Спорт
ПМФЛ: Вардар со драматична „одмазда“ во Ѓорче, „Академците“ го губат здивот
Вардар се одмазди за елиминацијата од Купот на Македонија Ѓорче Петров, победувајќи со 3:1 на гости за да останат на првото место во Првата лига, со идентични 2 поени предност пред актуелниот шампион Шкендија, која стигна до 2:0 победа во Струмица прот…


Вардар се одмазди за елиминацијата од Купот на Македонија Ѓорче Петров, победувајќи со 3:1 на гости за да останат на првото место во Првата лига, со идентични 2 поени предност пред актуелниот шампион Шкендија, која стигна до 2:0 победа во Струмица против Беласица.
До победата Вардар стигна во последните минути од мечот, откако голот на Лира во првото полувреме не беше доволен по израмнувањето преку Божиновски во 54. минута. Мицевски во 90-тата минута и Попзлатанов во 93. минута обезбедија три поени за „црвено-црните“.
Шкендија пак, рутински со головите на Емини и Тотре стигна до 2:0 победа над Беласица, додека Академија Пандев „падна“ на Чаир и загуби со 1:0 од Шкупи, за кои единствениот гол го постигна Ангелов. Ренова и Силекс одиграа 1:1, додека Работнички полека се враќа во вистинска форма со 3:1 победата над Победа.
ПРВА ЛИГА, 12. КОЛО
Беласица – Шкендија 0:2
Македонија Ѓорче Петров – Вардар 1:3
Работнички – Победа 3:1
Ренова – Силекс 1:1
Шкупи – Академија Пандев 1:0
Табела: 1.Вардар 27, 2.Шкендија 25, 3.Академија Пандев 19, 4.Работнички 17, 5.Победа 14, 6.Ренова 13, 7.Македонија ЃП 13, 8.Беласица 13, 9.Шкупи 12, 10.Силекс 11
Фото: ФК Вардар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бергвал го продолжи договорот со Тотенхем

Фудбалерот на Тотенхем, Лукас Бергвал, го продолжи договорот со англискиот клуб до 2031 година.
„Со задоволство објавуваме дека Лукас Бергвал потпиша нов договор со клубот, со важност до 2031 година“, пишува на веб-страницата на Тотенхем.
Шведскиот играч од средниот ред се приклучи на Тотенхем минатото лето од Ѓургарден и одигра вкупно 45 натпревари оваа сезона.
Бергвал (19) одигра четири натпревари за шведската репрезентација, за која дебитираше на 12 јануари минатата година.
Тотенхем го зазема 16-то место на табелата во Премиер лигата, додека во полуфиналето од Лигата на Европа ќе игра против Бодо/Глимт.
Спорт
Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Францускиот фудбалер Пол Погба, чија суспензија поради допинг неодамна истече, преговара со Ди Си Јунајтед од Вашингтон, клуб кој има ексклузивни права за разговори со светскиот шампион од 2018 година, објавија американските медиуми.
Според „Вашингтон пост“ и „Атлетик“, тимот на Погба преговара со клубот од американската престолнина, поради таканареченото правило за „откривање“ во рамките на МЛС, специфично за северноамериканското првенство.
Еден клуб може да стави до пет играчи на „листата на откритија“ со кои има ексклузивни права на преговори. Барањето за ставање на играч на оваа листа го одобрува МЛС, која мора да процени дали клубот има финансиска можност и доволно простор во тимот да го доведе играчот.
„Клубот во овој момент нема коментар за шпекулациите за трансфери“, изјави претставник на Ди Си Јунајтед за агенцијата „Франс Прес“.
Погба, поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, не играл фудбал од септември 2023 година, кога беше суспендиран поради позитивен тест на забранет тестостерон.
32-годишниот француски фудбалер живее во Мајами, каде што работи индивидуално во очекување на трансферот.
Спорт
Уште еден проблем за Анчелоти – сезоната заврши и за Менди

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на квадрицепсот на десната нога.
„По тестовите извршени врз нашиот играч Ферланд Менди од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше дијагностицирана руптура на проксималната тетива на во квадрицепсот на десната нога“, се вели во соопштението на Реал Мадрид, во кое не е прецизирано колку долго Менди ќе отсуствува од теренот.
Добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека францускиот бек ја завршил сезоната поради оваа повреда.
Фудбалерите на Реал Мадрид, Давид Алаба, Едуардо Камавинга и Антонио Ридигер, нема да се вратат на теренот до крајот на сезоната поради повреди.
Менди дојде во Реал Мадрид во 2019 година од Лион, а оттогаш одигра вкупно 201 натпревар за шпанскиот клуб.
Реал Мадрид е втор на табелата во шпанската Ла Лига со 72 бода, четири помалку од првопласираната Барселона.