кој во кариерата трипати ја добивал оваа престижна награда.

„Резултатите се единственото објективно мерило, останатото е субјективен впечаток. Секој од нас има свое мислење за Антоан Кризман, Килијан Мбапе, Оливие Жиру, Иго Љорис или Лука Модриќ, но единствено Варан ги освои двата трофеа“.

Платини потсетил дека и во минатото се случувало играч што игра во одбраната да ја освои „Златната топка“. Во 2006 година за најдобар беше прогласен Фабио Канаваро.

Наградата на „Франс фудбал“ за играч на годината ќе биде доделена на 3 декември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Бергвал го продолжи договорот со Тотенхем

Објавено пред

Фудбалерот на Тотенхем, Лукас Бергвал, го продолжи договорот со англискиот клуб до 2031 година.

dobivaj vesti na viber

„Со задоволство објавуваме дека Лукас Бергвал потпиша нов договор со клубот, со важност до 2031 година“, пишува на веб-страницата на Тотенхем.

Шведскиот играч од средниот ред се приклучи на Тотенхем минатото лето од Ѓургарден и одигра вкупно 45 натпревари оваа сезона.

Бергвал (19) одигра четири натпревари за шведската репрезентација, за која дебитираше на 12 јануари минатата година.

Тотенхем го зазема 16-то место на табелата во Премиер лигата, додека во полуфиналето од Лигата на Европа ќе игра против Бодо/Глимт.

Прикажи повеќе...

Спорт

Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Објавено пред

Францускиот фудбалер Пол Погба, чија суспензија поради допинг неодамна истече, преговара со Ди Си Јунајтед од Вашингтон, клуб кој има ексклузивни права за разговори со светскиот шампион од 2018 година, објавија американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според „Вашингтон пост“ и „Атлетик“, тимот на Погба преговара со клубот од американската престолнина, поради таканареченото правило за „откривање“ во рамките на МЛС, специфично за северноамериканското првенство.

Еден клуб може да стави до пет играчи на „листата на откритија“ со кои има ексклузивни права на преговори. Барањето за ставање на играч на оваа листа го одобрува МЛС, која мора да процени дали клубот има финансиска можност и доволно простор во тимот да го доведе играчот.

„Клубот во овој момент нема коментар за шпекулациите за трансфери“, изјави претставник на Ди Си Јунајтед за агенцијата „Франс Прес“.

Погба, поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, не играл фудбал од септември 2023 година, кога беше суспендиран поради позитивен тест на забранет тестостерон.

32-годишниот француски фудбалер живее во Мајами, каде што работи индивидуално во очекување на трансферот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Уште еден проблем за Анчелоти – сезоната заврши и за Менди

Објавено пред

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на квадрицепсот на десната нога.

dobivaj vesti na viber

„По тестовите извршени врз нашиот играч Ферланд Менди од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше дијагностицирана руптура на проксималната тетива на во квадрицепсот на десната нога“, се вели во соопштението на Реал Мадрид, во кое не е прецизирано колку долго Менди ќе отсуствува од теренот.

Добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека францускиот бек ја завршил сезоната поради оваа повреда.

Фудбалерите на Реал Мадрид, Давид Алаба, Едуардо Камавинга и Антонио Ридигер, нема да се вратат на теренот до крајот на сезоната поради повреди.

Менди дојде во Реал Мадрид во 2019 година од Лион, а оттогаш одигра вкупно 201 натпревар за шпанскиот клуб.

Реал Мадрид е втор на табелата во шпанската Ла Лига со 72 бода, четири помалку од првопласираната Барселона.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

50-годишник од Охрид повеќепати силувал малолетничка, која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување...

Економија2 часа

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија2 часа

„Дали криминалот во „Глобал“ тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија2 часа

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија2 часа

„Влен“: По 22 години измама, носиме канализација во Зајас на Али Ахмети

„Кичево, градот што беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Свет4 часа

(Видео) Кина објави драматична снимка со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Златната доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа14 часа

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија15 часа

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...

Македонија16 часа

(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. „Ова е...

Македонија16 часа

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е...

Македонија18 часа

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија19 часа

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија19 часа

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија21 час

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...

Македонија22 часа

Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица....

Македонија22 часа

(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на...

Македонија23 часа

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија23 часа

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...

Македонија1 ден

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатната кандидатка од регионот на Западен Балкан, кој може да стане нова членка на Европската Унија за...