Спорт
Поп Ацев: Федерацијата намерно не ме пријави за настап на ЕП
Евгениј Поп Ацев, вкупниот победник во Гран при серијата на ФИНА во 2015 година, нема да учествува на Европското првенство во Глазгов, бидејќи неговото учество не било пријавено од Пливачката федерација на Македонија (ПФМ).
Братот на Евгениј, Дарко Поп…
Евгениј Поп Ацев, вкупниот победник во Гран-при серијата на ФИНА во 2015 година, нема да учествува на Европското првенство во Глазгов бидејќи неговото учество не било пријавено од Пливачката федерација на Македонија (ПФМ).
Братот на Евгениј, Дарко Поп Ацев, на „Фејсбук“ ги обвини претседателот на ПФМ, Александар Маленко, и селекторот за маратонско пливање, Томи Стефановски, дека не го пријавиле за настап на ЕП иако тој уште во февруари ја исполнил нормата.
На својот фејсбук-профил се огласи и пливачот.
„Чувствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу Европското првенство во Глазгов. Во февруари ја исполнив нормата дадена од ПФМ за настап на Европското првенство и во изминатата година цела моја енергија, фокус, тренинг и мотивација беа за ова првенство. До последен ден добивав лажни информации од ПФМ и верував дека сè е в ред со мојот настап. Можете да замислите колку беше разочарувачки и тажно за мене кога со веќе пола спакувана торба видов на стартната листа (пред само два дена) дека моето име не е таму. Имам едно објаснување од ПФМ (нема ни да се осмелам да го објаснувам зашто е патетично и понижувачко ) и сосема спротивно од ЛЕН, која вели дека мојата федерација не пратила пријава воопшто. За тие кои ме познаваат или кои се натпреварувале на интернационално ниво ќе разберат дека за моите разочараност, огорченост и болка нема зборови да се опишат. Уште поболно е дека луѓето одговорни за оваа ситуација се натпреварувале на исто ниво и се свесни колку ми значеше настапот на ова првенство и колку можев да постигнам. Мислам дека тешко ќе му биде на секој нормален човек да си објасни зашто ова ми го направија и до последен момент ме лажеа, но ако некој знае слободно нека пише во коментар или нека ми се јави.
Сметам дека ниту еден спортист не заслужува и не треба да го доживее ова и затоа решив јавно да го споделам“, пишува Евгениј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Болоња на чекор до пласман во ЛШ
Фудбалерите на Болоња забележаа многу важна победа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.
Болоња го победи Наполи со 2:0.
Избраниците на Тиаго Мота, победникот го решија во раната фаза од натпреварот. Најпрво Ендој погоди во деветтата минута, а три минути подцна предноста ја зголеми Пош.
Наполи можеше да ја намали предноста на гостите во 21. минута, но Матео Политано промаши пенал.
Болоња со 18. победа во сезоната дојде на чекор до пласман во Лигата на шампионите, прв во клупската историја.
Во следното коло Болоња ќе го пречека Јувентус.
Спорт
Буденхолцер e новиот тренер на Феникс Санс
Американскиот кошаркарски стручњак Мајк Буденхолцер е новиот тренер на Феникс Санс, објави НБА.
Тој го замени Френк Вогел на клупата на Феникс, кој во четвртокот доби отказ по една сезона во клубот.
Од Феникс не ги соопштија деталите од договорот, а американските медиуми објавија дека договорот е на пет години и е вреден околу 50 милиони долари.
Во 2021 година, Буденхолцер ја освои титулата со Милвоки. Тогаш Буденхолцер со Милвоки го победи токму Феникс.
Феникс никогаш не ја освоил титулата, а во својата 56-годишна историја три пати играл во големото финале.
По пет години во Милвоки, двократниот добитник на наградата за најдобар тренер на НБА, Буденхолцер доби отказ во 2023 година, по што замина на едногодишен одмор.
Спорт
Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо
Динамо Загреб, вечерва ја обезбеди 25.шампионска титула во првенството на Хрватска. „Модрите“ го победија Осиек со 1:0, а титулата ја обезбедија багодарение на поразот на Риека во Вараждин (3:1).
Риека, во минатото коло загуби од Динамо на домашен терен и очигледно по тој пораз остнаа без амбиции. Нивниот пораз од Вараждин го искористи Динамо, победи со голот на Аријан Адеми во 73.минута и ја обезбеди титулата.
Динамо по 25. стана шампион, Хајдук има шест титули, Риека и Загреб освоија по една шампионска титула. Овие четири тима се единствените хрватски шампиони од 1991 година.